СЕКСУАЛНА РЕНЕСАНСА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:117:"Сексмашинатаќесеподмачкувасосекојановаизмисленалиценца

    1 Уставниот суд укина одредба со која право на надомест за породилно имаа невработените жени само во неразвиените општини. Сега, право на надомест ќе имаат сите невработени жени.
    Ова е првиот од законите за зголемување на наталитетот што падна на Уставен суд. Обжален е и законот за надомест за трето дете. Оти и тој не важи за цела држава, туку само за општините со помал природен прираст.
    Во Македонија одамна тече сексуалната револуција. Само што Владата ја впрегна во некој од стоте чекори. Па мислеше дека некаде со пари ќе ја поттикне, а некаде ќа ја угуши. Арно ама, сега ќе мора да им плати на сите што ќе родат. За секс на сите им следуваат пари од буџетот.
    Така е кога се носат закони на ура, без никој да им се спротивстави. Оти тие биле машинерија. Работеле 24 часа, седум дена во неделата без запирање и смислувале закони. Мнозинството ги гласа без расправа. А опозицијата ни за секс не ја бива. Дури ни вакви очебијни глупости не успеа да ги види, а камо ли да се обиде да ги спречи.
    Затоа Владата прави нова зграда на Уставниот суд. За да може да се соберат сите папки на недоветните закони.
    Сега кога машинеријата е веќе забревтана, оди сопри ја. Ќе пукне пролет и во неразвиените и во развиените општини. Дури е топла машината, дај набрзинка второ, трето, четврто дете… Ни соопштение од Уставен суд не може та те сецне во преродбата. Не чека вистинска сексуална ренесанса. Со секоја нова измислена лиценца, со секоја промена на софтвер за фискализација, со секоја платена фирмарина и казна ќе се подмачкува секс машината.

    2 На 1 јануари премиерот Груевски беше во прилепската болница. На првата мајка со четврто дете лично и ги објасни законските погодности за четврто дете. Тогаш и даде еднократна помош од 1.000 евра и златник.
    Жената имала среќа што била првата мајка на четврто дете во 2009 година. Па добила некакви пари. Оти, бенфициите што и ги објаснил премиерот можеби ги сфатила. Ама исплатата на редовното породилно заглави со бруто платата.

    3 Германската амбасадорка Урлике Кноц прочита резултати од една симулација на дебата што ја организирала нејзината амбасада меѓу средношколците. И рече дека според таа симулација Македонија ќе влезе во ЕУ во 2020 година со името северна Македонија и дека сите ќе зборуваат и македонски и албански јазик.
    Таа само го прочитала тоа што средношколците сами го заклучиле во дебататата. И затоа МНР испрати остра дипломатска нота.
    Две недели пред тоа грчката амбасадорка Александра Пападопулу, на меѓународна конференција на регионални министри за култура во Скопје и на која беше и евроамбасадорот Ерван Фуере демонстративно напушти затоа што не се согласувала Македонија да го користи уставното име дома. Но, МНР не сметаше дека овој дипломатски испад е вреден за протестна нота.
    Германската амбасадорка не истакна став на својата земја. Грчката амбасадорка многу остро и јасно го искажа ставот на својата земја. На Германците им тренираме строгост, а од Грците ни е фуфка.
    Затоа што Грците не смеат да се налутат. А другите може да се лутат оти не се толку важни.
    Иако, кога ќе видиш како се држат во спорот на Македонија со Грција, другите ЕУ земји и стварно не се толку важни.

    4 На телевизите во главните термини одат бугарски “Идол”, хрватски “Идол”, српски “Преживеани” и “Операција Триумф”, “Жикина династија” од Белград и разни сапуници од Загреб.
    Во кафеаните и дискотеките ечи српски турбо фолк.
    Купуваме во “Беверли Хилс”, “Лептокарија” и “Палома Бјанка”. А во Ѓорче Петров се гради саат кула “Биг Бен”.
    200.000 Македонци побарале бугарски лични карти. Секоја трета кола е со бугарска регистрација. Секој трет Македонец го вее само албанското знаме. Секој втор Македонец чека грчка виза…
    Ама, името не го даваме. А за идентитетот ич муабет не правиме.

    5 Денеска е изборен молк. Но, тоа не е причина да не одбележиме уште еден голем македонски придонес кон аналите на демократијата.
    Во слободните територии Брест, Танушевци, Малина Маала и Блаце. претседателите на избирачките одбори не можат да бидат локални граѓани Албанци, оти на минатите избори се истакнале со пукање, полнење кутии и групно гласање. Затоа ставиле нови претседатели од други места и тоа Македонци. Според принципот за национална и родова застапеност што за прв пат се спроведува на овие избори.
    Новите претседатели на одборите си зеле боледување. Превентивно. За да не ги заболи глава од многу демократија.
    Има ли посмешна земја за избори од Македонија?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира