Старо за ново

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:65:"КуриротБорчеитрик-спикеротСтоле

    1. НАТО се умори. Викендов ќе одмора. Што чудо пушки собраа… На некои војници дури и по цела пушка им се фати. Од понеделник пак треба да се фатат за работа. Уште две третини останаа. Ај, белки ќе им биде полесно. Нови војници доаѓаат.
    Што работа си фатија Грците. Тие ќе го уништуваат оружјето. Којзнае колку пак ќе наплатат. Сега ми е јасно зошто ги одбрале Грците целото оружје да оди кај нив. Тие се познати по антиквитетите. Наместо да го уништуваат, ќе си одвојат по некој примерок и ќе им го препродаваат на Германците кога ќе им дојдат како туристи. Како реликвија од Балканските војни. Штета. ОНА уште не предала некое копје од Александар Македонски.
    Акцијата на НАТО не треба да се вика “Жетва”. ОНА се ослободува од старото оружје од југословенско и кинеско производство. Затоа, акцијата на НАТО треба да се вика “Старо за ново”.

    2. Андов ужива. Каква улога си зел, не можеше за такво нешто да сонува ни по атентатот на Киро Глигоров. Не треба да влегува во кабинетот на претседателот. Сега тој претседателот го вика кај него. Го строи Борчета – има да ми донесеш документ од НАТО, или нема седница. А Борче – курир. Доверлив. Прв вестите од Џорџ Робертсон ги носи.
    Приказната за курирот Борче и за трик-спикерот Андов оди вака. Претседателот Борис Трајковски се појавува со писмо в рака пред вратата на спикерот Стојан Андов.
    – “Чук, чук Стојанче!”
    – “Кој чука?”
    – “Борче!”
    – “Кој Борче?”
    – “Борче, претседателот во кабинетот, граѓанинот во ходниците на парламентот!”
    – “Јавка?”
    – “Обрааме го бостано!”
    – “Зелена ја скинаме!”
    Откако Борче ќе влезе кај Стојанче, ќе се соочи со новите барања на спикерот Андов. Тој од него бара да му ги образложува амандманите на Уставот. Ами, ако Борис знаеше амандмани да прави, не ќе си викнеше експерти да му ги пишуваат. Зошто го плаќа, на пример, Владо Поповски. За амандмани да му пишува, или да биде потпретседател во на Андов партијата.

    3. Бучковски ги нема маките на претседателот. Не може тој да се понижува толку, па на Андов курир да му биде. Тој ако треба, на лордот Робертсон ќе му биде портпарол.
    И ве молам, не нервирајте го Бучковски. Не чепкајте му го НАТО.

    4. Што судбина не снајде. Ептен авторитети на барикадите не бранат. Тодор Петров на Блаце, а Страшо Ангеловски пред Собранието.
    Тоше и Страшо Ајкула ни се појавуваат како зла коб. А нешто лошо се случува во државата, туку тие “опа”, ќе излезат од некаде. Тоше во двореден костум, со мобилка и со двајца телохранители (и тие костумосани), шета меѓу протераните тетовци на Блаце. Тие под чадори за сонце и со гумени влечки и по маички, како што ги избркале од дома, а Тоше глуми идеолог и важен политичар.
    Страшо, пак, да не остане покусо, собра народ пред парламентот. Еее, кога Страше може да блокира парламент, Андов може вода да му носи. Со месеци не свикува седници, бара писма, измислува третинки… Страшо тоа за еден ден го направи.
    Само дали Страшо гледаше дека вчера пред Собранието пак настрадаа полицајците. Дека луѓето им псуеја мајка, сестри и жени на тие што гинеа за нас во Арачиново, Радуша и на Шара.
    Страшо, чувај си ја плунката за тие што те плаќаат. Ова ќе заврши, и пак ќе те зезнат. Ни за костум нема да ти дадат. Остај го ти Тоше. Тој си ги држи иселениците.

    5. Љубчо на крајот призна. Договорот не го потпишал како премиер. Не го потпишал во име на народот. Го потпишал во име на партијата.
    Значи, и досега сè си правел во име на партијата. И кога ги потпишувал договорите за продажба на сè во државата, не потпишувал во име на народот. Потпишувал во име на ВМРО-ДПМНЕ.
    Значи, и ако крадел, не крадел во име на народот. Крадел во име на партијата.

    6. Ако Љубчо опстои на предлогот за разрешување на Иџет Мемети, и ако Собранието го разреши, не треба да се грижиме дека местото за министер за правда ќе остане празно. Ене ја Шипковица. Али Ахмети ќе дојде за час.

    7. Грците дојдоа до Криволак. Албанците веќе ја цртаат границата на Групчин. Кај се бе Бугарите?

    8. Љубчо секој ден се кара со НАТО. Џафери си ја заврши работата и никаде го нема. Андов од кабинетот тактики смислува. Борис писма носи…
    Ја-виии-се-Бран-ко!

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари