Рамковен договор

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:73:"Говоримакедонски,бидилав,немајстрав

    1. И сега избори кога ќе има? Во јануари, сигурно – не. Во февруари, март, април, јуни, да не речам ноември. А која година?

    2. Уште не можам да се смирам по трогателните оставки на министрите на СДСМ. Храбро раководеа  и храбро си дадоа оставки. Бучко никогаш не би се дружел со Љубе, да не била земјата во прашање. А Илинка веќе не можела да оди по светот, да ги објаснува авантурите на Љубчо. Па дури и оној Зоран Витанов од партијата на Ѕинго се обидувал да го спречи криминалот во економијата. Колку ли ќе изгуби македонската економија сега, кога заменик на Фетаи нема да му биде Витанов. Браварите останаа без работа. Не ќе има кој да ги крши вратите на канцелариите.
    Сега откако СДСМ успеа да ја спаси Македонија, можеме мирно да спиеме. Затоа што Џафери и Љубчо пак се заедно. Ќе го имплементираат Рамковниот договор. А во тоа со сите расположиви средства ќе им помагаат Змејковски и Стојменов. Тоа што Стојменов беше против Рамковниот договор, не значи дека треба да заборави на Македонија и, ако треба, повторно да се жртвува.  Приватизацијата како ќе заврши без него и без неговата директорка. Тој си има свој рамковен договор што треба да си го оствари. Да биде гувернер на Народната банка.
    Или, пак, Змејковски. Заборавивме што сè изнакажа Змејко за Љубчо, за криминалите, за генералската униформа. Кога се работи за спас за Македонија, ни една жртва не е голема. Еве, Змејко сега сака да биде министер за одбрана. Така што старите другарчиња сега можат да си направат размена. Змејко ќе му го врати на Љубчо капутчето што тој си го заборавил во Лисиче, а Љубчо на Змејко ќе му ја даде на заем генералската униформа.
    Во остарувањето на Рамковниот договор ќе се вклучи и Нова демократија. Нели тие нешто бараа референдум против промената на Уставот. Може ќе бараат пак за да го стават Чашуле министер за надворешни работи.
    Претходната влада се викаше Влада за национален спас. Оваа новата ќе биде за спас на она што остана неспасено досега.

    3. Бранко рече дека не сака да му биде беби-ситерка на Љубчо. Љубчо пак, рече дека Бранко со излегувањето од Владата, направил детски потег. Не знам кој е детето, ама смрди, корне, не се издржува.

    4. Ете зошто ја сакам Македонија. Затоа што е земја на неограничени можности. Секој може да биде министер. А Љубчо прави веќе седма реконструкција. Како седумка на лото. Љубчо е како Дедо Мраз. Многу има, па на сите им дава.
    Кога веќе се лицитира со министерски места, би си дозволил и јас да дадам еден предлог. Не треба Змејко да биде министер за одбрана. Ако веќе сакаме да го имплементираме Рамковниот договор, тоа место најмногу би му прилегало на Хисни Шаќири. Кој друг, ако не тој. Беше човекот на терен, убиваше луѓе во борба за човекови права, го држеше Куманово и сто илјади луѓе без вода среде лето… Сега, кога веќе не е пратеник, нека го направат министер. Со пушка знае да пука. Треба уште и хеликоптерите да ги совлада. Па кога ќе ни ги пушти…

    5. Си гледам МТВ и им се восхитувам. ТВ Србија од времето на Милошевиќ може вода да им носи.
    Прво излегува прашина од сите страни на екранот. Па фрчат куршуми. На сцена истрчуваат “лавови” и “тигри”. Трогателна патриотска музика на која се надоврзува драматичниот баритон на оној Зоран Крстевски што нè кара да “говориме македонски”. Филмске новости во најнова варијанта. Биди тигар, биди лав, говори македонски, немај страв.
    И одеднаш, претходната слика избледува, прашината слегнува и се селиме во нашето сино студио во кое си муабетат Љубе и Бане.
    За инает на Карла дел Понте, за инает на Бучко, за инает на сите терористи на Земјината топка и на општо задоволство на љубителите на комедии, брат Љубе му раскажуваше на легендата Бане дека за него материјалното богатство не е ништо, затоа што на крајот мртовечките кошули за сите се исти. И тамам брат Бане да даде конструктивен предлог како, на пример, штом материјалното богатство на Љубе не му значи ништо, зошто не ја отстапи куќата на Водно што ја изгради за време на владеењето на неговата партија, на неколку раселени лица, братот ја открива својата библиска димензија. Тој не е слаткар. Тој е овчар. А овчарот е водач. На овци.
    Проблемот е што овчарот сега сака да води и луѓе. Затоа толку јагниња отидоа курбан.

    6. Доста Димовска е многу навредена затоа што сме напишале дека имала тајна средба со Ѓорѓи Спасов во хотел “Турист”. А кој не би бил навреден. И тој Ѓорѓи – бадијала беше амбасадор во Бугарија. Камо шлиф, камо почитување кон дамата. Арно не му текнало до “Бристол” да ја однесе. Па да сркнат чорба. Немале кола, па не можеле да одат на поарно место. Доста не заслужила таков третман.  Комуњар да ја шета по евтини хотели. Којзнае, сигурно ја оставил и таа да плати…
    Овие од СДСМ ептен не ги бива. Ни за влада, ни за кафеана.

    7. Пусти Петар Стојанов. Тамам Борис му даде поддршка во претседателската трка, тој изгуби од Парванов. Тој Стојанов ние уште го паметиме по изјавата дека Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја. А Борис му прати поддршка од име на македонскиот народ. Нема шанса за романса.
    Нашиов претседател веќе води глобална политика. Откако ја оправи домашната, сега се прошири на Балканот. А бе Боре наш е светски политик. Од балкански маштап.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира