ПСИХИЈАТРИСКИ ТУРИЗАМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:240:"Какваиднинаможемедаочекувамевоевропсказемјакојаштопоречиси22годининезависностнеекадарнадаизведенипописниизбори

    1 Еврокомесарот за проширување Штефан Филе идната недела требаше да дојде во Македонија за да види до каде сме со реформите и ако може да истурка датум за почеток на преговори со ЕУ. Ама вчера соопшти дека не гледа причина да доаѓа додека власта и опозицијата не “демонстрираат зрелост на демократските институции и ставање на интересот на земјата и граѓаните на прво место”. И порача од Брисел дека е фрустриран.
    Пред него, директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската Унија Стефано Санино се обидуваше да ги смири власта и опозицијата за да се најде излез од политичката криза. По два дена поминати во Скопје, си замина. Некаде прочитав наслов дека Санино бил во очај.
    Како граѓанин на оваа прекрасна земја можам да сочувствувам со фрустрираноста на Филе и со очајот на Санино. Ама, за жал, не можам да им помогнам. Не сум психијатар. Тој проблем ќе мора самите да си го решат во рамките на своите демократски капацитети.
    Единствено што можам да направам е на следниот Ден на идеи на Владата да $ предложам субвенционирање на нов вид туризам. Кога можеме на нормални Холанѓани да им плаќаме субвенции за да ни се капат во Охрид, зошто да не бидеме подарежливи кон оваа ранлива група западноевропски граѓани, како што се Санино и Филе, на кои им треба спас од очај и фрустрираност.
    Не виделе тие што е вистински очај. Не почувствувале тие вистинска фрустрираност. Нека доаѓаат почесто, па ќе видат како среќно ќе се чувствуваат кога ќе си заминат дома.
    Овој специјален вид психијатриски туризам ќе предвиди задолжително гледање на вестите на МТВ и на “Сител”, прием во Владата, посета на барикадите на опозицијата и како екскурзија прошетка низ Скопје со возење и трубење. Ќе донесеш група очајни и фрустрирани Европејци, ќе им ја организираш турата и кога ќе видат што е вистински очај наспроти нивниот, веднаш ќе се окрлават и излекувани ќе си заминат. Кога ќе нe видат нас, ќе сфатат дека за нивниот очај барем има надеж. За нашиот нема.
    2 Во пилотпроектот за субвенционираниот психијатриски туризам учествуваше известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит. Тој рече дека бил во салата во којашто се случиле настаните на 24 декември. И заклучил дека ситуацијата е многу сериозна и тешка за земјата и за иднината на земјата во Европа.
    Се гледа дека Ховит не е оттука. Тој се грижи за иднината на Македонија во Европа. За разлика од нас. Коишто сме загрижени дали Македонија воопшто има иднина?
    Каква иднина можеме да очекуваме во европска земја којашто по речиси 22 години независност не е кадарна да изведе ни попис ни избори. И тоа локални.
    3 Премиерот Груевски веќе ни соопшти дека барем засега не треба да имаме надежи за европска иднина. Ќе чекаме лош извештај од Брисел оти за тоа е виновна опозицијата. Тој има проверена формула за успех. Ќе го обвини Бранко, медиумите ќе го објават тоа и оп силно светнал ден. А со тоа ќе дојде и светлата иднина.
    Да. Бранко е проблем. Ама тој е лидер на опозицијата. И тоа прилично слаба и дезориентирана опозиција , како што се гледа и од митинзите и од јавните настапи.
    Како граѓанин очекувам компетентна опозиција. Ама уште повеќе очекувам компетентна власт. Којашто ќе може да го реши секој проблем. И тоа како што би рекле Филе и Ховит, имајќи го предвид, пред сe, интересот на граѓаните. Па макар проблемот бил толку голем како што е Бранко.
    4 ВМРОДПМНЕ и ДУИ сами си изгласаа измени на Деловникот во Собранието. Ќе се ограничат дискусиите за сe и сешто, па дури и за промени на Уставот. Ама измените на важат за нешто што е поважно од Уставот. Законот за бранители.
    Така што и да се врати СДСМ во Собранието, нема да смее да зборува колку што сака. А ДУИ ќе смее да молчи колку што сака.
    5 Кон крајот на минатата година синот на индискиот магнат Субрата Рој го презентираше проектот со кој од Љубаништа на Охридското Езеро ќе направи монденски центар. Раскажуваше за марини, за хотели, за базени и за голф терени. И на крај го откри најинтересниот детаљ од проектот. А тоа е последната дупка на голфтеренот. Таа ќе била сместена во езерото.
    Тогаш напишав дека се претера со остварувањата. Оти и во водата дупка ќе направиме.
    Арно ама, кога еден месец подоцна лично татко му го посети Љубаништа додека врнеше снег и изјавуваше колку му се допаѓа климата и колку ги сака и Груевски и Ставрески, па затоа ќе инвестирал баш тука, почнав да верувам во приказната. Значи стварно ќе има дупка.
    Затоа длабоко ме разочара последната вест дека Врховниот суд на Индија ги замрзнал сметките на милијардерот оти таму направил некакви ситни измами. Требал да врати само 3 милијарди долари.
    Дури сега и мене ме префати очајот на Санино и фрустрацијата на Филе. Ај што ни остана Бранко, туку изгледа дека останавме и без дупка во водата.
    6 Воопшто не ме чуди што пратеничките од таканареченото женско лоби во Собранието гласале за закон со кој на жените што се на боледување поради ризична бременост им се дава само седумдесет отсто од платата.
    Истото тоа женско парламентарно лоби е многу чувствително и секогаш се згрозува кога ќе се спомене секс, затоа што жените така се гледале како сексуални објекти.
    Следствено, логиката на женското лоби да го донесе овој нелогичен закон е следнава: ако жената е бремена, значи дека се сексала. Ај што се сексала, туку, најверојатно, уживала при тоа. Е токму затоа треба да биде казнета. Со триесет отсто од плата.
    Пратеничките со еден закон покажаа дека ги гледаат жените само како сексуален објект многу повеќе отколку кој било маж.
    7 Градските власти на Скопје им забранија на борците од НОБ и антифашистичката војна да маршираат на плоштадот Македонија на протестниот февруарски поход што го најавија за денеска.
    Ако не се лажам, во една пригода градоначалникот Коце Трајановски во нашиот весник кажа дека дедо му бил еден од првите скопски партизани.
    Власта најде оправдание да ги спречи деведесетгодишните антифашисти да маршираат пред Воинот на коњ и Триумфалната порта. Плоштадот бил зафатен за други активности.
    Згрешија борците. Не требаше да бараат одобрение од власта. Како што не барале ни во февруари 1944. Требало да им текне дека ако по 69 години дошло време пак да излегуваат на Февруарски поход, не е време за барање дозволи.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира