ПРООДНА МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:109:"Ситуацијатаеподконтрола,аманесезнаекојјаконтролира

    1. Министерството на чие чело е најголемиот бранител на Македонија, кој учтиво го замолуваме веќе да не не брани, оти следните десет години ќе треба да се браниме од неговите одбрани вчера соопшти: “Автопатот Тетово – Гостивар е прооден, ама не е безбеден”.
    По ваква охрабрувачка изјава на Министерството што се грижи за редот во државата, се очекува да дојде и соопштение од Владата во кое ќе ни се предочи дека ситуацијата е под контрола, само не се знае кој ја контролира. И на крај, како триумфална завршница на приказната за една убава држава, ќе се јави Кабинетот на претседателот и ќе соопшти: “Македонија е проодна, ама не е безбедна”. Тоа ќе го потврдат и претставниците на меѓународната заедница, за да дадат уште една голема поддршка: “Македонија ја има, ама ја нема”.

    2. Која Македонија?
    – Онаа Македонија во која претседателот на државата по убиство на двајца полицајци наутро изјавува дека станува збор за криминален акт, а навечер дека истото е терористички чин. И кој соопштува дека вакви напади можеле да се очекуваат!? А тој е врховен командант!
    – Онаа Македонија во која министерот за внатрешни работи држи политички митинзи додека му гинат полициски резервисти во кризни подрачја без панцирни елеци. Тоа е истиот оној што во кампањата се фали дека ја ослободил Македонија, во која патиштата се проодни, ама не се безбедни. Оној што се фали дека ќе го апси Али Ахмети на 16 септември, а и денеска знае каде може да го најде. И бара мислење од опозицијата дали треба да се апси!?
    – Онаа Македонија во која премиерот отвара нови цркви и пали крстови, откако со неговите коалициони партнери не однесе во војна во која изгубивме над дваесет стари цркви. Тоа е оној што се моли повторно да победи на изборите, ама на осветувањето на крстот на Водно не заборави да побара спасение од Господ?
    – Онаа Македонија во која и Владата заборави што е тоа закон, во која партиски моќници со сила преземаат фирми, уништуваат претпријатија, грабаат приватен имот, а за без пари го продаваат државниот и го уништуваат стопанството?
    – Онаа Македонија во која терористи влегуваат на голема врата во политиката?
    – Онаа Македонија во која НАТО и ОБСЕ посредуваат во преговори за ослободување на криминалци?
    – Онаа Македонија во која странците ни порачуваат против бандитите да одговориме соодветно и со воздржани мерки, оти нашите терористички напади изгледа не болат толку, колку нивните?
    – Онаа Македонија во која разузнавачите на Доста и Борис не соработуваат со разузнавачите на Љубчо и Љубе, ама си се шпионираат меѓу себе?
    – Онаа Македонија во која државниот врв се чувствува толку безбедно што до Охрид не оди преку Тетово и Гостивар, туку врти преку Прилеп и Битола и што кога Љубчо оди на работа, или на кино го обезбедува цел шпалир полицајци на Водњанска, а пајак службата работи само за него?
    – Онаа Македонија во која бандитите го имаат главниот збор? Секаде. И во планините, и на патиштата, и во кабинетите.

    3. Додека траеше драмата со киднапираните, а полицијата се подготвуваше за акција, вчера Љубчо, во придружба на повеќе министри сечеше ленти низ Велес.
    Утре е недела. Љубчо ќе сече нокти.

    4. На почетокот беше убавата приказна за промени. И идилата од решени меѓунационални односи како пример за регионот.
    Потоа, кога се случи Танушевци, Џафери го убедуваше Љубчо дека ситуацијата е под контрола.
    Во втората фаза се пазаревме со терористи.
    Во сегашната фаза, се пазариме со бандити.
    Следната фаза ќе биде анархија.
    Сето ова ни се случува на две недели до избори.
    Е, па гласај народе. Избори мора да има. Само уште тоа ни остана. Белким има спас и за нас.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира