СКЕНДЕРБЕГ МАКЕДОНСКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:70:"Евеќегосменимеимето.НаАлександар.

    1 Замислете си на прославата на Денот на САД, 4 Јули, зад Барак Обама и неговата сопруга Мишел, кои се држат за рака и се поздравуваат со граѓаните, да се појават специјалците што упаднаа во Пакистан и го убија Осама бин Ладен.
    Е токму тоа се случи на 5 јуни вечерта на плоштадот во Скопје, кога полицаец од единицата за специјални задачи “Тигри” до смрт претепа младо момче на плоштадот Македонија во Скопје. Убиецот во обична маичка го видовме на неколку снимки како се движи меѓу народот на улицата Македонија, на неколку метри зад премиерот Никола Груевски и неговата сопруга Боркица, кои се држеа за рака и се поздравуваа со граѓаните.
    Кој во МВР оценил дека прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучително опасен настан, па издал усна наредба до припадници на специјалците да се преправат како цивили и да шетаат во славеничката поворка? Кој во непосредна близина на премиерот и другите функционери испратил специјалци кои се обучени да напаѓаат, а не да бранат? Така меѓу славениците измешаа луѓе со легална дозвола за убивање. Затоа што едноставно тие се за тоа обучени. И затоа што едноставно специјалци се вадат за специјални пригоди. А телохранителите имаат друга задача. И претпоставувам дека се обучени за тоа.
    Толку за индивидуалната одговорност за која зборува министерката Гордана Јанкулоска. Убиецот е познат. Ама кој го испрати да убие не кажуваат.
    Ако ова може да се случи додека славиш, кој знае на што се подготвени додека протестираш.

    2 Многу ми се забавни овие од СДСМ кои, израдувани оти не се поразени толку колку што очекуваа, сега смислиле нова тактика за да ја нервирале власта. Ќе се ситнеле на повеќе пратенички групи.
    Кој им ја смислил тактиката? Сигурно малиот Ѓокица. Тој така замислува опозиција.
    Тие пратеници што ќе прават нови пратенички групи веќе се на пазар. Кој знае, можеби веќе се и купени.
    Ете му ја на Бранко силната опозиција која допрва доаѓа. По изборните листи самите си напикаа лузери без кариера и без професија. Луѓе ги направија тие што немаат ни работно место, туку седат во кафеана и се гребат за бесплатен Интернет и чекаат некој да им купи кафе.
    ВМРОвците ќе им ги купат пратеничките групи додека се свестат. Додека се вратат од Халкидики, СДСМовците нема да можат ни да глумат опозиција. А камоли да им дојде времето.

    3 Слушам еден куп теории како ќе се правела владата, кој кого ќе уценувал, кој победил, кој изгубил и ред други глупости.
    Баш ми е гајле за преговорите за влада. Ние излеговме и гласавме, или не гласавме. Како граѓани си ја завршивме работата на 5 јуни. Е сега вие завршете си ја вашата работа. Оти вие сте политичари и за тоа ќе ве плаќаме и следните четири години.
    Наместо да се жалат дека Македонците се виновни оти не му дале повеќе мандати на ВМРО-ДПМНЕ за да не бидат уценувани од ДУИ, нека се свестат дека победиле. И дека од нив се очекува одговорност за победата.
    По 20 години демократија, белки сфатиле дека мнозинството не значи само права. И сите што излегле да гласаат на 5 јуни, без разлика за кого гласале, од победниците очекуваат само едно одговорно владеење. А не барање оправданија зошто не можат да владеат.
    Мнозинство не е за да правиш с што сакаш и баш да ти е гајле за другите. Мнозинство е да имаш поголема одговорност за тоа што го правиш.

    4 Н плашат дека ќе сме станеле како Белгија. Затоа што таму една година не може да се состави влада.
    За таа една година Белгија и без влада протурка економски реформи и држеше едно од најуспешните претседателства со Европската унија до сега. Таму се караат Фламанци и Валонци, ама и без влада, така скарани, подобро си ја водат државата отколку кај нас ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
    Кај нас од тревата што ги обраснала банкините на патиштата не се гледаат ни патоказите. А тревата нема кој да ја искоси оти прво имаше предизборна кампања, а сега нема влада. А нас со Белгија ќе н плашат.

    5 На анкетата на ВЕСТ на кого личи Александар од споменикот “Воин на коњ” што се монтира на плоштадот Македонија, убедливо води Фрчко.
    Што ти е судбина. Фрчко најмногу го експлоатира терминот “антиквизација”, а на крај баш нему Александар му се падна.
    Му е гајле. Си доби споменик на плоштад. Фрчко на коњ. Додуша, луѓето коментираат дека Фрчко бил понизок, ама па кој се сеќава колкав бил Александар?
    Ако на анкетата на ВЕСТ победи Фрчко, ќе отвори нов проблем за Владата. Ќе мора да го врати споменикот во Фиренца за да му се смени ликот. Или за да поминеме поевтино, да му го смени името на споменикот. “Воинот на коњ” да се вика “Скендербег Македонски”.
    Така, на патот кон ЕУ и кон НАТО ќе бидат отстранети двете најголеми пречки. И Али Ахмети ќе биде задоволен. И Грција нема да се лути.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира