СЛАТКА ОДМАЗДА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:73:"Вардарскаепархија-Вардарскабановина

    1. Што се нема да дочекаме уште овие три месеци до изборите? Државата отиде, државниот имот го раскрчмија, стопанството го уништија, народот протестира по улици без работа, парите ги собраа во свои банки, генерациите ги оставија без образование и иднина… И црквата ли мораше да ни ја продадат. Пет века под турско и пет децении под комунистички режим, црквата опстојуваше, ама неполни четири години под ВМРО-ДПМНЕ беа доволни и неа да ја уништат.
    Што мисли Љубчо со ова што ни ги прави? Сака да ни се одмазди предвреме, ако не го изгласаме во септември?

    2. Ај што Љубчо ни направи пустош, туку и божјиве избраници ни се како и Господ да не мрази. Што се нема да дочекаме од владиците. Да се крстиш со лева рака. Ете, Јован си ја одвои Вардарската епархија од МПЦ. Оти, таа му е од бога дадена епархија. Па затоа ќе оди кај српскиот патријарх Павле. Вардарска епархија – Вардарска бановина. Владиката Петар и за ова ли ќе рече дека е дупнат балон. Не е. Ова е дупната држава.

    3. Еве, откако Љубчо го потпиша предлогот на законот за двојни пасоши, замина на концерт на Цезарија Евора во Универзалната сала. Додека Снешка се ладеше со ладало во тактот на музиката, Љубчо неподвижен седеше и во музиката бараше инспирација. Како Нерон кога го палел Рим.
    “Што да им направам на овие луѓе утре? Да им смислам нова боја на пасошите? Ќе им ставам црвена. Додека ним им легне идејата за бојата, мене ќе ми легне уште нешто на сметката. Во меѓувреме ќе им ги пуштам оние моине Данило Глигоровски и Влатко Ѓорчев да си играат мајтап со нив. Прво Данило ќе објасни на МТВ дека тоа решение за двојните пасоши е многу добро и познато во многу земји. Другиот ден Влатко Ѓорчев ќе изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа законот што јас го потпишав.”
    Ај тој Данило, по логиката на нештата, како математичар не би требало да зборува глупости, па сериозно го сфативме. Си велам, ај човеков знае што зборува. Ама оној портпаролот Ѓорчев не можам да го разберам. Кога рече дека СДСМ е виновен што Георгиевски го потпишал законот, си реков: “Сигурно Бранко му ја свиткал раката на Љубчо и го натерал да потпише”. Ама не било тоа. Љубчо потпишал, оти СДСМ направиле предавство со рамковниот договор. Зарем и тогаш Бранко му ја свиткал раката?
    Е не било така. Љубчо не бил за рамковниот договор, иако го потпишал, а доказ е тоа што брзо ја напуштил церемонијата по потпишувањето. СДСМ е застапник на законите, а Љубчо ги потпишува.
    Добро, ако овој Влатко Ѓорчев е гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ, зарем тоа што го зборува е гласот на ВМРО-ДПМНЕ? Ако лаже, нека лаже, можеби некој и ќе му поверува. Ама, зарем мисли дека ние сме толку глупави да му ги прифатиме и глупостите.

    4. Важно Борис не ги прифаќа пасошите на Љубчо и Џафери. Какви глупости прави Љубчо за да си го задржи Џафери, Борис уште и ќе излезе паметен претседател.

    5. Нели не оди да се дружиш по балови и да ти свири класична музика, да имаш многу пари, а да немаш диплома. Затоа, власта покрај расфрлањето со пари почна да раздава и дипломи. Тука се фалсификатите за куририте и локалните вратари кои стануваат дел од интелектуалната елита во владејачката партија. Глумат граѓанско општество.
    Пустите, им кажал ли некој дека со диплома не се станува граѓанин.

    6. До кога ќе ги гледаме овие алчни пратеници. Господ дефинитивно не казнува што сме ги избрале оние аздисани ненаситници што си изгласаа за секое притискање на копче да си земат по 100 денари, а за секој амандман по 50 денари. Се што можеа да земат, грабаа.
    А онаму на буџетарите им дале К-15 со шест литра вино. Три – црно. Три бело. Па уште и некојси приучен бирократ од Бирото за стокови резерви мртов ладен изјавува: “Нека се напие народот да се развесели!”
    Ова не е добар потег на власта. Љубчо не го размислил до крај. Некој сака да го зезне. Оти, виното може да му удри на народот в глава. Се знае – од пијаниот и будалиот бега.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира