РЕТКА СТОЛИЦА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:55:"ИБорисвооскатапротивзлото

    1. Власта продолжува со старата испробана практика од времето на предстопанските реформи во 1965 година. Тоа беше време на жигосување и жестока критика и самокритика на партиските другари што се огрешиле од законот. Само што за разлика од денеска, тогашните крадци завршуваа и во затвор, а за некои богами имало место и на Голи Оток.
    Бранко изгледа се уште не мисли никого да стави во затвор. Се занесува дека ако неговите портпароли ги извадат на прес конгеренција кражбите на директорите на разни јавни претпријатија и политичари, тие ќе се засрамат и тоа ќе им биде најголемата казна.
    Ај што уште бараат морално-политички подобна личност за нов државен јавен обвинител, ама до кога ќе прибираат докази? До следните избори!?
    За да може и кога ќе ги сменат и за нив толку долго да се прибираат доказите?

    2. Дали во Македонија, како и во секоја друга нормална земја во светот секој што носи оружје без дозвола, и згора на тоа и пука со него треба да заврши во затвор? Особено ако имаме предвид се што ни се случи минатата година.
    Пред некој ден ја гледав телевизиската снимка како некои што божем биле акционери и обезбедувачи на “Киро Ќучук” во Велес пукаа и мавтаа со пиштолите против некои други акционери во фабриката. Ај што тие пукаа и ранија луѓе, туку што правеше полицијата? Стоеше и гледаше.
    Како мисли Хари Костов полицијата да му заведе ред во Шипковица и Шемшево, кога таа и среде Велес беспомошно го гледа дивеењето на локалните мангупи?

    3. Деновиве имам проблеми со стомакот. И решив да побарам помош од генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон. Бидејќи НАТО е лек за сите наши болести.
    “Килибарните лисици” имаат толку многу работа во Македонија, што сиромашките трчаат на лице место и кога некое дете ќе добие пролив. Тоа е особено чувствително ако пролив има некое Албанче. Во Велес од сендвичи со мајонез беа отруени 70 деца, во Струмица од печурки настрада цело семејство, ама НАТО и ОБСЕ не реагираа. Затоа што се работеше за труење на Македонци. Арно ама, кога некое Албанче ќе изеде расипана храна, како што минатава недела се случи во Куманово, на теренот веднаш истрчуваат здружени екипи на НАТО и посматрачите на ОБСЕ.
    До кога меѓународната заедница ќе врши ваква дискриминација по етничка основа во Македонија? Па и Албанците се рамноправни граѓани. Белким и нивните деца имаат право да добијат пролив. Во рамковниот договор од Охрид никаде не стои дека проливот и повраќањето се ексклузивно право на мнозинската заедница. Во Македонија секој има право да има ретка столица.
    Ако пак навистина станува збор за некоја посебна сорта луѓе и загриженост за човековите права, најдобро е кога НАТО – мисијата “Хармонија”, ќе ги замени “Лисиците” да подели стерилни епрувети и при секое добивање пролив, оној што се чувствува загрозен да испрати примерок во епруветата директно до седиштето на НАТО во Брисел. Копија од примерокот задолжително се испраќа и до ЕУ. Затоа што ние симултано сакаме да станеме членки и на двете организации. А на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ мора да се научиме да почитуваме одредени стандарди. На пример сите да имаме ретка столица.
    И најсериозно, ако веќе не може да ми помогне претседателот Трајковски со неговите врски и угледот во меѓународната заедница, за моите стомачни проблеми ќе се жалам и на “Амнести интернешнел”. Сериозно се загрозени моите дигестивни права.

    4. Претседателот сега има посериозна задача отколку да се грижи за стомаците на граѓаните на Македонија. Тој е влезен во алијансата на борбата против злото. Откако беше срамнет со земја македонскиот почесен конзулат во Карачи, со нетрпение очекував кога Трајковски ќе и објави војна на Ал Каеда и ќе испрати војници на АРМ да им помогнат на американските командоси.
    Тешко му е на нашиот Борис. Во иста недела му дојде да се бори против две глобални зла. И против сидата и против тероризмот. И сето тоа му дојде додека појадуваше во Брисел. Да ти преседне јадењето.
    Затоа и беше многу лут, кога преку портпаролот им порача на Пакистанците да преземат сериозна истрага за терористичкиот напад во Карачи. Тој може да им наредува на Пакистанците. За разлика од дома, кога не можеше да му нареди на Љубе Бошковски сериозна истрага за случајот “Раштански лозја” и загинатите седуммина Пакистанци.

    5. Вчера се случи едно срамно одбележување на 50 годишнината од првиот македонски игран филм “Фросина”. Новите министри и да беа Јапонци со многу работа и набиено време, ќе најдеа барем половина час да го одбележат овој значаен настан за македонското културно богатство. Изгледа дека половина век не е доволно долг период дури ни за министерот за култура Благоја Стефановски да најде време барем да им оддаде почит на глумците што се дел од историјата на оваа држава.
    ВМРО-ДПМНЕ можеби крадеа, безочно трошеа, правеа раскалашни балови… Ама, од ваков настан сигурно немаше да пропуштат да направат фешта.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира