СИМПТОМАТИЧНА ВАКЦИНАЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:129:"МинистеротМаневскиќепобараодговорностодсудиитенаПарискиотсуд

    1 Ај ние што мислиме за пратениците, не е важно. Ама што ли си мислат пратениците за себе. Дека тие навистина можат да нѐ внесат во ЕУ? Замислете, тие треба на нашите деца да им донесат подобра иднина. Мајко мила. Тешко на нашите деца.
    За последнава седница на Собранието велат дека била циркус. Не е точно. Циркус е многу сериозна работа. И за да добиеш работа во циркус, треба претходно да се отепаш од работа. Треба да се внимава. Не смее да се навредуваат артистите во циркусот со тоа што нашиот парламент ќе се споредува со нив.
    На крајот на краиштата, да беше Парламентот циркус, ќе ги носевме децата во Собрание. Во циркус се оди за забава, а Собраниски канал се гледа за вознемирување.
    Според категоризацијата на ТВпрограми треба да има знакче кое ќе означува дека преносите на Собранискиот канал се забранети за деца, дури и во придружба на родителите. За нивно ментално здравје.

    2 Сега расправаат нешто за Бучковски. По десетина дена ќе се караат за интерпелацијата на спикерот Љубиша Георгиевски. После ќе се вратат на деловникот. Па ќе го актуализираат законот за лустрација. И ќе си дојде октомври. А во октомври Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ.
    Каде е законот за јавно обвинителство? Каде е законот за јавен обвинител?. Каде е судскиот совет? Каде е управниот суд?
    Од најбитната реформа, која практично е најголемиот услов за ЕУ и НАТО, нема ни “Р”. Што ќе ни речат во Брисел во октомври?
    Нема што да ни кажат. Ќе ги пуштат старите ленти што ги вртат 15 години. Исто па исто. Вратите во се отворени. Ама вие седете си дома.

    3 Зошто Владо Бучковски кога зборува за себе, зборува во трето лице еднина? Дека не е обичен човек? Или дека се мисли за институција?
    И пратеникот Иван Стоиљковиќ велеше дека Бучковски не бил обичен човек и не смеел така да се притвори. Е што е толку необичен? Да не има четири јајца?
    Демек, ние обичните можеме да бидеме притворани и ако не збориме во трето лице еднина.

    4 На 26 август ќе измине првата година од владеењето на Груевски. Кога спроти 104. годишнина од Илинден решија да апсат бивш премиер, чија ли глава да ја очекуваме на 25 август?

    5 Министерот за правда Михајло Маневски рече дека истражната судијка во случајот против Бучковски и другите не го спровела доследно законот, со тоа што различно им ја изрекла мерката притвор на осомничените. Извршната власт се меша во работата на судската власт. Кои по дефиниција и по закон се независни.
    По навика, Владата расправаше и за одлуката на Арбитражниот суд во Париз за отштетата што Македонија треба да ѝ ја плати на ОКТА.
    Тие мислат дека Судот во Париз е како Скопскиот суд. И дека Владата може да расправа за судски одлуки.
    Сега портпаролот Боцевски в недела нека одржи пресконференција со списокот на успесите и утките на Парискиот суд.
    А Маневски нека даде оценка за работа на париските судии и нека ги повика на одговорност. Дури и жена му, како апелациска судијка, може да ја прати да им се јавува на судиите во Париз.

    6 Министерот за земјоделство Ацо Спасеноски им препорача на винарските визби годинава да ја покачат откупната цена на грозјето за 20 отсто.
    Зошто само 20 отсто? Зошто не 22 отсто? Зошто не 50 отсто? Зошто не 100 отсто? Ако министерот препорачува, нека биде саглам препорака.
    Министерот Спасеноски е во влада која поддржува пазарна економија. Ама тоа што доаѓа од партијата на Ѕинго му дава за право да воведува планскоадминистративно стопанство. Ако треба цената на грозјето ќе се покачи со министерски декрет.
    Ај што препорачува, туку министерот и се заканува. Им рече на тие што нема да ја почитуваат препораката дека државата има начини и методи да ги санкционира.
    Нека не му ја мислат многу. Има само еден сигурен начин за санкционирање. Нека ги стават директорите во затвор.

    7 Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски даваше изјава дека неговата партија не била поканети од ДУИ за прославата од годишнината на Рамковниот договор. Тоа го прочита пред камерите. Ама надвор од напишаното му поставија логично прашање: “А дали ќе одевте на прослава ако ве поканеа?”.
    Бичиклиски подзастана, длабоко се замисли, сериозно ја навали главата и рече: “Еее, тоа е веќе симптоматично!”.
    Што е симптоматично?
    Го знаете ли овој виц?
    Отишол Бичиклиски на доктор и вика: “Докторе, кастрација!” А докторот загрижено му вели: “Како бе кастрација, да не си грешка?”.
    “Не докторе, кастрација!, упорен е Бичиклиски. Власт си е власт, докторот не сака да ризикува затвор и му ја исполнил желбата.
    Се буди Бичиклиски, се плеска по чело и вика: “Докторе бе, вакцинација беше!”.

    8 Министерот за одбрана Лазе Еленоски вчера беше домаќин на слет по повод Денот на АРМ. Лазе во сенка, а децата на сонце велеа дека се наше злато за нивно НАТО.
    Лазе е министер од партијата на Тито Петковски. Помал е од Тито, а веќе има слет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира