РАДОСЕН МАЉЧИК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:125:"ПакќесеградипругатаконБугарија.Доследниотизборенкрстозбор.

    1 За што се гласа утре? Каде се гласа во вториот круг? Каде се гласа во прв круг? Тие што гласаат во прв круг, дали гласаат само за градоначалници, или и за советници? Каде се гласа втор круг? Каде се прегласува првиот круг? Дали граѓаните на Скопје ќе имаат три круга, оти утре ќе се гласа вториот круг само за градоначалниците на општините, а во април, вториот круг за градоначалник на Скопје?
    ДИК ги рекламираше овие локални избори со спотот “Изборен крстозбор”. Ама ова била тешка енигматика. Ќе ти се збоктиса и ќе го фрлиш пенкалото.

    2 Се враќа радоста од нашето детство кога не моравме да решаваме изборни крстозбори, а нашите родители си избираа делегати од единствената партија да ги претставува во органите на социјалистичкото самоуправување.
    Министерот за финансии Никола Поповски не охрабри на повторното отварање на скопската топилница во Железарницата. Ни рече: “Повторно небото над Скопје ќе биде црвено како што го паметам од детството”.
    Поповски од времето кога бил тинејџер сигурно го памети и хитот “Маљчики” на белградски “Идоли”. Министерот за финансии инспирацијата за оваа емотивна изјава со која ги охрабрува странските инвеститори ја добил во оваа песна:
    “Пламене зоре/ буде ме из сна/ челична јутра/ дим из димњака/ песма се ори/ млади радници/ песма се ори/ радостан сам јааааааа…

    3 Скопје гори. Ама не гори небото, како што вели радосниот маљчик, туку горат станбени згради. Ај што горат станови, ај што гори се што во животот си спечалил, туку гинат и луѓе.
    Сте провериле ли драги сограѓани што чувате во вашите подруми? Се сеќавате ли дали минатиот месец ги плативте стоте денари за одржување на заедничките простории? Внимавате ли кога паркирате дали ќе има простор за не дај боже да дојде противпожарно возило, или амбулантна кола? Дали од бавчата на село го вративте противпожарното црево што го позајмивте од хидрантот на катот, ги преадаптиравте ли противпожарните скали во летни кујни и магацини за стара хартија, колку цигари сте изгасиле во лифтот …
    Или и натаму ќе мислите дека тоа на некои други им се случува.
    Е па, нам ни се случува.

    4 Нам ни се случува и трагедија како онаа во Маврово. И од сите виновници ги најдоа највиновни професорите што организирале екскурзија.
    Добро, тие професори, ги однеле децата во дивина да вежбаат преживување, или во современ скијачки центар? Во тој центар скијачите плаќаат дневна карта од 10 евра. И тие можеле да бидат собрани од душекот, или да удрат во столбот од кој бил симнат душекот. Во тој организиран скијачки центар никој не видел дека децата се качувале по скијачка патека на која не смееле да бидат, дека вложиле напор да го симнат душекот од столбот и да се пуштат со него заедно со скијачите…
    Да видиме по ова кој професор ќе организира екскурзија за учениците. Во цел свет се стимулира дружење надвор од училиште, окупирање на вниманието на децата со спорт и други активности, а кај нас децата по часовите ќе и се препуштат на улицата. Оти, ако професорите сакаат да им организраат нешто надвор од школо, самите ќе останат на улица.
    Зошто? Затоа што требале да добијат дозвола од Тале Герамитчиоски. Додека барањето за екскурзија стигне до заменикот министер за образование, ќе се стопи снегот во Маврово. Оти Тале нема попаметна работа за решавање во образованието, туку да дава одобренија за екскурзии.

    4 Премиерот Владо Бучковски во Софија заедно со премиерот на Бугарија Симеон Саксобургостки ја најави изградбата на пругата кон Бугарија. Пак.
    Секоја изборна кампања се гради пругата кон Бугарија. Мислев дека Бучко може да смисли нешто поинветнтивно пред овој круг избори. Оти изградбата на пругата не ја почна Бранко. Таа се гради уште од времето на татко му на Симеон, цар Борис.

    5 Четирите случаи за убиствата и малтретирањето на Македонци за време на војната во 2001 година што требало да ги земе Хаг, ќе се префрлеле во македонските судови.
    Тука сигурно ќе ги фатат злосторниците. Не само што ќе ги фатат, туку и ќе им судат. Не само што ќе им судат, туку и ќе ги осудат.
    Кога?
    На 1 април.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира