СИРОТИ ШВЕЃАНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:329:"Тетово,какоопштинасонајбројноалбансконаселение,сезадушуваодзапаленадепонијаинемаводазапиење.Етоаевистинсковизионерство.Тоаепатриотизам.Паихраброст,богами.

    1 Имаше ли некоја изјава од американската амбасада во Скопје, откако отворањето на основно училиште во Џепчиште, изградено со пари од македонскиот Буџет, се славело со албанската химна? Притоа заменикминистерот за образование изјавува дека нема ништо чудно во тоа оти таму децата учат на албански јазик. И се работи за деца што живеат во Македонија и имаат македонско државјанство. Плус и Џепчиште е во Македонија.
    Дали и оваа изјава ќе биде пофалена како “визија и патриотизам”, исто како што американската амбасада го пофали поклонувањето пред споменикот на учките во Слупчане на министерот за одбрана Фатмир Бесими, сосе офицери во униформа на АРМ?
    Многу би сакал да знам дали и во САД би го сметале за патриотизам и визија свирењето на мексиканската химна на отворање на јавно училиште во Тексас, изградено со пари на американски даночни обврзници, само затоа што таму учениците ќе учат на шпански? И дали ќе се смета за визионерство и за патриотизам ако советниците на општината во која повеќе од 25 отсто се Арапи, одлучат школата наместо да се вика “Мартин Лутер Кинг”, да се вика “Осама Бин Ладен”? Тој ја нападна Америка, исто како што Македонија беше нападната од УЧК. И сега, едно училиште во Чаир ќе го носи името на “легендарниот командант” на УЧК Адем Јашари.
    Баш ме интересира дали ова би се сметало за визија и патриотизам во држава која се колне во почитување на законите. Оти, кај нас Албанците прават наопаку. Тие прво ќе го скршат законот, ќе направат беља, па ќе ја легализираат бељата.
    Каде оди овој патриотизам и оваа визија?
    2 Сега и Бугарите се закануваат дека ќе го блокираат приемот на Македонија во ЕУ поради “различна интерпретација на заедничката историја”.
    Немаме ние проблем со прифаќањето на бугарската историја. Прифаќаме дека во Втората светска војна Бугарија била фашистичка држава и сојузник на Хитлер. Исто како што прифаќаме дека бугарската фашистичка власт во Македонија депортирала 10.000 македонски Евреи во логорите на смртта. Ама Бугарија не ја прифаќа таа своја историја.
    И затоа не ме чуди што сакаат да бидат поголеми душмани од Грците. Да клоцнат во матно. Исто како што во војната биле поголеми фашисти од Германците. За да се докажат пред Хитлер.
    По кои критериуми Бугарите ќе нe блокираат за влез во ЕУ?По Копенхашките критериуми што тие ги исполнија? Оти нив не ги примија со политичка одлука затоа што на ЕУ и` требаше излез и на Црно Море. Туку ги примија затоа што немаа криминал, корупција, улични мафијашки пресметки, добро судство, почитуваат малцински права и направија реформи? Или затоа што проневерија милијарда евра од пристапните европски фондови? Па кога веќе им ги потрошија парите, на ЕУ не $ се исплатеше да ги откачат.
    3 На државната агенција МИА беше пуштена една вест за утеха. Дека во Македонија сe уште се точи најевтин дизел во регионот. Притоа, дизелот е поскап во Грција и во Турција. Пониска цена има во Србија и во Албанија, а слична цена на македонската е и во Црна Гора, Косово и во Босна и Херцеговина. Во Европа најскап дизел се продава во Норвешка.
    Во кој регион спаѓаме ние?
    Глупави Норвежани. Кај што произведуваат нафта, кај што скапо ја плаќаат, а ние им ја пиеме.
    4 Пред дестина дена имавме слична споредба и со цената на струјата. Утешно ни соопштија дека во Германија струјата е поскапа од кај нас.
    Има една мала, ама квалитетна разлика. Ние не плаќаме струја во Германија. А и не живееме таму.
    5 Ја чувте веста дека дрвата ќе поевтинат? Беше емитувана на национална телевизија. Плус, веста беше проширена и надградена со уште една вест дека е зголемен бројот на домаќинства што се греат на дрва.
    И тоа сега треба да нe радува? Која држава стимулира сечење дрва за огрев? Каде живееме?
    Во Шведска главната железничка станица во Стокхолм се загрева со апсорбирање на топлината на околу 250.000 луѓе што секојдневно поминуваат низ неа. Ја собираат енергијата од дишењето. Ама имале вишок енергија, па сега размислуваат дали да ја потрошат за греење вода, или да направат станица за полнење електрични коли. Во Германија веќе со децении се греат на измет и на ѓубре. Па дури и еден Белград нарачал автобуси на струја. А ние направивме згради што во зима не можаш да ги стоплиш, а во лето не можеш да ги изладиш. Плус ги сечеме шумите за да се грееме. Од дрвата ќе правиме струја.
    Сироти Швеѓани. И тоа ти било визионерство. Таков ладен народ, а се греат со воздишки. А Тетово, како општина со најбројно албанско население, се задушува од запалена депонија и нема вода за пиење. Е тоа е вистинско визионерство. Тоа е патриотизам. Па и храброст, богами.
    Секоја будала со своја радост.
    6 Сте забележале ли колку јапонски туристи во последно време шетаат низ Скопје? Со воодушевување му посветуваат внимание на секој агол од центарот на градот.
    Јапонците се познати по максималната рационалност за искористување на просторот. Тие се научени да живеат во тесно, во мали станчиња. Ама дури и тие се фасцинирани како толку мал простор може да собере толку многу споменици.
    Иако има и скептици кои сметаат дека има уште многу неискористен простор.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира