ШАНСА ЗА РОМАНСА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:44:"Бранко,дајмуинаФрчко

    1. Ајде да пробаме да бидеме оптимисти. Еве да им дадеме шанса на луѓево што ги избра Бранко да покажат дека нема да бидат исти. Министрите – вака така, ги прошара. Меѓу нив има луѓе што решиле по некоја дропка, а на некои богами и резултатот им бил точен. Ама, што правиме со овие имиња што ги слушаме деновиве во некакви си втори, трети ешалони на власта? Тоа се проверени луѓе на Бранко. Со нив тој ги изгуби изборите пред 4 години. Со нив е на добар пат да ги изгуби и следните.
    И Бранко не е истиот. Постар е 4 години. А со стареењето по малку почнува и да заборава. Делејќи им шанси на сите ќе стигне и до претседателскиот тандем – Трајковски – Фрчкоски. Двајцата си требаат еден на друг за полесно да стигнат до премиерот. На Борче му треба Фрчко за да биде попаметен, а на Фрчко – Борис за да може да ја води државата.
    И така, премиерот сега му ги преотстапи преговорите со Грција за името во ОН на Фрчкоски. И Фрчкоски се пофали дека неговиот тим ќе се залага за брзо решавање на спорот. Веднаш кажа со каква позиција ќе настапува. Грците веднаш му одговорија. А на Владата баш и е гајле. Бранко ќе се загрижи кога Парламентот ќе треба да го ратификува тоа што ќе им го смисли Фрчко. Пак.
    Ако веќе Бранко му дава шанса на Верушевски да си го врати станот во МВР, на Муса Џафери да научи македонски јазик, а за Софија Тодорова размислува да ја стави во Фондот за здравство оти сите министерства за неа се истрошени, глупаво е уште да му се лути на Фрчкоски, и тоа врз основа на една дамнешна провокација дека во СДСМ се поделени на “сељаци” и “граџани”.
    На Фрчко треба конечно да му се даде шанса да покаже што знае. Оти тој немаше шанса да биде офанзивен во спорот со Грција кога беше министер за надворешни работи. Кога беше министер за внатрешни работи немаше шанса да покаже што знае оти пробаа да му го убијат претседателот. А и во првата влада, кога беше министер без ресор немаше шанса да се истакне оти го правеше Уставот на Македонија. Да не беше Борис и оној рамковниот договор минатата година, не ќе му беше дадена шанса и да го смени.

    2. Баш ме интересира до кога Бранко и Борис ќе бидат во љубов. На што прво ќе се сопне кохабитацијата? На Фрчко, или на Доста? Освен ако Бранко не заборавил и дека некој го прислушкуваше.
    Дури и спикерот Никола Поповски јавно го жали Боре наш по оградувањето на Љубчо од него. Никола вели дека сега Трајковски бил во многу непријатна ситуација. Е, навистина е непријатна. ВМРО-ДПМНЕ да те направи претседател за СДСМ да те жали.

    3. ВМРО-ДПМНЕ си дојде на своето. Повторно се во опозиција. Тоа им е природна средина оти тие и додека беа на власт постојано се однесуваа како опозиција, Цело време СДСМ им беше виновен за се.
    Затоа и портпаролот Владимир Ѓорчев дава онакви изјави за невидени смени и сталинистички чистки. Кој ги направи портирите-директори, кога Љубчо дојде на власт? Ај портпаролот нека си ја праша Доста. Или и на неа не се сеќаваат.

    4. Од сите работи што Бучковски треба да ги заврши во Министерството за одбрана, тој почна со тужба против Ѓорчев. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ сега е поприоритетен отколку НАТО, да речеме, или обезбедувањето на границите, платите на резервистите, незадоволството во военото воздухопловство… Сето тоа не е ништо наспроти заканата за безбедноста на татковината што доаѓа од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

    5. Еден директор на училиште во Куманово и забрани на полицијата да интервенира кога ученик извадил пиштол. Децата сакале да видат дали “магнумот” пука посилно од петардата. И – полицијата не влегла. Се исплашила од директорот!
    Тој им рекол: “Нашите деца се плашат од полиција!”. Мене во детството ме учеа дека ако се плашиш, треба да викнеш полиција. А сега ги учат дека треба да се плашат од полиција.
    Што живот ќе има тој директор и тие деца на кои иднината ќе им ја определува “магнумот”. Во образовниот систем на Македонија дојде време кога на сред час некому ќе му текне да проба што пука повеќе – “магнумот”, или бомбата.

    6. Кај се загрижените од ОБСЕ, НАТО и ЕУ да реагираат на штрајкот на средношколците од албанските паралелки од економското училиште во Тетово, како притисок врз власта да се ослободеле осомничените за изживувањето врз градежните работници.
    Зошто ги нема загрижените да го искоментираат случајот со Шемшево и децата што чуваат стража покрај бистата.
    Гледаат ли тука злоупотреба на децата во политиката, или и тоа спаѓа во корпусот на човековите права.

    7. Бидејќи кога доаѓа некој странски претседател полицијата ни препорачува да не се движиме многу низ Скопје, страв ме фаќа што ќе се случи идната недела кога ќе биде Самитот на ЦЕИ и кога ќе дојдат 17 претседатели и премиери. Ако веќе полицијата не може да не телепортира на некое друго место, најдобро е власта да прогласи државен празник со седење дома.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира