СИТЕН ИГРАЧ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:107:"Штосе200милионинаБранко,воодноснамилијардатанаЦиле

    1. Бранко е фино воспитано момче. Кога ќе згреши се извинува. За разлика од Љубчо што не си ги признава грешките. Тој се извини само за Борис Трајковски.
    Што имаме ние од тоа што Бранко си признава дека ја утнал работата? Ветувања за идната година. И така од 1992 година до денеска.
    Баш е скромен. Ако веќе е оптимист, нека пушти срце. Без милијарда долари ние ветувања не признаваме. Што се 200 милиони на Бранко во однос на милијардата на Циле. Каде се парите за Бунарџик и за спортските сали?
    Оваа година Бранко призна дека не успеал да создаде места за нови вработувања. Ама вети економски бум за вгодина. Што ако догодина, ова време, Бранко признае дека од објективни причини не успеал да донесе пари. Ништо. Мајките и натаму ќе бидат вљубени во него и ќе викаат дека е убав и паметен, а ќерките и синовите ќе им бегаат во странство.
    Оваа година е година на стабилизација. Ако 2004 година биде година на економијата, 2005 ќе биде година на уживање во благодетите од 200-те милиони. А 2006 година ќе биде година на освестување. Одиме на избори.

    2. Највисокото партиско раководство на СДСМ седи во најбитните министерства. Луѓето од Политбирото ги држат финансиите, одбраната, надворешната политика, внатрешните работи и европската интеграција.
    Во времето на Комунистичката партија, само претседателот на Владата беше член на Политбирото. Ако имало и други министри од највиското партиско раководство, тоа ептен ќе беше едноумие.

    3. Иџет Мемети повторно стана министер за правда. На ова место доаѓа од Уставниот суд. Независниот уставен суд регрутира независни партиски кадри за министри.
    Зошто Бранко не си ја пополни владата и со други независни експерти, како Мемети. На пример од Републичкиот судски совет.

    4. Почна акцијата за враќање на оружјето. Пример даде и Фатмир Дехари, заменик директор за контраразузнавање. Врати пушка, што му била подарок од пријател од Косово. Дехари се откажува од драгите спомени. За време на жетвата на НАТО пред две години вратил топ.
    Пред неколку дена во Матејче беше вратен тенк. Ако некој пред две години вратил топ и потоа станал заменик на министерот, тогаш тој што го вратил тенкот сигурно е веќе министер.

    5. Вицепремиерката Радмила Шеќеринска ја објасни својата идеја за апликација за членство во ЕУ. Таа на пратениците им рече дека не може да се добие на лото, ако не се купи ливче. Така и Македонија, ќе аплицира за членство, за да ја примат во ЕУ.
    Рада ќе купи ливче за лото и ќе чека да ја извлечат за да станеме членка на ЕУ. Многу луѓе купуваат тикети, а не добиваат премија. Од каде тогаш Рада е сигурна дека баш со среќа се влегува во ЕУ?
    Еве како изгледа лотаријата за членство во ЕУ, со правилата за игра прочитани од министерката за евроинтеграции. Седи Романо Проди во некое студио во Брисел, преправен во Игор Џамбазов и кажува некакви бројки. До него, некоја белгиска Натали ги врти топчињата во барабанот. Влече Натали, влече, ама на топчињата никако да се појави името ФИРОМ. И на крај, Романо очајно извикува: “Дај и на Рада, Натали!”

    6. Убаво е да си член од широкото и сложно семејство на Европската унија. Не е пријатно само ако си турист заглавен на британски брод и ако некаде по Медитеранот те фати стомачен вирус.
    На англискиот брод “Аурора” на кој половина патници добија пролив и повраќаа не му беше дозволено да вплови во грчкото пристаниште Пиреја. Кога по два дена, патниците се истоварија на Гибралтар, шпанските власти ја затворија границата кон оваа британска колонија. И Британија и Шпанија и Грција се земји од обединетите европски држави.
    Замислете си ваков случај во Соединетите Американски држави. На пример, кога на брод што тргнал од Бостон, не би му дале да ги истовари болните патници во Мајами, туку би го пратиле од другата страна, во Сан Франциско.
    Среќа што “Аурора” е британски брод и што болните патници биле државјани на Европската унија. Замислете што ќе се случеше ако бродот и патниците беа од некоја земја што не ги задоволува европските стандарди за човекови права и за хуманизам. Ќе го потопеа.
    Ние ја видовме европската приказна за хуманизам на нашиот брод. Тој се викаше “Стенковец” во 1999 година. Сега ни е појасно зошто нас не оставија да умираме заедно со 300-те илјади косовски бегалци. Тие и своите европски сограѓани во европски пристаништа ќе ги оставеа да умрат на брод.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира