СТОМАЧНИ СИМПТОМИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:106:"Сакаатдавлезатвоисторија,анезнаатнидропкадарешат

    1. Слика прва: Во центарот на Скопје, пред “Рекорд” група момчиња Албанци грубо му приоѓаат на друго момче Македонец, со намера да го тепаат. Македонецот им прозборува англиски и куртулува.
    Слика втора: На Камениот мост на Вардар поминува млада брачна двојка. Тој е млад и наконтен, таа е млада и со шамија на главата. Група од десетина тинејџери и се нафрлуваат на двојката. Таа бега преку мостот кон левата страна на Вардар, а мажот и го претепуваат. Додека двајца случајни минувачи му помагаат на нападнатиот со крвјосано лице, децата насмеани трчаат преку мостот кон десната страна на Вардар.
    Слика трета: На насловната страница на “Факти” се појавува фотографијата на момче од албанска националност чие лице е во модринки. Нема пишана порака. Ама може да се прочита како – “Што чекате?”
    Слика четврта: Пред домот на АРМ, на улицата Македонија, повторно во центарот на Скопје група малолетници од албанска националност нападнале и со нож повредиле малолетник од македонска националност.
    Во Скопје имаше средношколски протести. Децата протестираа пред Влада и пред Собрание. И носеа транспарент на кој пишуваше: “Не ги внесувајте децата во политика!”
    Кога јас бев средношколец, требаше да се најде добра причина за да се избега од час. Или да не добиеш единица зошто не си научил, или да одиш на “Кино утро”. Тогашните претседатели на класови имаа работа да поправат некоја оценка на крај на полугодие пред наставничкиот колегиум, или да издејствуваат уште некој ден повеќе за екскурзија. Со овие нови претседатели на средношколска унија не се прави муабет за такви едноставни теми. Тие бркаат политика. Ја спасуваат Македонија. Излегуваат пред Влада и мислат дека влегле во историјата. Им дошле нивните пет минути да се појават на телевизија. Па даваат изјави, комуницираат со соопштенија, избираат медиуми со кои ќе соработуваат… А да ги прашаш, не знаат дропка да решат.
    Што можат да научат средношколците? Прво немаат настава затоа што им штрајкуваат професорите. Посла немаат настава, оти тие не одат во школо. Кога професорите не играат оро пред Собрание за да добијат поголеми плати, учениците не одат на настава затоа што Владата наместо да одобри седум паралелки на албански јазик, или да не одобри ниедна, рамковно решила да направи компромис на – четири.
    Тешко им е на средношколците. И да сакаат да избегаат од час, не можат. Како да избегаат од часови што ги немаат? Во школо не учат а сите воншколски активности им се политички.
    Затоа децата се политички ангажирани. Во школо научиле дека во оваа земја најмногу се исплатува да се занимаваш со политика. Ем малку работиш, ем си моќен. А моќта им дала право да делат правда по улица. Денеска тепаат на меѓунационална основа. Утре ќе тепаат без врска. Излегоа ли еднаш на улица, причина за тепање ќе се најде.

    2. На сите услови што ни ги постави НАТО ние одговоривме со “стомачни симптоми” на затруени војници. Или, ако се изразиме погрубо – со “течни столици”. Затоа што “пролив” не е многу љубезен збор за да се опишат набавките за потребите на армијата.
    Месото од кое војниците имале стомачни симптоми било набавено без тендер. Министерот Бучковски направил договор со месарот. Ќе ти купам повеќе килограми, ќе ми ја спуштиш цената.
    Според законот, тој така можел. Така можеле да се набавуваат и конци за операции за Државна болница. Така и министерот Илија Филиповски, без тендер набави нафта кога беше ирачката војна.
    Зошто тогаш Љубчо да не можел да ја продаде ОКТА во четири очи?

    3. Минатиот петок потпретседателката на Владата Радмила Шеќеринска имаше средба со пратениците и со нив се договорила да го подобрат имиџот на Македонија кај членките на ЕУ и да ја продадат македонската приказна на европскиот пазар. Таа најавила и кампања за влегување во ЕУ под мотото: “И сонцето е ѕвезда”.
    Неколку часа подоцна, по повод денот на обединувањето на Германија, германската амбасадорка во Македонија приреди прием. На националниот празник на една од водечките земји во ЕУ не се појави Шеќеринска. Не се појави ниту прмиерот, ниту еден министер од неговата Влада. Не се појави ниту претседателот на Собранието Никола Поповски.
    Пред неколку месеци и на приемот на италијанскиот амбасадор не се појави ниту еден министер од Владата. Приемот беше во јуни. Италија од јуни стана претседавач на ЕУ.
    Во јули, не се појавија ни кај Французите. Ептен, Илинка е професор по француски јазик и по таа линија мораше да направи чест.
    Затоа, на 4 јули, на приемот по повод американскиот национален празник кај Батлер отидоа сите, на чело со Црвенковски. Беа сосе портпаролите и државните секретари па можеа да одржат и седница на Влада.
    Како Владата ќе ја продаде македонската приказна пред ЕУ? Преку Америка. Министрите не губат од своето скапо време што им треба за средби со месари, трговци со лекови и нафташи за да одат на сите приеми. Ќе си одат кај Американците и таму ќе завршат работа. На приемот кај Американците одат и италијанскиот и францускиот и германскиот амбасадор. Таму ќе ги видат сите. Кај Батлер ќе го продаваат европскиот имиџ на Македонија.

    4. Ги гледав пратениците како без разлика дали се од власт, или од опозиција го бранат ратификувањето на законот за неиспорачување на американски граѓани пред Меѓународниот кривичен суд. Дури и во Америка има поделени мислења, ама кај нас не. Ни на самите Американци не им е јасно на какви полтрони наишле во Македонија.
    Убаво и е мотото на Шеќеринска. И сонцето е ѕвезда. Во американското знаме.

    5. Јапонија е стабилна држава. Се додека не им дојдат на гости Борис Трајковски и Петар Гошев. Тие имаат ефект на разорен бран. Само што си заминаа Јапонискиот премиер го распушти парламентот и распиша предвремени избори.
    Многу се јаки. Како цунами.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира