СВЕТО ТРОЈСТВО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:209:"МакедонијаможедасидозволиданевлезевоНАТОистокакоштоиНАТОможедасидозволигрчковетопорадиглупост

    1 Во вторник доаѓа крајот на светот. Посредникот во спорот за името Метју Нимиц ќе донесе нов предлог. И Македонија не смее да го одбие ако сака да влезе во НАТО.
    Глупости.
    Ете како Грција успеа сопствената хистерија да ја пренесе и кај нас.
    Луѓе мои, имате ли вие проблем со вашето име? Немате. Проблем има Грција. Зошто тогаш ние да решаваме туѓи проблеми? Зарем немаме доволно свои?
    Грција бара баш сега пред да добиеме покана за НАТО да си го смениме името. Членка е на НАТО, моќна е, поголема е и што е најважно – и се може. Ама тоа што го бара сега, го прави веќе 17 години.
    САД в0 2004 година го признаа уставното име Република Македонија. Значи дека немаат проблем со името Македонија. Велат и дека името не е критериум за НАТО. Ама Грција се заканува дека ќе стави вето. Значи Грција успеа името да го направи проблем и за САД и за НАТО.
    Затоа сега вршат притисок и Вашингтон и Атина. И јас да сум на нивно место би притискал. Имаат проблем и сакаат да си го решат. Ама упорно се трудам да најдам причина зошто баш ние би го решавале проблемот на Грција и на НАТО.
    Кога вршат притисок ни го поставуваат прашањето: Дали Македонија може да си дозволи да не влезе во НАТО?
    Зошто никој не го поставува прашањето: Дали НАТО може да си дозволи грчко вето поради глупост?
    Ќе менувам национален идентитет оти НАТО имал проблем со Грција? Е па не менувам. Да видиме баш дали ќе биде крај на светот.

    2 Слатко се изнасмеав на планот на Владата за контра мерки во случај на вето. Верувам дека оваа Влада има капацитет да води инает. Тоа неколку пати го има докажано. Верувам дека ја бива и за популистички мерки од типот враќање на старото знаме и преименување на стотина улици. Ама не можев да поверувам дека дури и на аеродромот во Штип кој е само во соништата на Никола Груевски му дадоа име Филип Втори. Па уште владината црква на плоштад не знаат дали ќе се вика Св.Никола, а тие веќе го крстија аеродромот. А Стенковец како ќе го крстиме? Букефал? Или на коњот на Александар ќе му направиме големо мочало како фонтана на плоштадот Македонија, а водата ќе прска низ Вардар за да можеме така симболично да го освоиме Солун.
    Не знам само зошто мерките на инает се насочени само кон Грција, а не и кон САД и кон другите земји на НАТО. Конечно, тие ќе и дозволат на Грција да го блокира проширувањето.
    Дали Владата намерно заборави на телевизија да ја пушти веста дека во случај на вето, ќе ги повлечеме војниците од Авганистан оти нема таму што да бараат ако не сме дел од НАТО. Или, намерно ќе ги оставиме, за инает на Грција која во Авганистан нема војници, а е членка на НАТО. Затоа што македонската војска оди по стапките на Александар Македонски. Каде стапнала неговата фаланга, таму е и АРМ.

    3 Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн изјави дека “членството на НАТО е поважно од името на една земја”.
    Ако министерот мислел дека Грција не треба да става вето за проширувањето на НАТО само поради името на една земја изјавата му е супер. Ама ако мислел дека ние треба да се откажеме од нашето име за членство во НАТО, ќе го послушаме неговиот совет кога ќе видиме и луксембуршка војска во Авганистан.

    4 Претседателот Бранко Црвенковски рече дека на Грција до 1991 година не и пречел зборот македонија кога сме биле Социјалистичка Република Македонија. Зошто тогаш и сега да не бидеме СР Македонија? Само наместо социјалистичка, ќе се викаме Сојузна Република Македонија. Да можеме да ја пресретнеме иднината. Кога ќе дојде време да станеме сојузна држава да не го менуваме пак името.
    Иако предлогот за “Демократска Република Македонија” е многу поприфатлив. Сите ќе бидат задоволни.
    Грците нема да мораат да не викаат Македонци. Ќе не викаат демократски републиканци. А на Американците ќе им бидеме уште помили. Оти ќе бидеме како нив. Или демократи, или републиканци..

    5 Претседателот на Србија Борис Тадиќ им се закани на сите држави во регионот да внимаваат како ќе се однесуваат по прашањето на Косово.
    И ние нормално, се исплашивме. Сега сме загрижени како ќе се однесува Србија кон нас ако ја признаеме независноста на Косово.Наместо да си ја гледаме својата работа, ние пак береме туѓи гајлиња. Нив ни Путин, ни Господ не може да им помогне, па ние ќе им помагаме.
    Се сеќавате кога Србија се однесувала добро со нас? Кога не зафркаваа со години и последни од бивша Југославија ја признаа независноста на Македонија? Кога одбиваа да ја одбележат границата? Или, кога го измислија Вранишковски со неговата црква?
    Зошто тогаш нивните државни интереси да се поважни од нашите државни интереси? Затоа што се српски?

    6 Во духот на конзерватизмот Владата на Груевски и намалувањето на цените на некои производи го направи во духот на христијанството. Во име на Господ, Синот и Светиот дух, амин.
    На цените во супермакетите стојат налепници со светото тројство. Само што наместо “Господ, Синот и Светиот дух”, на полиците имаме испишано “Влада, Производители, Трговци”.
    А купувачите се крстат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира