Пргави пингвини

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:90:"ГоцеДелчевималтабакера,аманејаделчоколатца

    1. Кога ќе се пишува современата историјата на Македонија, ќе се дели на два периода – Македонија пред снегот, и Македонија по него.
    Пенов се подготвуваше да прогласи вонредна состојба, ама пак централната власт го зезна. Љубчо не му дава светилка да смени, а камоли снег да чисти. И – веднаш му ги испрати “лавовите” и “тигрите” во контраофанзива, да го исчистат снегот од Скопје. Командант на контараофанзивата беше министерот Љупчо Балкоски. Љубчо го назначи Балкоски за главен уличар.
    Е на Балкоски уште тоа му фалеше. Не знае кај му е главата од концесиите што му се вртат. Дали снег да чисти, дали поштата да ја продава, дали втор мобилен оператор да избира, дали аеродромот да го прави или и него да го дава, дали државна авиокомпанија да прави…
    Како тргнал да ги решава работите, Балкоски може и Скопје да го даде под концесија. Ти е гајле. Па ако ни заврне пак снег, друг ќе ни го чисти, ако ние не можеме.

    2. Туку, каде е сега меѓународната заедница да помогне. Останавме без насоки. Не знаеме што да правиме вака завеани. А и Телото за справување со кризи е во криза. Кај е Доста да нарача булдожери. Само Љубе ли со лопатата и шапката ќе го рине снегот. Кај е Владо Поповски да смисли нов план на претседателот за вакви ситуации. Кај е Фрчкоски да направи рамковен договор. Во кои рамки ќе се чисти снегот?
    Борис пак остана сам и завеан. Под итно треба да му смислат некои охридски преговори. Само Бранко не му доаѓа. А и Охрид е завеан, плус не работи аеродромот да долетаат олеснувачите. Друго чаре? За да се справиме со снегот, ќе мора да се организира меѓународната конференција за Македонија. Нов Берлински конгрес кој ќе даде гаранции дека и по снегот, Македонија ќе биде цела.
    Само, оваа меѓународната заедница пак уценува. Замислете, ве молам, им пречеле “лавовите” на скопските улици. Во Чаир не смеат да чистат “лавови”, туку мешани полициски патроли. Ако “лавовите” не се повлечат, мониторите на ОБСЕ не излегуваат на улица. Не се движат на лизгав терен.
    Нема друго чаре, ќе мора Борис пак да ги повикува странските сили, да ни го чистат снегот. Сега ќе му пише писмо на Џорџ Робертсон. Ќе бара промена на мандатот на силите на НАТО. Среде зима, не се прави жетва. Ама, и “лисициве” не се покажаа на снегот. Сега им е прогласена ловна сезона. Ако се движат многу низ шумите, може да завршат на вратот на некоја ВМРО-вска дама. Се ближи балот на “Благовестие”.
    Затоа, командата на новите сили на НАТО за Македонија ќе ја преземе Данска. Ќе донесе пингвини од Гренланд. Одброени им се деновите на “Килибарните лисици”. Во Македонија доаѓа мисијата “Пргави пингвини”.

    3. Претседателот Борис Трајковски имаше говор во Собранието. Звучеше многу оптимистички. Рече дека сме го надминале зенитот на кризата. Ако кризата има зенит, тогаш најоптимистичка варијанта е дека оваа година ќе го допреме дното на успехот.

    4. Министерот за одбрана Владо Поповски, на бранителите на татковината им подари по една кутија цигари и чоколадо. Се претргна. Собра сили, па дури и за чоколадо најде пари. Сега тие што не пушат, ќе се менуваат, ќе даваат цигари за да добијат барем две чоколатца.
    Владо Поповски ја продолжува револуционерната традиција. И Гоце Делчев беше познат по табакерата. Ама не знаеме дали јадел чоколадо. Или локум. Министерот дури направи и исчекор. Потомците на Гоце Делчев, покрај цигари, добија и чоколадо.

    5. Добро бе, имаат ли памет што прават со судбините на роднините на киднапираните. Нели едно време мртви ги прогласија? Нели и јама ископаа? Нели шеми по весници се објавуваа? Нели и тројца полицајци загинаа  во обезбедување на гробницата? Сега пак ги оживеаја. Луѓено седат очајни во Собрание, некојси Љуљи им кажува една приказна, Ле Роа друга, Борис не им кажува ништо…
    Да беа Албанци, досега и Карла дел Понте за лопата ќе се фатеше. Ако требаше и снегот ќе го истопеше. А вака, македонските официјални лица гајле немаат, секој ден различни изјави даваат – ред месо, ред сарма, светот ич не се потресува… Си останаа роднините во Собранието сами со својата сурова судбина да чекаат милост од некојси Љуљи, да бараат прием кај Ахмети. Мајтап ни играат еееј… На крај ќе нè наместат дека и самите сме ги киднапирале.

    6. Македонската телевизија пред два дена нè израдува. Ни соопшти дека снегот е исчистен, дека по улиците се одвива нормален сообраќај… Дури и “Електростопанството” на Ламбе го пофалија. Половина Македонија е без струја, а тие ни соопштија уште еден подвиг – првпат немало рестрикции. Не може да има рестрикции кога нема струја. Што да исклучат, кога и онака е исклучено.
    Значи, гледајте вести на МТВ и ќе имате чувство дека Швајцарија веќе пристигнала на Балканите.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира