ПРОДАДЕНИ, ИЗНЕНАДЕНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:126:"Зоштосежалитедекасèпоскапело?Гледатеколкусеевтинирудниците?

    1. Спијте мирно. Циле пак ни ја спаси државата. Тринеделната шоу-програма завршува. Реформите одат напред. Љубчо и Циле остануваат заедно. За доброто на сите. Не се веќе скарани. Си ги подадоа прстињата и си рекоа: смир – смир.
    Нивната караница секогаш е во прилог на граѓаните. Да не беше тринеделната шоу-програма, можеби ќе се загрижевме зошто во меѓувреме ни поскапеа телефонот, парното греење, горивото… Вака, нè ослободија од грижите. Кој ќе му мисли на поскапување, кога иднината на земјата е во прашање. И кој ли медиум ќе се занимава со такви банални прашања, кога не останаа доволно новинари да ги испроверат сите можни комбинации и плус да чекаат до доцна во ноќта за да го успокојат вознемиреното граѓанство со радосната вест дека владината коалиција останува.
    Додека Циле и Љубчо ја спасуваа Македонија, го продадоа и “Бучим”. Експедитивно и ефикасно. Компир да продаваа, ќе мораа да одат на тезга на пазар и цел ден да го фалат, за да им го купи некој муштерија. А тие, рудник за злато преку ноќ продадоа и не знаеја кој им го купил.

    2. И вие сега ќе речете дека бил скап телефонскиот импулс. Дека од минатата година ова време до денеска, сосе ДДВ, телефонскиот разговор ни поскапел за 80 проценти. Се жалите дека сè поскапува, а не гледате колку се евтини рудниците. Со 80 проценти попуст се продаваат. Додека си рекол “ало!”, отидоа цели комбинати.
    Ако сте зеле некој потрошувачки кредит од 3-4 илјади марки, чувајте си ги парите. Утре-задутре ќе го продаваат и “Југохром”. Може ќе го купите.
    На Запад, кога некоја продавница се сели или пропаѓа, целата стока оди на масовна распродажба, а на излозите е испишано: “Цлосинг сале ’ Еверѕтхинг муст го”. Македонија не е продавница, а и нема каде да се сели, освен во Европа. Ама на излогот можеме да напишеме: “Распродажба пред затворање! Сè мора да оди! Големо снижување. Понижување.”
    Раководството на “Бучим” не знаело дека рудникот е продаден. Луѓето биле изненадени, ама среќни. Ништо чудно некое утро сите да се разбудиме продадени – изненадени. Белки ќе ни се насмевне среќата. Тие новите газди може ќе остават нешто и за нас.

    3. Сега се гледа колкава грешка направила администрацијата на Бил Клинтон што САД беа толку присутни на Балканот. Ги расипавме Американците. Ги префатило. Со кого си, таков си.
    Флорида им доаѓа како Македонија. А Палм Бич како Градската плажа во Охрид. Само уште хотелот “Магнус” да им го преселиме.
    Известувачите јавуваат дека Џафери и Тачи за време на гласањето биле видени во една чајџилница на периферијата на Мајами. Бранко Црвенковски со група туристи од Кочани ги посетувал пребеганите кубански семејства на островчето Ки Вест. А во Талахаси, Љубе Бошкоски бил натепан од група мештани, додека барал локација за ќебапчилница и слаткарница.
    Како скромен придонес во развојот на американската демократија, Македонија итно испрати мониторинг мисија предводена од Јосиф Луковски. И не само Луковски. Кога се работи за пријатели, ние даваме сè од себе. Еве, дури и Тања Каракамишева и Борис Кондарко ќе им ги пратиме. Па претседателот на нивната ДИК нека нека му ја мисли кога, по пребројувањето, претседател на САД ќе излезе – Борис Трајковски.

    4. Сопругата на премиерот Снежана Георгиевска ќе мора да ја враќа апанажата што ја земала од Општината Кисела Вода. Сирота! Од кај ќе најде пари?
    Туку, добро е што Собранието го усвои ребалансот на Буџетот. Љубчо одвои пари за социјалата.

    5. Парите и така се вртат во круг. Вишокот пари во Буџетот, пак ќе се вратат во државата.
    Прво, Владата им ги собра парите на фирмите и ги доведе до распродажба. Граѓаните, пак, ги сведе на социјала.
    Сега, пропаднатите фирми ги продава и пак си ги зема парите назад. На социјалците Љубчо им дава пари за да преживеат, а преку зголемените цени и даноците, пак ќе си ги врати назад.
    Ем капиталот се врти ем социјалата се одржува.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира