СКАПА ЛОПАТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:119:"Ниеќеплаќаместруја,анаБранкоќемусебројатновиинвестиции

    1. Инвестициониот циклус почна. Бранко фрли лопата. Ќе се гради трета хидроцентрала на Треска. Значи, тоа што го вети минатата година почна да го исполнува. И тоа – на оригинален начин. Инвестицијата сама ќе си се надополнува. Како перпертуум мобиле.
    Ќе почнеме со 15 милони евра. За да се соберат тие пари, ќе се покачи цената на струјата. Потоа ќе се земе кредит од 30 милиони евра. За да се врати кредитот, ние не ќе мора да се грижиме. Тоа ќе го плаќале идните генерации. Оти тие ќе живееле во светла иднина.
    По истиот урнек, Бранко може да направи не 200 милиони, туку милјарда евра инвестиции. Ќе реши да инвестира во нов водоводен систем. И – ќе ја покачи цената на водата. Или, ќе гради нови депонии. Па ќе ја покачи цената на ѓубретарината.
    Скапа е лопатата на Бранко. Ние ќе му плаќаме, а нему ќе му се бројат како инвестиции. Ќар до гуша.
    Економскиот бум започна. Најголемата инвестиција на Бранко е народот. И тоа не сите. Тие што плаќаат струја.
    Не дај боже Бранко пак да дигне лопата. Ако влегуваат вакви инвестиции поарно економскиот бум да го пренасочиме за некоја друга држава.

    2. Во Собранието на Македонија повторно ќе се ограничат дискусиите. Ограничувањето важи за расправата за легализирање на тетовскиот универзитет.
    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јани Макрадули завчера ни откри уште едно демократско искуство од арсеналот на неговата партија. Дискусиите ќе се ограничеле оти на македонските граѓани не требало некои работи да им се објаснуваат повеќе пати. Граѓаните биле паметни.
    Значи СДСМ не го ограничува правото на говор на опозицијата, за на брзина да го помине законот за тетовскиот универзитет, како што мислат глупавите граѓани. Тие тоа го правеле за доброто на паметните граѓани.
    Утре нема да ме зачуди, кога веќе има толку паметни граѓани, СДСМ во нивно име да ја укине и опозицијата. Си има избори, си има победник, победникот одлучува за се… На народот треба само да му се каже што одлучил СДСМ и како си изгласал во Собранието. Паметни сме, ќе разбереме. Нема потреба тоа да ни го кажуваат повеќе пати. Нека ни го кажуваат секои четири години.

    3. Владиката Агатангел на Божик не само што со порака ја искара владата, туку реши да му пресуди и на судот. Тој во име на Бога се обиде да направи притисок врз судот за еден имотно правен спор кој е во налдежност на законот за денационализација.
    Ај што за најголемиот празник, кога сите го слават Христовото раѓање, Владиката како Божји слуга се кара, ај што се меша во политиката, ај што се меша и во судството, туку сега одредува и кој е научник, а кој не. Што е ова? Нова инквизиција? Крстоносна војна? Или само свештеник кој не си ја гледа својата работа.
    Во жарот на анатемисувањето, Владиката Агатангел толку се занесе што дури не можеше ни разбирливо да си го прочита, тоа што му беше напишано.

    4. Британската влада објави список на земји чии авиони не смеат да слетуваат, ниту пак да ја надлетуваат Велика Британија од безбедносни причини. Во списокот на забранетите е и Албанија.
    Во Албанија за авиосообраќајот се задолжени Албанци.
    Македонија не е на списокот на забранети затоа што авиосообраќајот кај нас е во рацете на Агрон Буџаку, министер за транспорт, Илир Мехмеди, директор на Цивилна воздушна пловидба, Орхан Рамадани, директор на аеродромското претријатие и Уљуси Декири, заменик директор на Скопскиот аеродром.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира