СУДСКА СВИРКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:162:"Преддавлезешнапретставана"Охридсколето",наместодатикинаткарти,ќетизематбрис

    1 Се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ самите се изненадени колку долго се на власт. За шест години ги исцрпија кадрите што ги имаа, а не создадоа нови што им требаа. Па дојдоа до дереџе на најголемата културна манифестација во државата “Охридско лето” набрзина за директор да стават медицинска сестра.
    Само да не им текне во меѓувреме, наместо да ги кинат картите, пред да влезеш на претстава да ти земаат крв од прст. Или брис.
    Во Охрид немаат болница. Им се реновира. На медицинската сестра “Охридско лето” ќе и биде сезонска работа. Сега ќе ја стават на проба. За да ја обучат. Ќе ја фрлат во вител и ако се докаже ќе може да ја стават директорка на болницата. Кога ќе биде.
    Сега е јасно зошто сите разни отцепени ВМРО-вци кои глумеа опозиција повторно си ги прибраа назад. Немале искусни кадри.

    2 СДСМ нема проблем со кадри. А богами ни со идеи.
    Нема идеи, нема ни проблеми.
    Освен ако не се смета за идеја гестот на Јани Макрадули да му подари будилник на премиерот Груевски за да не доцни на пратенички прашања.
    Најдобри скечеви излегуваат од идеите на СДСМ. И – толку.

    3 Владата за две години ја одложи најсуштетвената реформа во судството. Според таа реформа, целата истражна постапка треба да се пресели од МВР во обвинителството. Со други зборови, по реформата МВР веќе нема да може да им шефува на обвинителите.
    Во Владата секогаш има добри оправдувања за одложување на реформите во судството. Во претходниот мандат проблем беше министерот за правда Михајло Маневски. Тој премногу се мешаше во својата работа. А сега е проблем новиот министер Блерим Беџети. Тој пак ич не се меша во својата работа. Па вели дека од весник дознал за одложувањето на клучната реформа во неговиот ресор.
    За да докаже дека има реформи во судството, Владата дури и организираше фудбалски натпревар меѓу судиите и обвинителите, а им судеа пејачи. Џабе судиите и обвинителите играа фудбал. Наместо кај пејачите, судиската свирка била во МВР.

    4 Изминатава недела три пати бев на суд за тужби против мене како главен уредник за наводни клевети објавени во мојот весник. Некогаш имам и по две судења на ден. Интересно е дека секој ден во Основниот суд во Скопје околу 13 часот, кога обично се закажуваат рочиштата за клевета и навреда има толку многу главни уредници на медиуми што комотно можеме да си правиме колегиуми. На пример, оваа недела се најдовме на различни судски процеси со поранешен главен уредник на “Утрински весник”, со главните уредници на “Нова Македонија”, “Канал 5” и “Фокус”, со уредничка во “Дневник”… Секој ден има по четири – пет новинари низ судот.
    Во рамки на судските реформи и со изградбата на новата неокласична зграда на судот би можеле да формираме новинарски клуб. Па секој ден прво таму да си се наоѓаме. Ќе си испиеш кафе со колегите, ќе видиш дали дента си на програма за настап пред судија, па ако си слободен може да тркнеш до редакција малку и да поработиш. Впрочем, мора да дадеш нов материјал за судење.

    5 Не велам дека новинарството не треба да сноси одговорност за тоа што ќе се објави. Ама факт е дека во државата е создадена атмосфера на сеопшто тужење за јавно изречен збор. Н тужи кој ќе стигне, за с и сешто. Тоа во најголем број случаи се злоупотребува за притисок врз медиумите, а не за барање правда.
    Климата е таква што на секое прашање наместо одговор добиваш закана за тужба.
    Затоа одвај чекам ЗНМ и Владата конечно да го направат тој решавачки чекор и да го донесат законот со кој ќе се декриминализираат клеветата и навредата, така што нема да се третираат како кривично дело.
    Декриминализацијата не ја сфаќам како можност секој неодговорно да може да каже што сака. Напротив. Целта е да се создаде одговорно новинарство. Но, за одговорно новинарство мора да има и одговорно владеење.

    6 Приватните универзитети и Министерството за образование се отепаа од докажување дали ранг-листата што ја направи Шангајскиот универзитет е валидна или не. Се отворија прашања и за фалсификат и за прелиминарни листи и за поткуп.
    А главното прашање никој не го отвори. Зошто на студентите им е најважно да си купат диплома, а не колку ќе научат на факултет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира