ПРЕТСЕДАТЕЛСКА БАЈКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:141:"Ловџиитеисвадбаритепакпукаапрославувајќијапобедатанапретседателите

    1. Првиот круг заврши како во бајка. Со среќен крај. Сите победија. И сите славеа. Сите ќе бидат претседатели.
    Во СДСМ се играше оро оти Бранко победи затоа што имал повеќе гласови од Кедев.
    Во ВМРО-ДПМНЕ се славеше оти Кедев освоил над 300 илјади гласа, па не мора да го викаат војводата Љубчо да им ја спасува партијата, а и за инает на Доста.
    Во ДУИ славеа дека освоиле повеќе гласови од ДПА.
    Во ДПА славеа оти освоиле повеќе гласови од 2002 година.
    Навистина имаше повод за прослава. Им излегоа на гласање половина од избирачите и таа половина си ја поделија на четири дела, плус неважечките гласови, оти и тие биле важни за успешни избори.
    Во македонската бајка принцезите Рада и Ганка ги изведоа своите принцови на говорница и ја објавија победата. Белите коњи ги чуваат за вториот круг. Тогаш завршува бајката и почнува басната. Оти, за магарињата нема место во бајките. Магарињата се викаат за да носат вода.

    2. Набљудувачите на ОБСЕ не гледаат. Тие не виделе дека симпатизерите на ДПА и ДУИ пукаа по изборите. Тоа не се гледа. Тоа се слуша.
    Набљудувачите на ОБСЕ не гледаа кога истите пукаа и во 2001 година, а не пак сега кога се слави и кога охридскиот договор се применува на ангро. Рекоа дека пукањето не било врзано со изборниот процес и немало врска со изборите.
    Сигурно пак биле некои свадбари, или ловџии. Се сретнале пред седиштето на партијата една група ловџии што се враќале од лов и група свадбари што се враќале од свадба. Од радост што се виделе припукале. Колку за континуитет. Тоа што пукале со калашникови, не е нивна вина. Мора да ловат со тешко оружје и да се веселат по свадби со митралези, оти ловџиските пушки ги предадоа во акцијата за разоружување. Им ги собра Гзим Острени кога не беше кандидат за претседател.
    Ете, стварно нема врска со изборите.

    3. Сега кога ловџиите и свадбарите нема да имаат свој кандидат за претседател, ќе мора муницијата да ја истрошат за некој што ќе им кажат дека е нивен. Бранко има повеќе гласови од Кедев, а и неговиот партнер има повеќе гласови од ДПА. Така што сега е на добар пат да направи добар пазар со Али Ахмети.
    Каков ќе биде пазарот, ќе видиме кога Ахмети ќе ја испрати фактурата.
    Видовме што се требаше да платиме за фактурата што Џафери му ја испрати на Борис по 1999 година.

    4. Не троши само државата за да избереме претседател. И народот се стави во трошок. Цели колони заминаа на шопинг во Солун. Тие не тргнаа на пат оти сакале да апстинираат. Тие се подготвувале за вториот круг. Изборите се свечен чин. Ќе дојдат дотерани на гласање.

    5. Кога 160 илади евра ќе поделиш на 20 луѓе, инаку редовно вработени како државни службеници, тоа не е корупција, туку хонорар за добро завршена одговорна работа. Затоа членовите на ДИК, меѓу кои има и заменик министер за правда, а претседателот е советник за национална безбедност на шефот на државата се избрани неутрално. И тие заслужиле хонорар од околу 8.000 евра, наспроти редовната плата од 200-300, па ај нека биде и 400 евра. Ова треба да се плати, оти треба добро да се одработи. Тоа им следува со закон. Наесен не чекаат нови избори.
    Стево Пендаровски рече дека спотот кај што глуми не е платен од државната каса, туку со американски пари. Му платиле ли хонорар оти глуми глумец? И тоа му следува по закон.

    6. Извештајот за несреќата на авионот во кој загина претседателот Трајковски и осуммина соработници ќе се објави во мај. Значи, ќе чекаме да завршат изборите.
    Зошто? Затоа што сопственик на авионот е Владата. И затоа што како и со што патува претседателот на државата се грижи владина служба. И пилотите биле ангажирани од владината служба. Тоа е истата служба што за потребите на владата ангажира и чистачки и келнери. Пилотите не биле на плата. Ги ангажирала владата со хонорар и дневници.
    Македонија е сериозна држава во која шефот на државата го возат хонораци. Седат дома и чекаат да ги викнат за надница. На 26 февруари летале со надница за смрт.
    Пилотите и да биле виновни, си ја платија најскапата казна.
    Во 1993 година по паѓањето на авионите на “Палер” и “Авиоимпекс”, од морални причини оставка си дадоа и министерот за сообраќај и директорот на управата за цивилно воздухопловство.
    Сегашниот министер за сообраќај Агрон Буџаку не се меша во својата работа, па можеби и не знае дека авиосообраќајот е во негова надлежност. Директорот за цивилна воздушна пловидба Илир Мехмеди не може да се сети колку часа лет имале починатите пилоти во последните шест месеци, а не знае ни колкав им бил хонорарот. А директорот на владината служба што ги изнајмува, не го ни знаеме.
    Па добро бе, мајката, тие извештај за несреќа во која загина претседател на држава подготвуваат, или прават записник од обична сообраќајка.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира