ПРОМАШЕНИ ГОВОРНИЦИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:115:"Секојимаправодазастанепредцркваидавика"ованееџамија"

    1. Се сеќавате ли на првата плуралистичка ластовичка на овие простори? На Лигата за демократија и нејзиниот лидер д-р Ѓорѓи Марјановиќ, кој уште пред пет години, кога Петар Гошев беше претседател на ЦК СКМ и кога во Македонија ретко кој помислуваше дека некогаш ќе има повеќепартиски избори, ѝ објасну­ваше на јавноста што е тоа граѓанска партија. Нека ми прости ако не го цигирам од збор до збор, ама објаснувањето му беше отприлика дека основна цел на таа пар­ти­ја е да не дозволи да дојде до револуција…
    Пет години подоцна наследничката на Лигата за демократија стана филијала на партијата со револуционерно име. На оние што се сеќаваат на приемите на високо европско ниво во хотелот “Континентал”, на одбраниот, убаво облечен на­род, на собирите од високо интелектуален карактер, на шмекот на новата македонска буржоазија, што не ја сочинуваат само пиљари и набрзина збогатени трговци, на претставките во Уставниот суд за проширување на човековите права, сега само им преостана да го гледаат Петар Гошев во сенката на Љупчо Георгиев­ски и да размислуваат како евентуално би му стоела црвена беретка на главата. Којзнае, можеби така и ќе поттикнеше некој, барем додека тој зборуваше, да го извика и неговото име…
    Гошев ја промаши говорницата. Во предизборието бев на сите поголеми митинзи во Скопје и искрено не верувам дека тој состав на луѓе што го видов на митингот на Демократската партија можеше да се замисли себеси меѓу луѓе кои ќе тргнат во поход на Собранието, ќе викаат “Македонија на Македонците” во комби­на­ција со “Чиста Македонија”, ќе споменуваат сатари и други интересни рек­визити за демократска борба. А нивниот број, колку и демократите да не се задоволни од резултатите, е завиден и воопшто не е за потценување. Кога не би им ги дале гласовите ним, а веќе сакаат промени, зошто тогаш би ризикувале. Би гла­сале за ВМРО-ДПМНЕ, ако веќе Гошев и онака се однесува како примерно учениче на Љупчо Георгиевски. А тие – и покрај Гошев, гласале за Демократската партија.

    2. Којзнае, можеби токму некој изневерен гласач е автор на графитот на зградата на ГУВР во Скопје “Збогум Гошев”. Некој што едноставно не гласал за Сојузот за Македонија, ами и што не сака да го идентификуваат со ВМРО-ДПМНЕ. Зашто, помалку или повеќе, сé беше очекувано. Повеќето гласаа за “партијата на Киро”, не водејќи сметка дека кога заокружуваат можеби го даваат гласот за некоја личност која секојдневно ја озборуваат. Тие што губат, нормално е да се лутат. Од ВМРО-ДПМНЕ се очекуваше да направи митинг на незадоволство. Едноставно тоа го бара нивното гласачко тело. И од полицијата можеше да се оче­ку­ва да го плаши народот да не излегува на митинг, за да ѝ биде полесно ако се случи нешто непредвидено. Само од лидерот на Демократската партија беше глупаво да се очекува да се однесува како да ја промашил партијата.

    3. Не е тој единствениот што е изгубен. Така ми изгледаат и некои членови на Државната изборна комисија. Од почетокот сите им беа лути, зашто сите знаеја повеќе податоци од нив. Стотина странски известувачи седеа два дена по изборите, се чудеа зошто нема резултати, попусто бараа објаснувања, потоа го “покрија” и митингот на ВМРО-ДПМНЕ и си ги спакуваа куферите и заминаа од Скопје без да јават кој победил на изборите.
    Сега си останавме само домашните новинари, па бидејќи нема од кого да се срамиме, не ѝ се лутиме на Комисијата. На прес-конференциите одиме како на хуморески. Да се смееме на лапсусите од типот: “Не е битен процентот на излезени избирачи”. Или – “За кандидатот Георгиевски се пронајдени 50 илјади неважечки ливчиња”…

    4. Некојси Алексовски од некојаси  ВМРО-Обединета, што ги скрши гласачките кутии во неговата изборна единциа, разочаран што многу бил оштетен, свика прес-конференција и најави дека ќе падне крв и некој ќе виси на мостот.
    Можеби човекот бил толку разочаран што сакал да се обеси. Белким оваа држава е толку демократска да му дозволи на секој што сака да се обеси тоа и да го направи. А дали тоа ќе го стори на мостот, веќе е прашање на личен избор и ексхибиционизам. Исто како што секој има право да застане пред црква и да вика “Ова не е џамија”! Како што викаа преостанатите учесници на ВМРО-ДПМНЕ, кои, откако се откажаа од нападот на Собранието, отидоа до Соборниот храм “Св. Климент Охридски” да запалат свеќа за Македонија. Сиромашкиот свети Климент. И него го чуваше полиција.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира