СПРЕМНИ ЗА СЕКС

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:79:"Македонијадобизебра.Којетукамагарето?

    1 Го гледав завчера шведскиот амбасадор во Македонија Ларс Петер Фреден, кој на Владата и порача дека до седми декември, кога министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат и ќе решаваат дали да и се даде на Македонија датум за преговори, остануваат уште само шест недели и еден ден. Денеска веќе има уште само пет недели и шест дена. Значи, пропуштени се два дена од она што и амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере го вика “најдобар момент за да се најде конечно решение со Грција”.
    Ова ме потсетува на периодот пред и по Букурешт, кога поранешната американска амбасадорка Џилијан Миловановиќ не пропушташе прилика да каже дека “сега е времето да се реши проблемот”, “искористете го моментот додека Буш е претседател на САД”, “ако сега не го решите, којзнае кога и дали подоцна ќе имате таква можност”.
    Сега шведскиот амбасадор, како претставник на земјата што претседава со ЕУ до декември оваа година, ни порачува дека ова е “одлична можност, која нема да се повтори во догледно време”.
    Во Букурешт Црвенковски и Груевски заминаа со некаква заграда и додавка Скопје во името. И видовме како ни го спопикаа.
    Ај да видиме како би поминал шведскиот амбасадор во Атина кога би му раскажувал исти приказни на Папандреу. Дали и за Грците важат шесте недели и “одличната можност која нема да се повтори во догледно време”. Баш им е гајле.
    Фуере н пофали дека во последно време не сме именувале ниту еден автопат со името на Александар Велики. А што направи во меѓувреме Грција за да ја искористи “одличната можност која нема да се повтори во догледно време”? Го смени Караманлис и го донесе Папандреу?
    Медијаторот Нимиц не свикува средба. Папандреу најавува дека ќе го менува преговарачот Василакис. А на Македонија и истекуваат шесте недели во кои треба да покаже конструктивност во преговорите, а преговори нема.
    Ова е исто како на некоја девојка да и викаш дека во рок од три дена мора да остане трудна. А таа баш тие денови не може да си најде партнер со кого да легне. Дури и да го најде, никој не гарантира дека ќе остане трудна, ама ајде да претпоставиме да се фати… Здрава е, и се погодиле плодните денови, не ја боли глава, расположена е за секс… Дипломатски речено “најдобар момент и можност што нема да се повтори во догледно време”. Ама никако да се најде маж за неа. Е ајде де нека остане трудна.
    Н притискаат нас, а не видовме дека ја притискаат и Грција. Впрочем, решението на проблемот не зависи само од Македонија. Да зависеше само од нас, проблем немаше ни да има.
    Така што, на пет недели и шест дена до денот кога очекуваме дека ЕУ ќе ни даде датум за преговори голема е веројатноста на 7 декември 2009 во Брисел Македонија да помине исто како на 3 април 2008 во Букурешт.

    2 Пратеникот Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека позициите за името на неговата партија се “прилично јасни”.
    Толку се јасни што мора често да се повторуваат. За да не помислат луѓето дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за името се “прилично нејасни”.

    3 Ден пред празникот на македонската револуционерна борба, премиерот Груевски се врати на корените. Се сликаше со легендарните “ЗиЗиТоп”. Со Дасти Хил и Били Гибонс со брадите до половината, Груевски се чувствуваше како да се вратил во времето на Даме Груев и Јане Сандански.

    4 Градоначалникот на Центар Владо Тодоровиќ ја отвори својата зграда во скопската населба Капиштец што ја вика Катна гаража – Зебра. Во катната гаража има и деловен простор и мал хотел и продавници и супермаркет на “Тинекс” и уште нешто. Па колегите од Алфа телевизија наместо Зебра, ја нарекоа “Гаража обланда”.
    На Трифун Костовски ВМРО-ДПМНЕ му мрчеше дека не смее да го прави “Кермес”, оти ќе ја злоупотреби градоначалничката функција. Зошто тоа сега не важи и за Тодоровиќ?
    Го правдаат дека Тодоровиќ почнал да ја гради зградата пред да стане градоначалник. Па и Трифун Костовски го имаше купено “Кермес” и стави камен-темелник пред да стане градоначалник.
    Во Газа Палестинците, во недостиг на зебри, истрижале магариња и ги бојосале со црни штрафти.
    И Македонија доби зебра. Само кој е тука магарето?

    5 СДСМ слават. ВМРО-ДПМНЕ ги обвини дека тие го организирале протестите на студентите.
    Па и треба да слават. А не да бидат толку глупави, па да се правдаат дека студентите не биле нивни. Баш треба да викаат: “Да, да наши се!” И да се фалат. Или и ним бројката од триста луѓе, и тоа млади што се за СДСМ, им изгледа префантастична.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира