РЕАЛНО ШОУ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:97:"ЕвропскиотобрачоколуМакедонијасеповеќесестега

    1 Рацијата на полицијата во мотелот “Ориентал Ас” во тетовското село Жеровјане е успешна европска приказна. Покрај Македонки во локалот, на шипка играле и Бугарки, Србинки и Албанки.
    Ситуацијата на теренот е одличен профил на новата Европа. Имаме танчерки од земја членки на ЕУ, како што е Бугарија, имаме танчерки со кандидатски статус, како што е Македонија и имаме танчерки од земји апсиранти за ЕУ, на ниво на асоцијација и стабилизација, како што се Србија и Албанија.
    Бугарките со својот европски пасош можеле да одат да играат на шипка и во Британија и во Шведска и во Грција. Ама тие во Македонија биле испратени со задача од Брисел. Во Жеровјане биле назначени како инструкторки во твининг програма за евроинтеграција.
    И тројцата полицајци што биле затекнати во локалот за време на рацијата не биле муштерии. И тие биле на европска обука. Им давале логистичка поддршка на македонските државјанки. Оти тие додека играле, цело време имале само една мисла во главата: “Кога ли ќе добиеме датум за преговори?” Ете и одговор на прашањето зошто на полициските снимки од бункерот каде што биле чувани курсистките се видоа туби со скапа крема против целулит. Пусти кандидатки за ЕУ. Ќе остарат чекајќи датум.

    2 Европскиот обрач околу Македонија се повеќе се стега. Ете, конечно го дочекавме и тој ден едно Косово да ни кажува и да не уценува за европски стандарди. Не ја сакаат повеќе нафтата на ОКТА, затоа што има неколку пати повеќе сулфур од дозволеното.
    Цела држава со денови се тресеше затоа што македонските цистерни стоеја заробени на граница. А никој не се потресе дека граѓаните на Косово се подобри од македонските граѓани, штом ним им треба воздух по европски еко стандарди, а нам не.
    Нема потреба од загриженост. Вратете ни ја нафтата назад. Ние ќе си ја потрошиме. Не мора да ја пиеме. Ќе ја извозиме. И ќе ја вдишеме.

    3 Владата протурка уште една државна награда. Откако празникот на ВМРО 23 Октомври се прогласи за Ден на македонската револуционерна борба, сега ќе имаме уште една државна награда – 23 Октомври.
    Таа ќе се доделува како највисоко признание за долгогодишно остварување во науката, културата, образованието, заштитата и промоцијата на државните интереси и приоритети.
    Зошто му е на Груевски уште еден конфликт. Има една највисока државна награда, се вика “11 Октомври” и се доделува за истите достигнувања. Имаше уште четири други државни награди. Што туку отвара нови дискусии, кога ни старите не се затворени. Неговиот вистински печат во историјата ќе биде ако конечно ги помири левицата и десницата. Треба да ја обединува, а не повторно да ја разединува Македонија.
    Оти, кога веќе инситира на награда по повод Денот на македонската револуционерна борба, нека не се изненадува дека наскоро ќе добие барање да се востанови празник и награда за некој ден на албанската револуционерна борба.
    Само празници и награди, а меѓусебна почит – никаква.

    4 Реално шоу во Управата за јавни приходи. Министерот за финансии Трајко Славески и директорот на УЈП Горан Трајковски едно попладне собраа педесет инспектори и пред камери им кажаа дека ги праќаат во Струмица за да прават даночни контроли. Демек инспекторите не знаат зошто ги викаат, ама куферите им се спакувани и на знак на министерот и директорот влегуваат во кола и правец – Струмица.
    Во Струмица на улица, инспекторите вечерта затвораат кафеани. И сабајлето ги најдоа гумите издишани.
    Се налутија струмичани на Владата. Прво им го зеде аеродромот. Сега сака да им го земе и ноќниот живот.

    5 Реално шоу и во Агенцијата за вработување. Вчера имаше прес конференција на директорот Стојче Тапанџиоски. Ууу, ама ова беше сериозно реално шоу. Како да се појавил лично Доналд Трамп. На пресот на Тапанџиоски беа и вицепремиерот Зоран Ставревски и министерот за финансии Трајко Славески. Само што за разлика од Трамп, не му кажаа “Отпуштен си” на чиракот, туку и го пофалија.
    Тапанџиоски во реалното шоу во наплив на искреност призна: “Јас лично сум бришел лица од евиденцијата на невработени под принуда од СДСМ”.
    Замислете. Тој човек е промовиран во директор. Кога толку ревносно го слушал Бучко за да избрише 18.000 невработени, тогаш колку ли ќе го слуша Груевски што го унапредил? Згора на се, двајцата министри уште и го правдаа оти тоа го правел под закана. Бог да чува. Кој ли им се закани на Ставревски и Славески, па мораа да се појават на вчерашната прес конференција?

    6 На СДСМ дефинитивно им избега коњот. Ај што изгубија избори, ај што им се распаѓа партијата, туку и ЛДП ги напушта.
    Лидерот на ЛДП Јован Манасиевски во интервју за “Глобус” вели: “Заситени сме од ароганцијата на СДСМ”. Кога и Јово што беше министер во претходната влада се заситил од ароганцијата на СДСМ, што да кажат тие што не биле министри.
    Како додека беа на власт, на либералдемократите не им пречеше ароганцијата на СДСМ. Сега се сетија дека биле арогантни.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира