ПРАКСАТА Е ЗАКОН

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:107:"Народсотолкуѓубренетребадасеплашизасвојатаиднина

    1 Никола Груевски си даде писмена оставка од функцијата пратеник и воопшто не се појави во Собранието. Според Уставот, пратеникот треба да поднесе оставка лично на седница на Собранието. Може да ги објасни причините, а и не мора, но мора да присуствува на седницата.
    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски рече дека таква била праксата.
    Значи, за претседателот на Законодавниот дом, за чуварот на Уставот и законите, праксата е над Уставот и над законите.
    Е па затоа така и ни оди. Затоа што во Македонија законите на важат. Важи праксата.
    На пример, според законот, полицаец не смее да претепа до смрт никого. Ама во праксата и тоа се случува.
    Пред оставката на Груевски, и седум градоначалници што станаа пратеници си поднесоа оставка. И за нив не важеше законот. За нив важи нешто посилно од праксата. ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ постигнале политички договор да им се прифатат оставките за да си останат градоначалници. Лутите противници, кога станува збор за нивните лични интереси, размислуваат еднопартиски.
    Ова со непојавувањето на седница лично да се поднесе оставка е супер работа. Ако на лидерот не му се допаѓа што зборува некој пратеник, ќе го испрати на службен пат во странство и додека не е тука, ќе му ја прочитаат оставката. И онака од ВМРО-ДПМНЕ се фалат дека имаат потпишано бланко оставки. Не е законски, ама може да стане пракса. Праксата е закон.

    2 Кандидатите за судии и обвинители ќе одат на психолошки тестови. За да се види дали можат да издржат притисоци.
    Ако сакаме да применуваме и закон, ама и пракса, тогаш судиите треба да одат и на аудиолошки прегледи. Да ги проверат дали добро слушаат? Ако случајно им се јави министерот за правда, оти тој намерно не се јавува, да може да го разберат. Да нема потреба жена му да се прејавува.

    3 Во СДСМ ги најдоа сите можни оправдувања што можеа да се најдат. Само поразот да не биде пораз и за да остане Бранко.
    Рекоа дека овие избору ги изгубиле оти не се бореле против партија туку против режим. Не го знаеше тоа Бранко кога бараше избори? Тоа беше во декември, пред шестседум месеци. Тогаш не беше режим? Сега стана?
    Бранко ќе чека народот да биде незадоволен за да победи. Всушност, Бранко нема што да чека. Него времето го прегази. Како шлепержаба, што би рекол тој во времето кога уште имаше контакт со реалноста. А фасцинанто е како не се најде барем еден во партијата што ќе сака, ама и ќе проба да го замени.

    4 Груевски има многу среќа зашто добива трет мандат и уште една историска шанса да направи држава. Ако и сега продолжи да се занимава со Бранко и продолжи со партизирањето на земјата, ќе го стигне истиот шлепер.

    5 Уште од времето кога Дуфе Кукоски од СДСМ беше надлежен за патиштата, се зборува дека ќе се модернизираат патарините. Дуфе и СДСМ одамна си заминаа, и дојде ВМРО-ДПМНЕ. Пет години и ВМРО-ДПМНЕ прво апсеше за да стави ред, а потоа нарачуваше елаборати за патарините.
    И на крај го решија проблемот. На патарините ништо не им фали. Освен Интернет.
    Затоа ќе се воведува бесплатен Интернет околу наплатните куќички. За да можеш од самото место да пријавиш неправилности преку електронска пошта.
    Може ќе им текне и нова лента да отворат за тие што користат Интернет. Ќе застанеш, ќе извадиш лаптоп, ќе се конектираш и ќе пратиш поплака. Другите зад тебе ќе чекаат оти не им се брза за на одмор. А на работа сигурно не одат.
    Еве, јас прв ќе се пожалам оти ми пречат смачканите муви меѓу стаклото на наплатната куќичка и весникот закачен за да држи сенка. Како да не им држи доволно сенка тоа што стаклата не се измиени откако куќичките се изградени уште од бивша Југославија. И кога ќе ја пратам пораката по електронска пошта, големата сламка за сок што личи на рампа, ќе почне “трт, трт,т рт” да се крева и пред мене ќе се отвори бескраен простор. За мочање, стиснете гас до следната држава.
    Како што на Бранко му текнуваат милион оправдувања за да остане лидер, така и на Груевски му текнуваат милион финти за распишување тендери. С е веќе измислено, а нему уште му течат идеи, како оваа со Интернетот на патарина.
    Мислам дека е крајно време да се распише и тендерот за вентилатори за знамињата на јарболите. Кога не дува ветер, џабе висат.

    6 Бев на одмор десетина дена. Отидов од сиромашна, се вратив во богата држава.
    Еден иноватор од Куманово прави нафта од пластика. Македонија нема некои големи природни богатства. Но затоа има многу ѓубре. Со толку ѓубре и пластика насекаде, за нас веќе нема зима. Ќе станеме Саудиска Арабија. Нема да влеземе во ЕУ, ама ОПЕК без нас нема цената да ја одредува. Берзите ќе се тресат, во зависност од тоа колку пластични шишиња ќе се претворат во македонска нафта. На патот до нафта, ѓубрето ќе ни биде полуфабрикат. А тука сме навистина моќни. Докажано проверени. На пример, во Норвешка цело време живеат во страв што ќе се случи кога ќе им пресушат изворите на нафта во Северното Море. Ние нема од што да се плашиме. Нашето ѓубре е непресушно.
    Народ со толку ѓубре не треба да се плаши за својата иднина.

    7 Антонио Милошоски нема веќе да биде министер за надворешни работи оти сакал да биде добар татко. Оти било подобро да бидеш татко отколку премиер,
    Се надевам дека агенциите не ја пренеле оваа вест. Оти ако ја пренеле, па уште и Барак Обама да ја сфател сериозно, може и Америка ќе распишеше предвремени претседателски избори. Ќе решел Обама да си ги гледа Саша и Малија, а не да си ака глава со светскиот поредок.
    Вакви машнички Милошоски може да им врзува само на деца.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира