СЕКС ОН Д БИЧ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:42:"Дискусијатаеисцрпена

    1 Зошто толку сте се вознемириле затоа што парното поскапело за 60 насто. Те како ќе се грееме, те како да се исклучиме, те дали ќе има струја зимава…
    Лесно ни е нам.
    Туку што да каже мајката на премиерот. Таа е за жалење. Ние сите имаме по едно парно за плаќање. А таа три стана три парна. А една пензија.

    2 Ова е најуспешната техничка влада во светот. Ем во Владата седат опозициони министри од ДПА и НСДП ем за еден месец во Собранието им поминаа рекорден број закони. Одржаа 15 седници.
    Еве како тече расправата за еден закон. Спикерот Вељановски чита: “Министре, повелете”. Министерот му му одговара: “Благодарам, претседателе”. И Трајко Вељановски вика: “Бидејќи дискусијата е исцрпена, ве повикувам да гласате”. И законот е изгласан.
    Дури и Влатко Ѓорчев не се јавува да каже: “А вие што правевте?”.
    Велат дека сите закони кои сега ги носи Собранието, биле предложени од старата Влада. Затоа не поминуваат ни на комисии ни на јавни расправи. Како што тргнале да ги доставуваат сите стари закони што не можеле да поминат, не би ме чудело и министерот за правда Михајло Маневски да извлече некој закон од неговото време. Па ВМРОвците да изгласаат нешто од СФРЈ. Оти Маневски сигурно има некој текст што не му поминал кога беше републички секретар на Секретаријатот за правосудство и организација во Извршниот совет на Глигорие Гоговски. Да дојде тој текст во Собрание и тој ќе помине.
    Како тргнаа, нашиве пратеници ќе донесат и Устав на Велика Британија. Оти Британците немаат устав. Глупаво е да го немаат, кога веќе имаат кој да им го изгласа.
    Завчера се расипа системот за електронско гласање. Па Вељановски предложи да се гласа по старо, со дигање раце. Тоа драстично ги забави реформите.

    3 Во основата на зборот парламент лежи говорењето, зборувањето… Ама, во македонското Собрание никој не зборува. Сите се неми. Притискаат копчиња и кога ќе се расипе системот дигаат раце. Затоа ние не треба нашето Собрание да го викаме Парламент. Треба да го викаме Немуштамент.
    Ако веќе толку сакаме да глумиме демократија, можеме да го смениме политичкиот систем. Бидејќи речиси секогаш опозицијата го бојкотира Собранието, можеме да воведеме дводомен систем. Па ќе имаме Горен Дом за власта и Долен Дом за опозицијата. Ем не мора да се гледаат меѓу себе ем никој не мора да го напушта Собранието.
    Некои Собранието го нарекуваат нотарска канцеларија на Владата. Оти одиш кај нотар и тој ти врши заверка. Ниту гледа дали е добро, дали е уставно. Удри печат, и пуштај во “Службен весник”.

    4 Ние не сме само на добар пат кон ЕУ. Законите кои ги кочеше СДСМ, веќе се усвоени. Тоа значи дека сме во ЕУ.
    Само што ЕУ уште не знае што ја снашло.

    5 За Груевски не важи правилото: “Не можам јас толку да заработам колку што може да потроши жена ми”. За него важи ново правило: “Не можам јас толку закони да смислам колку што мојот Парламент може да изгласа”.

    6 Преродбата продолжува надградена и проширена. Прво се плаќа по 56.000 за надградба на фискална каса од македонска во патриотска. Потоа се плаќа 20.000 денари за лиценца за продажба на алкохол. До септември ќе треба да се плати и за промена на рекламната табла. Сега само се чека Владата да достави список кој ќе ја врши промената. Да знаеме кому треба да дадеме пари и да остваруваме.

    7 Претседателот Црвенковски денеска, по изборот во Собрание, ја кани новата Влада на коктел.
    Што коктел подготвил Бранко за Никола?
    Злобниците би рекле дека со оглед на успешната кохабитација, Бранко подготвил “молотов коктел”. Ама, не е така. Бидејќи премиерот, како што тврдат од неговиот кабинет, уште не бил на одмор, добро ќе му дојде еден “секс он д бич”. Или, според новиот Закон за употребата на македонскиот јазик “секс на плажа”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира