ТЕ САКАМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:75:"Не,амасериознотепрашувам"Месакашли?"

    1 Директорите на средните училишта во Скопје ќе бидат парично казнети затоа што го послушаа градоначалникот Трифун Костовски, а не министерот за образование Рушити и не работеа на 30 април спојувајќи го први мај со викендот, но со обврска понеделникот да го одработат денеска.
    Пратениците кои тој ист работен понеделник не дојдоа во Собрание на закажана седница нема да бидат казнети и немаат обврска да ја одработат денеска. Штетата што тие ја направија на државниот буџет изнесува околу 18 – 20 илјади евра, колку што чини организирање една седница.
    Затоа и ќе се казнуваат наставниците. За да ги вратат парите што им ги потрошија пратениците.

    2 Министерството за одбрана ќе го слави Денот на бугарската војска со концерт на бугарскиот воен оркестар во Сомот на АРМ во Скопје. Зошто само во АРМ? И зошто само со воен оркестар? Лазе Еленовски би можел да организира парада на бугарската армија на плоштадот во Скопје. Има уште живи сведоци на бугарската парада од пред 66 години. Штета што не е готов Офицерскиот дом на српската војска, за да има од каде да им се обрати. Само што овој пат војската што маршира не е на страната на фашизмот.
    Зошто воопшто во Скопје да се слави денот на бугарската армија? Сме имале ние тука многу војски што марширале. Зошто на пример не се слави повторно 22 декември, денот на ЈНА? Да се потсетиме. Ионака ние сме единствената држава од бившата Југославија што го негува името во сопственото име во ОН. Да се направи концерт на здружен оркестар на Словенците, Хрватите, Босанците (сосе сите нивни армии), Србите и Црногорците. Или пак да го славиме денот на турскиот аскер. Тие барем имаат поубава воена музика од Бугарите.
    Можеби и ние со наша воена музика ќе одиме на положување на венец на Јане Сандански. За кога ќе не тепаат Бугарите да не се слуша многу. Не е по ЕУ стандарди.

    3 Џилијан Миловановиќ не смее да се појави ни во самопослуга. Таман ќе дојде на каса, одма ќе ја нападнат македонските новинари за да ја прашаат дали САД го смениле ставот за името.
    Имало некоја предлог резолуција во Конгресот на САД што ја поднело грчко лоби. И логично, Македонија се именува како ФИРОМ. Како да се именува ако Грци предлагаат резолуција. Скопје?
    И одма во Македонија – паника. САД го менуваат ставот за признавањето на Македонија под уставното име.
    Македонија не менува став така лесно, а не пак Америка. И тоа став кој што е градел со години.
    После секоја акција на грчкото лоби Македониа ја зафаќа психотична состојба на непрестана потреба за потврда. Тоа ти е како секој ден да си ја прашуваш женската: “Ама, ме сакаш ли?”, А таа ти одговара: “Да, те сакам”. А ти викаш: “Не, ама јас сериозно те прашувам, ме сакаш ли?”.
    Амбасадорката Милованович кога ќе излезе на улица што и да ја прашаат прво нека одговори со “САД не го менуваат ставот за името на Република Македонија” и после нека си каже што сака да каже, за да не направи среќни. И на поканите за конференции за печат како слоган да стои “САД не го менуваат ставот за името на Република Македонија”.

    4 Фондацијата Рамковски организира патувачки тури низ Макеоднија и го претставува делото на Крсте Петков Мисирков. Секој втор ден на вестите на телевизија А1, чиј газда е основачот на фондацијата, оди прилог од секој град. Секој ден исто се чита, а газда Велија Рамковски стално седи во прв ред и секој ден истото го слуша.
    Зошто Велија мора секој ден да го слуша истото предавање? Веројатно затоа што од едно слушање не може да разбере што сакал да каже Мисирков.

    5. Агенциите за испитување на јавното мислење им го мерат рејтингот на политичарите. Речиси на сите списоци, покрај сите живи политичари се јавува и името на покојниот Борис Трајковски. Што значи тоа? Демек, да е жив толку народ би гласал за него?
    Ако веќе му мерат рејтинг на Борис, што не измерат колкав рејтинг има и Гоце Делчев? Или Никола Карев? Кај е Јане, кај е Ченто? А, да не зборуваме колку му се покачил рејтингот на Александар Македонски. Особено сега кога доби и аеродром.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира