СЕВЕРНА ИРСКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:299:"КогаВладатаќезастанезадверскиобјектизлегувадекаенормалнодекааконесизацрква,тогашнесиМакедонец.Утре,аконесизаџамија,немадабидешниАлбанец.

    1 Црквата во Хрватска ќе го запре градењето нови цркви, затоа што земјата е во рецесија и сите пари собрани од верниците ќе ги пренасочи за солидарна помош на луѓето што не можат да си ги платат кредитите и на оние што останале без работа.
    И кај нас поради кризата луѓето остануваат без работа и не можат да си ги платат кредитите. Ама, разликата со Хрватска е што таму цркви гради Црквата, а кај нас државата.
    Таму црквата ќе им плаќа на тие што немаат. А кај нас Господ ќе им плати.

    2 Многу зборови беа кажани околу тепачката на плоштадот Македонија минатата сабота. Видовме и партиски манипулации, чувме и фашистички пораки, се изначудивме на јавните повици “да се види колку сме Македонци”…МПЦ во чие има беа натепани тие што протестираа против изградба на црква на плоштадот се јави дури кога на телевизија ја повика американскиот амбасадор Филип Рикер. Се огласи само Скопската епархија, а поглаварот на МПЦ г.г Стефан уште молчи. Од ректорот на Скопскиот универзитет веќе никој не очекува да застане во одбрана на студентите.
    Полицијата гледаше сеир и не ги бранеше тие што беа нападнати од некои религиозни и партиски фанатици само затоа што не мислат како нив. А Владата пак падна на провокацијата на Бранко. Се однесува како да е во опозиција. Наместо како сигурна власт да да им даде на сите по еден мегафон и да ги остави тие што сакаат да викаат, да се изнавикаат. И на крај да ги игнорира како што правела секоја власт, лева или десна. Впрочем од такво ингнорирање на протести цело Скопје е претворено во дивоградба.
    А тоа што опозицијата така упорно манипулира со протестите е како да правиш дупка во чамецот во кој што сме сите заедно, само затоа што во него се вози и власта.

    3 Целата фрка почна кога Владата реши да гради нов верски објект со државни пари. Сеедно е дали е тоа црква, џамија, синагога или будистички храм. Што и да е, Владата свесно го крши Уставот според кој во оваа држава верата е одвоена од државата.
    И кога Владата ќе застане зад верски објект излегува дека е нормално дека ако не си за црква, тогаш не си Македонец. Утре, ако не си за џамија, нема да бидеш ни Албанец.
    Е па така е кога премиерот опиен од популизмот и антикомунизмот ќе заборави дека не го довеле на власт религиозните фанатици и партиските војници, туку гласовите на толерантните граѓани што сакаат да живеат во земја во која се почитуваат Уставот и законите.

    4 Многу пати не се согласувам со ставовите на европамбасадорот Ерван Фуере. И многу пати се лутам кога ни се меша во работите. Ама деновиве прочитав негова изјава во “Нова Македонија” со застрашувачка препорака: “Уставот е јасен во поглед на поделеноста меѓу црквата и државата. А секој што ќе се обиде да ја гледа религијата како политичко средство треба да оди во Северна Ирска и да ги види последиците, односно она што се случува кога религијата ќе се измеша со политиката”.
    Човекот е од Ирска и треба да му веруваме. Може треба да ги пратиме нашите пратеници, особено тие што на интернет повикуваа на пребројување и партиските лидери на мала турнеја низ Северна Ирска за да видат на што личи тоа. Мене ми беше доволно и ова што минатата сабота го видов на плоштадот Македонија.

    5 Македонските претставници на Евровизискиот фестивал, дуото “Некст тајм”, песната ја имаат преведено на англиски и на српски.
    Зошто на српски, а не на руски? Им кажал некој дека изборот за песна на Евровизија лани беше во Белград, а оваа година во Москва? Или пеат на српски “да те цео свет разуме”? Или мислат дека е доволно космополиткси што името на дуото е на англиски.
    Светот се сврте наопаку. ВМРО-вците пеат српски, Бугарите македонски, а Евросонгот во Русија.

    П.С. Покрај сите поделби во општеството се актуелизираше и поделбата во новинарството. Па добивме наши и ваши медиуми, македонски и немакедонски сопственици, олигархиски и ситнопиљарски весници и телевизии, леви и десни новинари… А всушност има една и единствена поделба – на професионалци и на дилетанти. Професионалните работат според светските стандарди на новинарската професија, а дилетентите не се ни новинари. Тие работат нешто друго.
    Затоа сакам нешто да им порачам на сите што се обидуваат мојата независност и независноста на весникот што го водам да ја врзат со нечие име и со нечиј интерес и се обидуваат да ми прават разни притисоци.
    Следниот пат кога нешто нема да ви се допаѓа во Вест не ми се заканувајте дека ќе им се јавите на директорите. Џабе си трошите муабет.
    Кога се вработувате во ВАЦ знаете дека новинарскиот дел е строго одвоен од менаџерскиот. И ниеден директор не смее да интервенира во уредувачката политика на весниците. Тоа им е напишано во договорите и на директорите и на новинарите.
    Знаете, за разлика од другите медиуми ние потпишуваме прецизни договори за правата и обврските, во кои дури и слободата на уредувачката политика е загарантирана.
    А ако директорот сепак реши да интервенира, а главниот уредник попушти, тогаш и едниот и другиот ризикуваат да ја загубат работата. Во системот на мојот весник, кој е само мал дел од меѓународна германска медиумска групација има јасно и цврсто одредени стандарди што се запишани на хартија, кои ниеден главен уредник, ниту директор не смее да ги прекрши. Овој систем функционира во далеку поразвиени демократии од нашата, како што се Германија и Австрија, ама и во млади демократии како Унгарија, а се покажа отпорен и на притисоците во Бугарија, Романија, Албанија, Србија и Хрватска.
    Таа слобода за независност со строго почитување на овие стандарди кај нас е освоена. И како главен уредник на Вест не сум спремен да ја компромитирам заради ничии интереси.
    И нека извинат борците за слобода на информирањето кои самите си го дале газот под кирија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира