СИКТЕР КАФЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:123:"ЉубчоиБранконепијаткафезаштонадецатаодкафеимрастеопашка

    1. Главна политичка тема во Македонија веќе не се изборите, туку – кафето. Кога по повеќе години ќе се отвораат полициските досиеја, ќе се открива кој со кого пиел кафе.
    Тогаш ќе се дознае дека Доста е голема љубителка на кафе. Ама сака да пие само со луѓе со фини манири и добро однесување. Затоа Бранко не доаѓа предвид за кафе – муабет. Затоа што е агресивен. Каков што е серт, може да ја нападне министерката. А и тој не би ја избрал неа. Знае како ќе му го зготви. Којзнае колку е опасно кога на Доста ќе ѝ зоврие.
    Затоа, Доста го кани Никола Поповски на кафе. А тој одговара дека би се дружел со неа, ама само како политичар со политичар. Да се знае. Женет човек.
    Зошто Љубчо и Бранко не пијат кафе заедно? Затоа што не се по кафето. На последниот ТВ-дуел, дознавме дека Бранко пие виски, а Љубчо седативи. Нормално би било да се напијат и кафе, бидејќи тоа се пие за отрезнување и расонување. Ама, поарно е да не пијат. За доброто на сите нас. Затоа што кафето го крева притисокот. А можат да им пораснат опашки.
    Ако веќе решат да пијат, тогаш нека им биде сиктер кафе.

    2. Сите се канат на кафе. Зошто никој не пие чај? Ќе се налути Џафери.

    3. Ни се погодија изборите. Имаме продолжена туристичка сезона. Сите отидоа за Охрид. Велат, ај на кафе, кога таму – избори. Охриѓани, како по обичај, нервозни кога ќе им дојдат туристи и сешто се случува. Кафе немат, имат пишчолишча.
    Кафето во Македонија е оригинално. Има автентичен латиноамерикански вкус. Како и демократијата. Поарни сме и од Албанија, која на последните избори драстично потфрли. Немаше ни еден повреден, а за загинати ич да не зборуваме.
    Од сега, во Македонија на гласачко место ќе се оди со панцирен елек. За да успеат изборите, гласачите ќе мора со избирачката легитимација да понесат и по еден калашников за самоодбрана и бомба кашикара за остварување на легитимното граѓанско право. Откако со неколку рафали гласачот ќе се појави на избирачкото место, ја вади бомбата и, како што е ред, ја става во гласачката кутија. Тоа е вистински “бум” на демократијата.
    Ако овие избори не успеат, постои и план “Б”. На следните избори, Собранието ќе распише предизбори. На овие избори граѓаните ќе гласаат за полицајци. Секој гласач ќе може да си избере личен полицаец што ќе го следи до гласачкото место.
    Во секој случај, изјавата на премиерот дека опозицијата имала три пати повеќе рекетари отколку власта, влева доверба во системот. Значи, Македонија е безбедна земја. Целосно е покриена. На местата каде што нема полицајци, има рекетари. Нема каде да да бегаш, те чуваат од сите страни.

    4. Европската унија бара од нас да ги примиме сите нејзини непожелни граѓани што од Македонија заминале кај нив. За возврат ќе ни ги укинеле визите.
    Никој не знае колку косовски и босански бегалци, Курди, Албанци, Романци, Молдавци и други што нелегално од тука заминале во Европа треба да прибереме, па после да им бараме чаре. Имајќи го предвид однесувањето на ЕУ, ние нив ќе си ги прибереме, ама визите нема да ни ги укинат. Не за друго. Кога ќе ги прибереме сите, ние ќе мора да се селиме.

    5. Министерот за правда Насуфи е во Тајван. Го бара изгубеното писмо за екстрадиција на Велиу, осомничен за бомбашките напади низ западна Македонија.

    6. Еден минувач што ме препозна на улица, пред некој ден ме замоли во “Сакам да кажам” да им предложам на политичарите, и од власта и од опозицијата, да си ги разгледаат семејните албуми. Вели: “Нека се видат како изгледале и што носеле пред седум – осум години кога играле на свадби и нека се видат сега пред огледало.”

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира