ПРИРОДЕН БАЛАНС

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:215:" БранконаредилСДСМ-овцитедагиранатгулабитесосмокитенаВелијазадакакаатзеленоврзспоменицитенаГруевски

    1 Им се чудам на умот на некои мои колеги од приватните телевизии. Тие што примаат плата во колбаси и со божем патен налог и дневници им се скандализираат на колегите од А1 оти примале плата во кеш!? Зар не сфаќаат дека и нив ќе ги снајде истата судбина. Само што уште не паднала одлуката.
    Од 25 ноември ги следам колегите од А1 како ни се лутат зошто не сме солидарни со нив, ги трпам навредите дека само тие се бранители на демократијата, а ние сме шупаци продадени на Владата, не прават мутави оти не сме гледале дека се врши политички притисок и не сме сфаќале дека крајната цел е затворање на А1.
    Се ми е јасно, драги мои колеги. И ако веќе барате да се солидаризирам со Вас можам да се согласам дека ова е притисок. Ама Владата го прави по учебник, со многу малку формални и правни забелешки. Оти на крајот на денот, тој што должи треба да плати.
    Она што мене многу ме навредува е тоа што тие колеги не се жалеа дека е политички притисок кога шетаа низ Македонија со мегафоните на Велија да ја бранат политиката на Груевски за името и да бараат оставка од Бранко. Не беше политички притисок кога ги бунтуваа тутунарите против Владата на СДСМ и Бучко. Не беше политички притисок кога правеа хајки против секого за кого Велија ќе се договореше со Груевски. Не беше политички притисок ни кога Ставрески се појавуваше на “Фармер” многу почесто отколку премиерот кај Миленко.
    За разлика од оние со колбасите, јас не сакам да им скоривам дополнителни јадови на колегите од А1 и од весниците “Време”, “Шпиц” и “Коха е ре”, кои, нели, не се на Велија. Ама кога прифатиле да примаат плата во кеш знаеле дека кога тогаш ќе бидат ранливи. Исто како што и јас сум ранлив ако и во мојата компанија се докажат евентуални нелегални активности. За тоа сум свесен, јадосан и многу загрижен. Иако лично немам никаков кабает. Јас не сум примал кеш.
    2 Малкумина би можеле да противречат дека А1 направи многу за новинарството и за демократијата во Македонија.
    Ама многумина ќе се согласат дека газда Велија направи многу за урнисување на бизнис климата и за уништување на новинарството и слободата на говорот.

    На крајот на краиштата “И јас сум А1” затоа што колегите од таа телевизија му помогнаа и на “Вест” и мене лично пред десет години да го промовираме нашиот нов производ.
    Но не сум А1 затоа што Велија потоа систематски со помош на сите влади досега го уништуваше “Вест” со нелегален бизнис во печатените медиуми.
    А на колегите од “Време” им простувам затоа што прифаќаа дури и маалски кафеанџии да ме рекетираат преку нивниот весник. Морале. Му биле другарчиња на Хеди Рамковски.
    Па сега не знам на кого да се лутам. На Владата на Груевски, на Бучковски, на Хари, на Бранко, на Љубчо…Или на Велија?
    И прашувам: Кој сега ќе се осмели да ја критикува Владата? А ако Груевски е чесен во намерите како што тврди, тогаш стои и прашањето: Кој ќе се осмели да работи нелегално?
    3 Ако е политичка проценка дали некого ќе гониш за криминал, или не, тогаш навистина станува збор за политички притисок.
    Ако знаеш дека некој со години работи нечесно, ама не си истерувал правда тогаш, туку сега кога ти е засегнат личниот интерес, тогаш станува збор за политички притисок.
    Ако затвораш едни што работат нечесно, за да им овозможиш на други за да работат исто така нечесно, тогаш станува збор за политички притисок.
    И тоа не само во медиумите. Во сиот бизнис.
    Не е Велија толку улав за да си умисли самиот дека е недопирлив. Повеќе од 15 години разни владејачки гарнитури со своето однесување му даваа гаранција дека е недопирлив.
    Само што сега се случи Велија да налета на Груевски. Што е ист инаетчија како него. И кога тврдоглаво ќе запне за нешто ќе го истера дури и во корист на сопствената штета.
    Како што до пред две години меѓусебно си помагаа, едниот му даваше реклами и нарачуваше текстови, а другиот му го дигаше рејтингот, така сега заедно меѓусебно си се туркаат надолу. На едниот му се затвораат бизнисите и седи во притвор, а на другиот му паѓа рејтингот. Меѓу Велија Рамковски и Никола Груевски има природен баланс.
    4 Она што посебно ме загрижува е тоа што природен баланс има и меѓу Груевски и Црвенковски. Со ваква опозиција ВМРОДПМНЕ ќе владее додека не решат самите да си одат од власт.
    Ебате опозицијата. Им ја затвораат телевизијата што им даваше евтини реклами и напуштија Собрание. Па ако сакаше Бранко да смисли нешто оригинално и да се фати за работа вчера можеше да направи Снешко Белчо.
    5 А Груевски можеше да викне протести против А1. За да го задржи континуитетот. Како што викна задоволни тутунари, незадоволни граѓани на Општина Карпош, задоволен ректор и задоволни студенти. Како ли ги најде оние што протестираа против протестот на лекарите на Стоматологија. Пациентите пред Стоматолошката клиника чекаа на штрек зад грмушките, да заврши штрајкот на лекарите за да протестираат. Зошто? Не ги услужиле ли? Пломбите ли им паднале? Или многу јаделе чоколадо, па добиле кариес.
    6 Ако немаат работа денеска, ќе му дадам идеја на Бичиклиски за прес конференција. Да открие зошто позеленеле спомениците на Груевски. Затоа што Бранко наредил гулабите да ги ранат со смоките на Велија за да какаат зелено.
    Посебно прашање е зошто спомениците на Груевски позеленуваат, а оној на Скендербег уште не позеленел. Веројатно од мака. Затоа што се поскапи.
    7 Неисцрпна инспирација ми се владините реклами против абортусот. Онаа со женската што држи тест за бременост во раката очигледно решена да го заглави дечкото на млади години. А балванот што не користел кондом гледа фудбал. И таа во многу битен момент на преносот го убедува дека треба да роди. Па помеѓу две акции за една минута тој решава да стане татко оти таа му вели дека “може ќе биде машко и ќе личи на него”.
    Ќерка ми, која има седум години ја гледаше рекламата и ме праша: “А што ќе му прават ако е женско?”.
    Ништо. Ќе бркаат работа додека не направат машко.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира