СРАМ СО ПЕРДЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:93:"Нееважнодазнаешкадеси.Тукудазнаешкаденеси

    1 Изгледа дека ВМРОДПМНЕ стварно решила да го донесе законот за бранителите. Еве, пратеникот Александар Николовски предложи измена на Деловникот на Собранието, со која ќе се ограничи времетраењето на дискусиите. Тоа значи дека Талат Џафери ќе може да молчи колку што ќе му каже ВМРОДПМНЕ.
    А може не е за бранителите. Може сакаат самите себеси да се спречат, некој пат кога ќе бидат во опозиција, да можат да спречуваат да се донесе буџетот и да направат ваква парламентарна криза. Како што тоа го направи сегашната опозиција. Оти Деловникот продуцира кризи.
    Или можеби предлогот на пратеникот Николовски не е инспириран ниту од ДУИ ниту од СДСМ. Пратениците на ВМРОДПМНЕ ќе си ги донесат измените во Деловникот инспирирани од себе. Едноставно ќе го верификуваат тоа што е реална состојба во Собранието. Кога ќе им дојде предлогзакон од Влада, тие не одат на скратена дискусија. Гласаат без дискусија.
    2 Додека пратеникот Николовски дома се истакнува со предлози за кои Владата не знаела (исто како со законот за телохранителите на идните бивши премиери), спикерот Трајко Вељаноски во САД се истакнува со генијална идеја. На генералниот секретар на ОН Бан Кимун му образложи дека тој со парламентарна демократија ќе го решава спорот за името со Грција. Ете, требаше баш Трајко да оди до Њујорк и да смисли нешто што никому не му текнало 20 години. Дури и образлагаше нешто на телевизија. Тоа ќе го направи со интензивирање на контактите меѓу Македонскиот и Грчкиот парламент. Ќе се интензивира нешто што досега не постоело.
    Трајко знае нешто за парламентаризмот што ние не го знаеме. Прво ја исфрли опозицијата од Собранието. Сега не може да ја врати. Ама затоа ќе може да го натера грчкиот Парламент да испрати парламентарна група за преговори за името. Оти Македонија, среде парламентарна криза, парламентарно ќе го решава проблемот со името.
    Кога ќе се сретнат парламентарните групи од Грција и од Македонија, како ли ќе преговараат? Ќе дојдат во Скопје и ќе седнат на иста маса македонски пратеници само од владејачка партија со грчки пратеници само од владејачка партија. Со кратки дискусии, за да го решат брзо проблемот. А ако Грците пробаат да зборуваат подолго отколку што треба, Трајко ќе го викне обезбедувањето да ги замоли да ја напуштат салата. А обезбедувањето со сите сили ќе им помогне тоа да го направат.
    3 Меѓународната заедница нешто се труди да ја врати опозицијата во Собрание и да го убеди СДСМ да не ги бојкотира локалните избори. Ама бидејќи нема проблем со Албанците, никој особено нема да се тревожи за Македонија. Тоа изгледа само Бранко го нема сфатено. Не ми е јасно само како нема никој во СДСМ што ќе му го каже тоа? Или ги истера од партијата тие што нешто кажуваа?
    Совршено е јасно дека ВМРО со цел памет е решена и самата да оди на локални избори. ДОМ на Лиле Поповска ќе и биде опозиција. А и Павле Трајанов се мисли. Ама не можам да сфатам со кој памет СДСМ мисли да не оди на локални избори. Освен ако не пресметал дека тоа му е единствен начин да се реформира. Да го снема, па да почне одново.
    4 Во Тетово лете немаат доволно вода за пиење и за капење, а зиме не го собираат ѓубрето. Ама затоа имаат почесен граѓанин. Командантот на УЧК Рамуш Харадинај. Тетовци заслужиле. Оти само уште тоа им фали.
    Харадинај се пофали дека во Тетово се чувствувал како дома. А каде инаку да се чувствува како дома? Во Хаг ли?
    Само Стојанчо Ангелов од Достоинство и десетина негови пријатели се собраа во Тетово за да се побунат против одлуката на локалната власт. Оти тој се бореше против УЧК и во 2001 година. Беше и ранет. Ама џабе му е. Големите сега немаат време да се бунат против УЧК. Зафатени се со сериозни работи, важни за државата. Едните фрлаат лопати за катни гаражи. Другите се возат со коли низ Скопје и трубат.
    Е тоа ти е. Башка град, како башка држава. Башка држава, башка журка.
    5 Се претера со остварувањата. Успесите веќе не може да се набројат. Не може да се свртиш, а да не видиш успех. Па и медиумите се натпреваруваат кој поголем успех ќе открие. Пред дватри дена, на вести на “Канал 5”, спикерот прочита дека “Македонија не е на листата на десетте најмизерни земји во светот”. И кајрон долу на екранот одеше. Па чекав уште еднаш да помине да се уверам дали добро сум прочитал. Еееј, за светот зборуваме, не зборуваме локално, за Европа.
    Тоа ти е исто како кога сабајле ќе отвориш весник и наместо да почнеш да го читаш од насловната страница, веднаш вртиш одзади. Кај некролозите. Па ако не се видиш меѓу сликичките, ќе го прославиш тој голем успех. Ќе се измиеш, и денот може да почне.
    Не е важно да знаеш каде си. Туку да знаеш каде не си.
    6 Извештајот за пожарот во Поштата сe уште го нема. Заедно сосе одговорот зошто директорот командант Рафиз Алити не ја осигурал зградата на државната институција, која владејачката коалиција му ја дала на управување.
    Што е причината за доцнењето? Или и извештајот патува со “Македонска пошта”, па се изгубил по пат од Скопје до Скопје, или не знаат како да го срочат извештајот, а притоа директорот да се ослободи од одговорност. Оти ако тој се почувствува виновен, може да се налути. Алити е познатиот командант Мсуси. Им е страв да не држи калашников под бирото.
    7 Пациентите што треба да оперираат катаракта, или перде на очите, не може да закажат операција во наредните шест до осум месеци. Лекарите велат дека годишно во Македонија има околу 10.000 пациенти на кои им е потребна оваа операција, ама само 3.700 пациенти можат да се оперираат без да платат, оти толку операции превидел Фондот за здравство. Лекарите велат дека секое перде, ако не се оперира за три до шест месеци, голем е ризикот подоцна операцијата да не биде успешна. Па кој не сака да ослепи, нека си плати сам.
    Оние што не можат да платат, можат да формираат здружение на лица со перде на окото. Името на здружението, за да биде патриотско, може да се вика “Самуилови војници”. На тоа здружение веднаш ќе може да се формира контраздружение што ќе протестира против здружението на тие со перде. Неговото име ќе биде “Ни срам ни перде”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира