ПРАШАЛНИКОТ ТИТО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:123:"КогаСтругаќегидостигнестандардитенаТетово,ќенеприматвоЕУ

    1. Бранко еднаш порача да погледнеме подалеку од Кичево и Струга. Така ќе сме имале европски поглед на светот.
    Специјалниот претставник на ЕУ во Македонија Мајкл Салин завчера изјави: “Тетово го гледам како пример за успешна интеретничка кохабитација на успешен соживот во една мултиетничка средина”.
    Пред да погледнам подалеку од Кичево и Струга си се погледнав во огледало. И си се прашав: Дали сум јас идиот? Или некој упорно ме третира како идиот?
    Европскиот претставник ни зборува за европско Тетово. За градот во кој оваа година имало најголем број убиства. За градот во кое не се плаќа данок на државата. За градот во кој на отварањето на државен универзитет не се вее државното знаме. За градот во кој не постојат фискални каси. За градот во кој не се плаќа струја, вода и комуналии. За градот во кој Македонците се избркани од работа во сите државни установи. За градот во кој убија момче што играше кошарка, убиецот се знае, ама не се апси оти ние не сме против рамковниот договор. За градот од чија околина беа киднапирани десетина Македонци од луѓето на Али Ахмети за кој господинот Салин жали што официјално не го запознал при неговата прва официјална посета на општината.
    Истиот ден кога европскиот претставник го фалеше европскиот концепт на Тетово, во тетовското село Порој беше ранет полицаец. Пред да пукаат во полицискиот џип проевропските убијци извикале: “Што барате тука?”
    Ако Тетово е таков пример за соживот, а во земјата веќе три години нема војна, тогаш зошто во тетовското село Вратница мораше да се прогласи “Ден без оружје”?

    2. Европскиот претставник доаѓа од Шведска. Дали некој шведски град што го има сите овие убави работи би бил успешен пример за кохабитација. Зошто на пример малите Швеѓани од Финска не би доаѓале на размена во Македонија да учат на тетовскиот пример за успешен соживот во една мултиетничка средина.
    Мајкл Салин е еден од странците што ни се заканува дека ако направиме успешен референдум нема да влеземе во ЕУ. Треба референдумот да не успее, па и Струга да биде успешен пример на кохабитација како што е европско Тетово.
    Што треба да веруваме? Дека ако Струга биде како Тетово, ќе не примат во ЕУ!?

    3. Многу напорна недела. За разлика од претходните две години оваа недела не можевме се да постигнеме оти имавме дури две значајни случувања. Прашалниците и Тито.
    Прво се избезумивме кога дознавме дека Радмила Шеќеринска морала да даде оставка од претседателското место во кадровската комисија затоа што стигнале прашалниците од ЕУ. Што ќе правиме сега без Рада? Ако тоа е цената што мораме да ја платиме за да влеземе во ЕУ, тогаш јас не се согласувам. Не сакам да одам во Европа со кадри што нема да бидат избрани од Рада.

    4. Владата е на маки. Ако одговори точно – во ЕУ не влегуваме ни до 2300 година. Ако излаже, можеби ќе се протнеме до 2299 година. До сега глава не можеа да дигнат од работа, па сега уште и на прашања мора да одговараат. Замисли, дури и во сабота и недела работеле. Драма, драма… Па не смееле да ги кажуваат прашањата, оти ќе им се налутеле во Брисел. Мистерија џанам… Па се договарале кој што ќе одговара. Море камери ги снимаат, изјави даваат. ..Не можеш никого да најдеш, сите одговараат прашања. Па Хрватите ќе им помагале, на Словенците им биле лесни прашањата, Чесите експерти ќе ни прателе. Замислете, дури и на компјутер работат. Очи ќе им истечат за евроинтеграцијата. Во ЕУ ќе влеземе со слепци.

    5. Од толку активности во државата дури и вестите на телевизиите мораа да траат подолго, а на весниците им недостигаа страници. Оти не се само прашалниците во прашање. А Тито кој ќе го покрие? Треба фељтони да пишуваш за неговата принципиелност. Цел серијал ти треба да објасниш како можело тој да гласа за заклучоците на Политбирото, иако бил против, односно не бил против, ама не се согласувал со еден од заклучоците, односно го издвоил мислењето, па решил да молчи, ама пак зборувал… Додека да објасниш што е фракција, што е опозиција, што е демократски централизам, а што е Тито во СДСМ, дојде датумот на референдумот.
    Тито ти е како опис на работно место. Како што според систематизација на работни места во една партија мора да има генерален секретар, технички секретар, кафеготвачка, чистачка, чувар, возач…така некој во СДСМ, кога правел систематизација на работни места рекол: Пиши – Тито. Ќе му треба на Бранко. Шефот без Тито не може.
    Тито е симбол на демократијата и слободната мисла во СДСМ. Како оние од Струга на кои им било дозволено да имаат свој став за територијалната поделба. Демократијата отишла до таму што им било дозволено дури и да го кажат тоа што го мислат. Ама кога дошло времето за гласање, излегле да мочаат.
    Кичевчани гласале против референдумот. Тие ќе мочаат по четири години.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира