СЛАТКИ СОНИШТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:187:"Премиеротмислидекагласачитеќегосакаатповеќеакоизградицркваиџамијаотколкуболницаишколо

    1 На премиерот Никола Груевски му се сонило да гради црква на плоштадот Македонија во Скопје. Бидејќи е премиер, има државни пари да си ги исполни соништата. Во урбанистичкиот план не е предвидена маркичка за црква на Плоштадот. Ама тоа не е важно. Урбаната мафија успева прво да изгради, па потоа да легализира објект, а не, пак, премиерот. Не мора да корумпира општински службеници.
    Груевски оваа идеја ја изнел на владина седница. Сите министри со акламација ја прифатиле. Дури ни министрите Албанци не биле против. Зошто би биле? Ако може со државни пари да се гради црква, ќе може да се гради и џамија.
    Ме интересира кога ќе се донесе одлука со пари од буџетот, спроти црквата на Никола да се преизгради и Бурмали џамијата. Дали на првата наредна седница или коалиционите партнери ќе почекаат дветри недели.
    Во Уставот е запишано дека “Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот.”
    Премиерот е многу силен. Што и да предложи, сѐ му се прифаќа. Дури и кршење закон. Кога е веќе толку силен, што не предложи и измена на Уставот, па да не бидеме секуларна држава. Тогаш поповите и оџите ќе бидат на државна плата, а душите на сите ќе ни одат директно во рајот. И тоа ќе му биде прифатено со акламација.
    За загревање, на истата седница може да предложи расправа за тоа колку ангели можат да застанат на врвот на една игла. Бидејќи министрите, од страв да не кажат нешто што не му се допаѓа на Груевски, нема да расправаат, решението за нерешливото схоластичко прашање ќе го понуди премиерот. Безброј ангели.
    Ако мисли дека тие идеи нема да му поминат на затворена седница, тогаш нека закаже јавна седница на Владата. Во директен ТВпренос не може некој да не се согласи со премиерот.

    2 Ако веќе толку интензивно сонува и има наши пари за трошење, тогаш барем нека сонува ургентен центар, современи и чисти клиники каде што сите апарати работат, градинки и школи со греење, чисти клозети и доволно учителки, современи патишта и пруги…
    Има за сонување и трошење колку сакаш во оваа земја. Зар Никола мисли дека гласачите ќе го сакаат повеќе ако изгради црква и џамија отколку болница и школо?

    3 Нема, нема и Бранко пак ќе ја открие Америка. И оваа недела имаше некои “Дијалози за Македонија”. Претседателот овој пат ги викна странските инвеститори.
    Што им кажал Бранко на инвеститорите како Претседател, а што не можел да го направи 15 години како повеќекратен премиер и лидер на опозиција?
    Да не им се правдал дека сега не е во ситуација да продава земјиште за ич пари за супермаркет, и тоа да го слави како најголема странска инвестиција.

    4 Арачиново решило да си го исчисти имиџот на криминално дувло. Градоначалникот се пожали на полицијата што убива криминалци само кај нив, а остава криминалците слободно да шетаат низ Кондово.
    Сега Кондово ќе го тужи Арачиново за клевета. Му го рушат имиџот на оаза на закон и ред.
    Ова не е комедија на апсурдот. Ова е животот во Македонија.
    Полицијата во Арачиново при апсење убила криминалец кој се сомничи за убиство на полицаец и се бара за: грабнување, силување малолетнички, тешки кражби, за носење оружје без дозвола и за дрога. При апсењето во колата му наоѓаат репетиран пиштол и пушка, а дома уште пет килограми марихуана.
    Градоначалникот се жали дека полицијата не го апсела на фин начин. А селаните, како по обичај, ништо не виделе и ништо не чуле.
    Е па кога ќе гледаат и ќе слушаат, можеби и полицијата ќе апси на фин начин. Тогаш може и тие ќе побараат од градоначалникот да ги заштитува од криминалци, а не од полицајци.

    5 Шефот на мисијата на ОБСЕ Џорџо Радикати вчера изјавил дека нивните набљудувачи ќе продолжат да работат во Арачиново, и покрај одлуката на општинските власти да не соработуваат со нив и со МВР.
    Зошто ОБСЕ инсистира да има надзор во полициска акција во која се гони криминалец. И зошто полицијата тоа им го дозволува. Им треба ли надзор кога апсат Македонец криминалец? Или Србин криминалец? Или Американец криминалец?
    ОБСЕ им помага на криминалците да го грабнат концептот на човекови права и зад него да ги скријат своите криминални дела. Згора на тоа, криминалците си добиваат политичка платформа.
    Рафиз Алити вели дека полицијата имала парамилитарни структури. Кој го кажува тоа? Човекот што пред неколку години како парамилитарец пукаше во сопствената држава.

    6 Комедијата на апсурдот не завршува во Арачиново и во Кондово. На Камениот мост во Скопје некои луѓе со албанско знаме собираа потписи за ослободување на уапсените од Бродец кои беа фатени со сто тони оружје.
    Кога ги прашуваа зошто се потпишуваат, некои не знаеја да одговорат, а некои спремно одговараа: Затоа што се во затвор.
    Па каде да бидат? На Хаваи? Или на Кариби?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира