РЕЛАКСИРАНА ДРЖАВА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:69:"Та­инс­тве­на­танас­мев­канаКи­ро

    1. ВМРО-ДПМНЕ и ДА де­не­ска ќе ги раз­гле­да­ат ефек­ти­те од до­се­гаш­но­то 100 днев­но вла­де­е­ње. Би­деј­ќи нај­го­лем дел од вре­ме­то по­ми­наа во де­ле­ње­ фун­кци­о­нер­ски и ди­рек­тор­ски мес­та, нај­ве­ро­јат­но, ќе ана­ли­зи­ра­ат што сра­бо­ти­ле. Тоа зна­чи де­ка ќе се ос­вр­нат на ре­зул­та­ти­те од по­дел­би­те.
    Ме­ѓу­тоа, не сме­ат да се за­ла­жу­ва­ат со до­се­гаш­ни­те ре­зул­та­ти. Би­деј­ќи ус­пе­хот не за­вр­шу­ва ту­ка. Има уш­те мно­гу за де­ле­ње. Пред еден ме­сец, Ци­ле ни збо­ру­ва­ше за не­ко­ја бри­тан­ска ра­фи­не­ри­ја во Гев­ге­ли­ја. Се­га Љуб­чо збо­ру­ва за грч­ка ра­фи­не­ри­ја во Скоп­је. Ли­де­ри­те на ко­а­ли­ци­ја­та “За про­ме­ни” тол­ку рев­нос­но се за­фа­ти­ле со по­дел­ба­та, та­ка што, се­га, ос­вен влас­та, ќе поч­нат да ги де­лат и об­јек­ти­те во др­жа­ва­та. Та­ка и тре­ба. Ако ве­ќе ВМРО-ДПМНЕ си има сво­ја ра­фи­не­ри­ја, ред­но е, спо­ред пар­тис­ки­от до­го­вор, ДА да си има дру­га.

    2. И та­ка, во оваа др­жа­ва се­кој си пра­ви што си са­ка. До­де­ка Ми­нис­терс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти го убе­ду­ва НАТО де­ка се­га е вис­тин­ски­от мо­мент да му се приб­ли­жи­ме, на­чал­ни­кот на ге­не­рал­шта­бот Трај­че Крс­тев­ски, се ка­ра со НАТО и им рас­ка­жу­ва при­каз­ни де­ка кај нас не­ба­ре е рас­пад на сис­те­мот. Не тре­ба да се чу­ди­ме на из­ја­ви­те на ге­не­ра­лот Крс­тев­ски. Чо­ве­кот цел жи­вот имал кон­цеп­ци­ја де­ка НАТО ни е неп­ри­ја­тел и се­га е збу­нет. Ка­ко се­га да ба­ра ко­ор­ди­на­ци­ја со офи­це­ри­те за кои го уче­ле де­ка тре­ба да се бо­ри про­тив нив.
    Ос­три­от тон на ге­не­ра­лот кон НАТО са­мо уш­те ед­наш до­ка­жу­ва де­ка ова е ре­лак­си­ра­на др­жа­ва. МНР ве­ли ед­но, Ге­не­рал­шта­бот на АРМ дру­го, а ми­нис­те­рот за од­бра­на е за­фа­тен со бро­е­ње­то тен­ко­ви во Бу­га­ри­ја. Не­ма смис­ла да го воз­не­ми­ру­ва­ме про­фе­со­рот Кљу­сев со вак­ви сит­ни проб­ле­ми. Мо­же да се де­кон­цен­три­ра, па да ут­не во бро­е­ње­то.

    3. Са­мо МВР има пре­ци­зен ме­ха­ни­зам во бро­е­ње­то и ту­ка не­ма ут­ка. Си ис­пра­ти­ја кул­тур­но лу­ѓе­то апел до бе­гал­ци­те од Ко­со­во да им се при­ја­ву­ва­ат и се­га ќе ги че­ка­ат ре­зул­та­ти­те. Што има тие да бро­јат, ко­га лу­ѓе­то са­ми ќе им се при­ја­ву­ва­ат. А и да не се при­ја­ви не­кој – го­ле­ма ра­бо­та, што се не­кол­ку ил­ја­ди лу­ѓе од дру­га др­жа­ва по­мал­ку или по­ве­ќе, ко­га ве­ќе тол­ку стран­ци ни се врт­ка­ат низ др­жа­ва­та.
    Кој ве­ли де­ка др­жа­ва­та не го кон­тро­ли­ра вле­зот на ко­сов­ски­те бе­гал­ци во Ма­ке­до­ни­ја? Ете, так­сис­ти­те ги че­ка­ат на иле­гал­ни пре­ми­ни. А нив ги ор­га­ни­зи­ра­ла ДПА. А ДПА е од влас­та. Зна­чи, влас­та, се­пак кон­тро­ли­ра.
    Доб­ро е што влас­та има кон­тро­ла врз си­ту­а­ци­ја­та, ма­кар и врз бро­јот на так­си во­зи­ла­та на иле­гал­ни­те пре­ми­ни. Ко­га не би има­ла,  кој­знае што сé мо­же да ни вле­зе во др­жа­ва­та. Мо­же да ни се слу­чи со­се бе­гал­ци­те да ни вле­зат и бор­ци на ОВК.  И,  што пра­ви­ме ако бор­ци­те на ОВК не го пос­лу­ша­ат апе­лот на МВР и не се при­ја­ват. Ако се так­ви не­од­го­вор­ни, тие си­гур­но не­ма да са­ка­ат да се ко­ор­ди­ни­ра­ат и со ге­не­ра­лот Трај­че Крс­тев­ски. Единс­тве­на уте­ха е што пок­рај тол­ку уни­фор­ми, и уни­фор­ми­те на ОВК не­ма ни­кој да ги за­бе­ле­жи. Ка­де про­мар­ши­раа тол­ку вој­ски низ Ма­ке­до­ни­ја, не­ка про­мар­ши­ра­ат и бор­ци­те на ОВК.

    4. Ако НАТО вој­ни­ци­те по­се­дат уш­те не­кое вре­ме кај нас, тоа мо­же да би­де по­раз­но за дис­цип­ли­на­та во зем­ји­те од ка­де што до­а­ѓа­ат вој­ни­ци­те. Ќе ги рас­и­пе­ме. И што по­ве­ќе се­дат, ста­ну­ва­ат по­ра­си­па­ни. Ви­доа де­ка ту­ка мо­же се­кој да пра­ви што са­ка и поч­наа да се од­не­су­ва­ат ка­ко нас. Пар­ки­ра­ат на трев­ни­ци, во­зат по тро­то­а­ри… Еве поч­наа да се те­па­ат и по ка­фе­а­ни. Би­деј­ќи си­те се со раз­ли­чен ет­нич­ки сос­тав, ус­пеш­но се вкло­пу­ва­ат во ме­ѓу­ет­нич­ка­та ре­лак­са­ци­ја. Ако нас­ко­ро не ја на­пуш­тат Ма­ке­до­ни­ја, НАТО ќе би­де се­ри­оз­но ос­ла­бен.
    Ко­га ќе се сфа­ти опас­нос­та од на­та­мош­но­то при­су­ство на вој­ни­ци од раз­лич­ни зем­ји во Ма­ке­до­ни­ја, јас­но е зош­то си­те нес­трп­ли­во ги че­ка­ат Аме­ри­кан­ци­те. Тур­ци­те уш­те ги чувс­тву­ва­ат кул­тур­ни­те пос­ле­ди­ци од пет­ве­ков­но­то при­су­ство на нив­на вој­ска на овие прос­то­ри. Аме­ри­кан­ски­те ма­рин­ци тре­ба да го спа­сат НАТО од ло­шо­то вли­ја­ние на ма­ке­дон­ска­та сре­ди­на врз не­го­ви­те вој­ни­ци.

    5. Во еп­тен ре­лак­си­ра­на ат­мос­фе­ра, и Ва­сил Ту­пур­ков­ски се срет­на со ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Гр­ци­ја Јор­го Па­пан­дреу. Тол­ку бе­ше ре­лак­си­ран што пред ка­фе­а­на­та спро­ти грч­ка­та кан­це­ла­ри­ја за вр­ски, го пре­че­ка гос­ти­нот со за­вра­те­ни ра­ка­ви од блу­за­та. Си­ро­маш­ки­от Па­пан­дреу, за да се вкло­пи во сре­ди­на­та, мо­ра­ше да го соб­ле­че пал­то­то. Да по­се­де­ше уш­те мал­ку, ќе ја сим­не­ше и вра­то­врс­ка­та.
    Во таа ка­фе­а­на обич­но се­дат лу­ѓе­то што че­ка­ат грч­ка ви­за. Лета, обич­но пред ка­фе­а­на­та и прес­пи­ва­ат. Ве­лат де­ка Ци­ле то­гаш фа­ќал вр­ски кај Јор­го за ви­за, би­деј­ќи тој ден кан­це­ла­ри­ја­та за вр­ски не из­да­ва­ше ви­зи. Ште­та. Ако на де­нот на по­се­та­та на Па­пан­дреу од­де­лот за ви­зи ра­бо­те­ше ка­ко и се­кој друг ден, ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти ќе мо­же­ше на самото мес­то да се уве­ри ка­ко Гр­ци­ја го про­мо­ви­ра на­ше­то вле­гу­ва­ње во Ев­ро­па.

    6. Прет­се­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров ко­неч­но се нас­меа, и пок­рај тоа што два де­на по ред мо­ра­ше да се ра­ку­ва со ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Алек­сан­дар Ди­мит­ров. Тај­на­та на нас­мев­ка­та на ли­це­то на прет­се­да­те­лот е во На­деж­да. Та­мам си ос­та­вил ед­на На­да до­ма, дру­га На­да те че­ка во кан­це­ла­ри­ја. На­деж­да му ја вра­ти на­деж­та на раз­о­ча­ра­ни­от прет­се­да­тел.
    А ми­нис­те­рот Ди­мит­ров пак ја оп­ле­ска. Си­те на­де­жи де­ка ќе се поп­ра­ви ни беа во На­деж­да, ама, де­фи­ни­тив­но не го биду­ва. Си­те че­кав­ме мал­ку поб­ли­зок од­нос, па да пуш­ти ра­че ле­во-дес­но, па ед­на фи­на ро­ман­тич­на, ре­лак­си­ра­на ат­мос­фе­ра, а тој уш­те од ае­род­ром поч­на да бе­га од неа. Ни це­лув­ка ни ми­лув­ка.
    Ех, да бе­ше Хан­џо на не­го­во мес­то…

    7. Же­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја го прос­ла­ви­ја Ос­ми март ан­га­жи­ра­но. Ал­бан­ки­те се соб­раа на ми­тинг на плош­та­дот во Те­то­во. Ма­ке­дон­ки­те се ка­чи­ја на ма­си­те во ка­фе­а­ни­те и иг­раа.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира