ПРОФЕСОР И УЧЕНИК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:42:"Клин­тонпуш­тилет­ки

    1. Оваа власт се­кој­днев­но се тру­ди да нé уве­ри де­ка е по­доб­ра од СДСМ. И ус­пе­ва во тоа. Ете, во рам­ки­те на об­ра­зов­на­та прог­ра­ма на МТВ, не­кол­ку ве­че­ри по ред, вед­наш по Днев­ни­кот, по ур­нек на СДСМ-ов­ска­та из­мис­ли­ца “Днев­ник плус”, оди ВМРО-вска­та из­мис­ли­ца “Во име на де­мок­ра­ти­ја­та”.
    Во еми­си­ја­та, ка­ко што ни се со­оп­шту­ва со тра­у­рен тон, пре­ку “ле­сен ком­па­ра­ти­вен ме­тод” и “со по­чит кон на­ша­та ана­ли­тич­ност”, ни се емитуваат из­ја­ви­те на Бран­ко Цр­вен­ков­ски, Ти­то Пет­ков­ски и на Ни­ко­ла По­пов­ски, да­де­ни не­пос­ред­но по из­бо­ри­те во 1994 го­ди­на и се­га.
    Со по­чит кон ана­ли­тич­нос­та на ав­то­рот на оваа еми­си­ја, би за­бе­ле­жал де­ка не­дос­ти­га­ат из­ја­ви­те на Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски и на то­гаш­ни­от кан­ди­дат за прет­се­да­тел Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски. Ама и без тој ком­па­ра­ти­вен ме­тод, др­жав­на­та те­ле­ви­зи­ја уш­те ед­наш до­ка­жу­ва де­ка ме­ѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и не­ма не­ко­ја раз­ли­ка. Ако во 1994 го­ди­на За­пад приз­нал фал­си­фи­ку­ва­ни из­бо­ри, зош­то тоа не би го сто­рил и де­нес?
    За­тоа СДСМ не тре­ба да ѝ се лу­ти на ВМРО-ДПМНЕ. Нап­ро­тив, тре­ба да би­дат среќ­ни, би­деј­ќи се по­ка­жа­ле ка­ко доб­ри про­фе­со­ри. Нив­ни­те не­за­бо­рав­ни лек­ции од фал­си­фи­ку­ва­ње на из­бо­ри до ли­га­ве­ње пред За­пад, ве­ќе се доб­ро сов­ла­да­ни. Ус­пех на се­кој про­фе­сор е да го ви­ди уче­ни­кот по­до­бар од не­го.

    2. Ци­ле не мо­ра во­оп­што да се вра­ќа од Аме­ри­ка. Би­деј­ќи, и та­ка нас­ко­ро ќе ле­та. Ар­бен Џа­фе­ри ве­ќе му ку­пи би­лет. Во ав­то­бу­сот ве­ќе не­ма мес­то за не­го. Заш­то се за­не­су­ва да би­де кон­дук­тер, да ра­бо­ти со па­ри и да кон­тро­ли­ра кој се во­зи. Не­ма пот­ре­ба. Љуб­чо уба­во си во­зи, а ако се за­мо­ри, ту­ка е Џа­фе­ри со да­ле­чин­ски­от уп­ра­ву­вач. И кон­дук­тер не им тре­ба. Нап­ла­та­та и о­на­ка се вр­ши на дру­го мес­то.

    3. Са­мо не­ма смис­ла ВМРО-ДПМНЕ да ги има и мес­та­та прет­се­да­тел на Ре­пуб­ли­ка­та, прет­се­да­тел на Вла­да­та и прет­се­да­тел на Соб­ра­ни­е­то. Во рам­ки­те на ид­ни­те по­дел­би на фун­кци­ја­та, би тре­ба­ло пра­те­ник на ДПА да ста­не прет­се­да­тел на Соб­ра­ни­е­то. Белки Ар­бен Џа­фе­ри, ќе го из­дејс­тву­ва тоа од Љуб­чо, по си­те фал­би што ги из­ре­че и за Вла­да­та и за пар­ти­ја­та. Ос­вен ако не се за­до­во­ли са­мо со по­чес­но член­ство во ВМРО-ДПМНЕ.
    Ка­ко и да е, ко­га пра­те­ник на ДПА ќе зас­та­не на че­ло на пра­те­нич­ки­от дом, тоа ќе би­де знак за це­лос­на ре­лак­са­ци­ја на ме­ѓу­на­ци­о­нал­ни­те од­но­си. Ко­га прет­се­да­те­лот на Соб­ра­ни­е­то ќе про­го­во­ри на ал­бан­ски, за по­че­ток ќе мо­ра да пре­ве­ду­ва и на ма­ке­дон­ски. Со тоа ќе се ште­ди и на тех­ни­ка за си­мул­тан пре­вод.
    А за вис­тин­ска ре­лак­са­ци­ја, нај­доб­ро е да не се нер­ви­ра опо­зи­ци­ја­та, Во тој слу­чај, по­жел­но е прет­се­да­те­лот на Соб­ра­ни­е­то да не го пре­ве­ду­ва тоа што ќе го збо­ру­ва. Се­кој ќе си збо­ру­ва на сво­јот ја­зик. И би­деј­ќи не­ма да се раз­би­ра­ат што збо­ру­ва­ат, не­ма ни да се нер­ви­ра­ат. И та­ка ќе би­дат мак­си­мал­но ре­лак­си­ра­ни.
    На тој на­чин, и САД и ЕУ ќе би­де ре­лак­си­ра­ни. Тие има­ат проб­лем са­мо Ал­бан­ци­те да им би­дат за­до­вол­ни. Би­деј­ќи единс­тве­ни­от проб­лем ќе им би­де ре­шен, ќе прес­та­нат да се за­ни­ма­ва­ат со нас.

    4. Си­ро­маш­ки­от Ци­ле. Не са­мо што ос­та­на без ав­то­бус ту­ку Бо­рис Трај­ков­ски му ги зе­де и ко­ко­ша­ра­ни­ци­те. Ка­ко трг­на­ла ра­бо­та­та, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се сте­па­ат и за Тај­ван. Еве, Бо­рис уш­те от­се­га фа­ќа мес­то за тај­ван­ски­те ав­то­бу­си што ФА­С-ов­ци ги нап­ра­ви­ја за Ко­со­во. Ај Бо­рис, ама се­га и Ѓор­ѓи Спа­сов од СДСМ из­ја­ву­ва де­ка Тај­ван не мо­ра­ло да би­де преч­ка за од­но­си­те со ДА. Неш­то мно­гу бр­зо ги за­бо­ра­ви­ја сол­зи­те за ко­му­нис­тич­ка­та Ки­на. Па са­мо ед­на не­де­ла по­ми­на от­ка­ко го пен­зи­о­ни­раа Гли­го­ров.

    5. По­ма­ло­то брат­че се­ко­гаш ба­ра по­мош од по­го­ле­мо­то ко­га са­ка да се по­жа­ли кај учи­тел­ка­та. Та­ка и наш Љуб­чо му се по­жа­лил на бу­гар­ски­от пре­ми­ер Иван Кос­тов и го за­мо­лил жал­ба­та да му ја пре­не­се на Клин­тон. Клин­тон е мно­гу емо­ти­вен, па, не са­кај­ќи да ги ви­ди жал­ни­те ли­ца на на­ша­та вла­да, не сле­та во Скоп­је, за да не си го рас­и­пе де­нот.
    Ки­ро не са­кал да оди на ае­род­ром. Са­во бил тех­нич­ко ли­це, ама не се раз­би­ра мно­гу во тех­ни­ка за оз­ву­чу­ва­ње на ае­род­ром­ски плат­фор­ми и мес­те­ње цр­ве­ни те­пи­си, па и тој от­пад­на од прог­ра­ма­та. А Бо­рис ја че­ка од­лу­ка­та на Вр­хов­ни­от суд во не­ко­ја жи­ви­нар­ска фар­ма.
    Та­ка, Клин­тон не­кол­ку ми­ну­ти ви­се­ше над Ма­ке­до­ни­ја, а ние не ни бев­ме свес­ни. Да ни нај­а­веа ба­рем до­де­ка ја над­ле­ту­ва­ше Ма­ке­до­ни­ја, да ги впе­рев­ме очи­те кон не­бо­то. Ако не ни ис­пра­ќа по­ра­ки, ба­рем да ви­кав­ме “Клин­тон пуш­ти лет­ки!”
    По­ар­но е да пуш­та лет­ки от­кол­ку ху­ма­ни­тар­ни па­ке­ти. Сре­ќа што Ма­ке­до­ни­ја не е Ал­ба­ни­ја. Та­му Аме­ри­кан­ци­те беа вљу­бе­ни во Са­ли Бе­ри­ша. По­доц­на, во име на де­мок­ра­ти­ја­та, на на­ро­дот што си го из­бра Бе­ри­ша “со за­до­во­ли­тел­на пос­тап­ка и со мно­гу не­ре­гу­лар­нос­ти”, му фр­лаа хра­на од хе­ли­коп­тер.

    6. Спо­ред тоа кол­ку па­ри до­би Бу­га­ри­ја во од­нос на нас од За­пад­ни­от Бал­кан, из­ле­зе де­ка Бу­га­ри­те би­ле нај­го­ле­ма жрт­ва во ко­сов­ски­от кон­фликт. За тоа што јав­но ка­жу­ваа де­ка не са­ка­ат да при­мат ни­ту еден бе­га­лец, се­га им сле­ду­ва наг­ра­да. Тие не ги при­ма­ле ко­сов­ски­те бе­гал­ци од ху­ма­ни при­чи­ни. Би­ле про­тив ет­нич­ко­то чис­те­ње и са­ка­ле Ал­бан­ци­те да си ос­та­нат на сво­и­те ог­ниш­та. За раз­ли­ка од нас, што ги мал­тре­ти­рав­ме пеш­ки да го пре­ми­ну­ва­ат Бла­це.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари