РОЗОВА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:134:"КолумбобилчленнаСДСМипрвапридобивкамубилаоткривањетонаАмерика

    1 Во педесетте достигнувања со кои СДСМ ќе се фали во предизборната кампања запишано е и признавањето под уставното име од САД.
    Мора и Буш да станал член на СДСМ штом и тој им помага во изборната кампања.
    Додека беше жив Борис Трајковски често се слушаа по телефон со Буш. Не јавија дека му се јавувал и на Бранко. Ама СДСМ ионака Борис не го сметаше за претседател, туку за граѓанин.
    Откаде сега признавањето на САД стана достигнување на СДСМ? Живите ја пишуваат историјата.

    2 Не е само Буш член на СДСМ. Сигурно и Колумбо бил социјалдемократ кога тргнал со едрениците да го бара патот за Индија. Да не ја пронашол случајно Америка, немаше да има кој да ја признае Македонија под уставното име во времето на СДСМ.
    СДСМ тврди дека нивен успех е и тоа што 114 земји ја признале Македонија под уставното име. Први беа Бугарија, Турција, Словенија и Хрватска. Тоа беше во времето на експертската влада на Кљусев.
    Потоа имаше такви признавања и во времето на ВМРО-ДПМНЕ и на широката коалиција. Што значи тоа? Дека сите тие биле СДСМ.
    Зошто СДСМ сите овие признавања ги смета за свое достигнување? Затоа што кога била на власт не ги поништила.

    3 Баук кружи низ Европа. Баукот на Социјалдемократската младина на Македонија.
    Издаден е проглас: “Доста ни е од чекање другите да сработат нешто за нас. Доста ни е од слушање како денешната младина на ја интересира ништо освен залудно трошење на времето. Доста ни е од наметнување на мислењето дека нашите врсници надвор од земјава се подобри. Социјалдемократската младина започнува широка кампања за олеснување на визниот режим за младите од Македонија”.
    Во едни други времиња овој проглас се викаше: “Америка и Енглеска биќе земља пролетерска”.
    Младите СДСМ-овци во пет дена ќе тропаат на вратите низ целата земја за да бараат поддршка за олеснување на визниот режим. Ќе бараат потписи од младите.
    Нека не тропаат на нашите врати. Нека тропаат на вратите на амбасадите. И нека не ги бараат нашите потписи. Ние веќе сто пати сме се потпишале на апликациите за виза.

    4 Министерката Илинка Митрева за Денот на Европа се погоди во Виена и таму им кажа дека “кај нас знамето на ЕУ се вее со иста гордост, како во Виена или Мадрид, а Одата на радоста буди исти чувства како во Будмпешта или Прага”.
    Да бев на 9 мај во Виена и јас исто така би кажал. Ама не бев. Бев пред оградата на австриската амбасада во Скопје. Стоев гордо пред знамето на ЕУ и молев бога нешто да ми засвират за да ми помине полесно чекањето.
    Ние најгордо стоиме пред знамето на ЕУ кога чекаме визи. А уште погорди ќе бидеме в година и кога ќе поскапат визите. Ќе ни биде чест наместо 35, да плаќаме 60 евра. Тоа е доказ за нашата зголемена куповна моќ. Ете уште една причина за фалење на СДСМ. Заборавија да ја сместат како педесет и прва придобивка.
    Покрај гордото стоење во редиците за визи, нам не ни треба и Одата на радоста за да ни го подигне расположението. Можат да ни пуштат секаква музика. Оти, кога сме пред портите на ЕУ, ако треба и оро ќе заиграме.

    5 Зошто ВМРО-ДПМНЕ ја смени бојата и од црвено-црна премина во портокалова? Затоа што не може да биде розова.
    Ако одбереа розова боја, ќе требаше да си ја земат Барби да им биде маскота. А тие веќе си имаат маскота. Никола Груевски.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира