СРЕЌНА 2006

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:51:"ГошевчекадасевратиЉубчо

    1. Вчера слушнавме уште една утешна порака од премиерот. Бранко ни рече дека свесно ја води оваа политика, ама е убеден дека таа ќе даде резултати на крајот од мандатот.
    Прво ни велеше дека оваа година ќе ја оправа безбедносната ситуација, а во 2004 година ќе ја фати економијата. Сега ни вели да почекаме до 2006.
    СДСМ беше 8 години на власт и 4 години во опозиција. Им требаа 12 години да станат свесни дека ни е лошо. Уште колку години ќе чекаме за да се освестат дека нешто треба и да направат за да ни биде подобро?
    Бранко мора да каже дека работи свесно. Замислете да кажеше дека не се ни свесни што прават.
    Свесни или несвесни, не гледаме дека нешто прават. Како мислат да ја дочекаат 2006-тата? Ем свесни, ем без напор. Со вакво свесно работење до крајот на мандатот, Бранко може да постигне само еден резултат. Да го врати Љубчо.

    2. И министерот за финансии има објаснување зошто владата не постигнува резултати. Штетниот договор за скопската рафинерија бил “еден пример зошто не може сега наеднаш да се тргне во економски развој”. На Перо сега му е виновна и ОКТА.
    Перо се пожали дека ОКТА троши народни пари од заедничката сметка со државата. А тој нема контрола на сметката. За да се тргне во економски развој Перо треба да ја расчисти сметката со ОКТА. Ако Бранко се фали дека во 2006 ќе постигнува резултати, значи дека и Перо ќе чека да се врати Љубчо. Тој сигурно ја контролира заедничката сметка со ОКТА.

    3. Не зачудува што власта нема контрола врз народните пари. Тие имаат многу работа. Секоја набавка мораат да ја натокмат до 2600 евра. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ што правеше милионски тендери, СДСМ штеди. Си се договараат меѓу себе и нивните директори не трошат повеќе од 2.600 евра. Неделно. Како на пример во Клиничкиот центар кога набавувале конци за операции.
    Лесно му беше на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе си купиш на тендер термо-печка за 100 илјади евра и компјутерски глушец за илјада евра и мирен си до следната набавка. Си бркаш работа. А чесните СДСМ-овци немаат време за работа. Знаете колку е мачно секоја недела да се грижиш колку конци да набавиш, а сметката да ја натокмиш до 2599,9 евра.
    Не. Не се исти. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дури и во трговијата идеолошки се разликуваат. Минатата власт народните пари ги трошеше капиталистички. Тие беа акционерско друштво за трговија на големо. Овие уште се ниво на основна организација на здружен труд. ООЗТ – трговија на мало.

    4. Претседателот Борис Трајковски во своите говори секогаш зборува за “поранешни кризни региони”. Никогаш не кажува кои поранешни кризни региони сега повеќе не се. Тоа и објаснува зошто кога патува кон Охрид, никогаш не оди преку Тетово и Гостивар. Затоа што според него, тоа се поранешни кризни региони. А тој не се врти кон минатото. Тој е загледан во иднината. Кога поранешните кризни региони ќе останат само – поранешни региони.

    5. Полицајците Албанци не сакале да служат во мешовитите полициски патроли во поранешните кризни региони. Зошто? Па нели таму живеат фини луѓе кои пукаат само за свадби и други веселби? Нели ОБСЕ ги обучи да не го тероризираат локалното население како што им правеа Македонците? Нели сега и државни службеници Албанци ќе бидат обучени за клетите Македонци повеќе да не ги малтретираат борците за човекови права? Може и тие сега нема да сакаат да одат на служба во Липково, или Мала Речица. Нека ги примат во Струмица, или Пехчево на пример.
    Тоа што во поранешните кризни региони не ги сакаат ни полицајците – Албанци е многу добар знак.
    Тие не ги мразат Македонците. Тие мразат власт.
    Оние Албанци што не сакаат да бидат полицајци, Хари треба да ги прекомандува. Да бидат телохранители на Борис. И тој, како нив не оди во кризни региони.

    6. Зачестија известувањата од МВР дека во строгиот центар на Скопје се случува улично разбојништво. Пред неколку дена, во 14 часот на плоштадот Македонија било ограбено 17 годишно момче, а половина час подоцна пред хотелот “Холидеј ин” била нападната 23 годишна скопјанка на која и бил грабнат мобилниот телефон.
    На стотина метри погоре, по улицата Никола Вапцаров полицајците вчера изведоа успешна акција. Ги извадија регистарските таблички на сите погрешно паркирани возила, освен на поскапите модели.
    Центарот на Скопје дефинитивно станува кризно подрачје. Ако не те нападнат разбојници, табличките ќе ти ги украдат полицајци. Ако куртулиш и од едните и од другите, не тргнувај по улицата “Македонија”. Таму ќе те нападнат кучиња – скитници.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира