СВИРИПИЧИНО ПЕРСПЕКТИВА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:279:"ЃолетребадаимадваговоравоЊујорк.Отисекогашпрвиотпаткогаќекаженештосителошогосфаќаат,пазазатоамутребавторнастапзадаседообјасни

    1 Кога перспективата на гледање на светот е од Чешиново и од Облешево, си мислиш дека целиот свет се врти околу тебе.
    Таму те примаат кога ќе посакаш, никој не се осмелува да ти даде обесхрабрувачки изјави, па дури никој не смее ни да одбрани топка кога ќе шутираш накај голот. Многу си јак.
    Затоа и кога гледаш од перспективата на Чешиново и Облешево ти се чини дека си главен шизик. Ќе им покажеш кој е главен кај Грците, сите околу ќе ти климаат со глава, шеретски ќе се насмееш, демек многу си духовит и саркастичен и сите вести со тебе ќе почнуваат.
    Од перспектива на Чешиново и Облешево ќе ти се чини дека си ги зезнал Грците. Дека си им смислил таква досетка што нема да може да ги освести до следниот предлог на Нимиц.
    Ама ако тргнеш малку настрана излегува дека не си ич важен. И дека на другите баш им е гајле за твоите жалби, за твојата обесхрабреност и иронична насмевка.
    Затоа Никола требаше да тркнеш до Њујорк. За да видиш дека светот е таму. И ако сакаш барем малку да се занимаваат со тебе, требаше и ти да бидеш таму. Оти од перспективата на Чешиново и Облешево ти си ептен успешен политичар. Даваш гол со секој шут. Ама од Њујоршка перпектива ќе видеше дека Папандреу се сретнал и со Бан Ки-мун и со Бајден. Ти плачеш дома и му кажуваш на портпаролот \орге Иванов што да прочита. Ама светот го слушна само грчкиот поглед на проблемот.

    2 Почитувани граѓани на општината Чешиново – Облешево, ве молам не лутете ми се оти ја споменувам вашата општина по лош пример. Се погоди така, баш дента кога претседателот \орге Иванов чекаше инструкции од Владата дали да продолжи да зема њујоршки дневници, чекајќи да му дојде редот да го прочита говорот на премиерот, Никола да дава значајни изјави баш кај вас.
    Исто како што му се случува секогаш. Има комотна власт како никој до сега во Македонија, опозиција со Бранко на чело и огромно мнозинството во Парламентот, ама во решавачки моменти му вика на Ѓоле: “Оди ти збори место мене, јас ќе шутирам. И поздрави ги од Свирипичино”.

    3 А Ѓоле отиде во Њујорк и се сретна со посредникот во грчко-македонскиот спор Метју Нимиц. Во исто време грчкиот премиер Јорго Папандреу се сретна со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
    И таман кога сакавме уште еднаш да го докажеме традиционалното македонско верување дека сите не мразат, па ете дури и генералниот секретар на ОН води непринципелна политика добивме одговор од Кабинетот на претседателот дека Иванов не ни побарал средба со Бан Ки-мун.
    Е па сега кој ни е виновен? Грците? Или Американците? Или ЕУ? Што значи кога Папандреу се среќава со првиот човек на ОН затоа што преговорите се под покровителство на ОН, а Иванов се среќава со службеникот поставен од првиот човек на ОН?
    Е како не знаете? Разумен компромис е разумен компромис.

    4 Македонската надворешна политика се води со дипломатски потези како од некој цртан филм. Во него главните улоги ги имаат ископлексирани и истрауматизирани тинејџери.
    Па дури и Бранко во негово време одеше на Генералното собрание на ОН во Њујорк поорганизирано и со агенда. Ќе се сретнеше со српскиот, со црногорскиот, со хрватскиот претседател и со швајцарскиот претседател што се менува на секои шест месеци и ќе продолжеше по кафеани. А овие или не одат, или си подметнуваат изјави и говори со кои си бараат алиби утре кога ќе седнат да потпишуваат под којзнае чиј олеснувачки притисок да викаат: “Не знам јас не бев таму, не знам јас друго кажував, не знам јас не се сретнав со никого”.
    Во 1913 година во Букурешт не делеа без да не прашаат, во 1943 година снегот не завеа па не стигнавме во Јајце, а во 21 век при сопствена држава членка на ОН не можеме да стасаме до Њујорк оти Грците праќаат обесхрабрувачки пораки, а и камен темелник за тениско игралиште во Свирипичино мора да се постави.

    5 Претседателот Ѓорге Иванов еднаш зборуваше во Њујорк. Малку ја утна темата оти на Самитот за милениумските цели раскажуваше за Грција.
    Сега го чека говорот на Груевски за да зборува по втор пат. Овој пат пред генералното собрание не ОН.
    Добро е што Ѓоле ќе збори два пати. Затоа што секогаш првиот пат кога ќе каже нешто сите лошо го сфаќаат. Па затоа му треба втор настап. За да се дообјасни.

    6 Сепак, на Груевски нема да му забележат ако оваа година не се појави во Њујорк. Може ќе стигне в година, идниот септември. Во ОН ќе сметаат дека задоцнил. Ако тој од Кабинетот до некоја сала во Скопје доцни еден час, од Скопје до Њујорк сигурно ќе доцни една година.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира