ТЕШКИ ОДЛУКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:33:"Ќути,трајдо9.мај

    1 Вчера пристигна објаснувањето од Кабинетот на Бранко Црвенковски зошто државникот не бил на одбележувањето на 60 годишнината од ослободувањето на Аушвиц. Затоа што Бранко решил да оди на 9 мај на прославата на победата против фашизмот во Москва, па “оцени дека не е упатно да ја предводи и делегацијата на церемонијата од ослободувањето на Аушвиц”.
    Треба да знаеш. Треба да можеш. А треба и да ти текне. Што би барал Бранко во Аушвиц да се гледа со Ширак, Путин, Дик Чејни, Квашњевски и други триесетина претседатели на држави, или шефови на влади, кога тие ионака ќе дојдат на 9 мај во Москва да се видат со него. А за Бугаринот Прванов не вреди да се потегнува на пат и да мрзне на снегот, кога со него ќе се види во септември на Генералното собрание во Њујорк. И така Њујорк му е местото за среќавање со соседите. Нема белким Бранко да се мачи секои шест месеци да оди по светски настани.
    Башка што токму тој ден имаше подржавничка работа. Беше кај Џино. Ама не во кафеаната што му е спроти Кабинетот, туку дури во Куманово, во фабрика за чевли.
    За Бранко е најдобро да си седи дома. Оти, ако излезе надвор ќе види каде отишол светот, а каде заглавивме ние. Плус, може и да се разочара. Ќе види на лице место дека не ни е толку убаво како што тој ни раскажува еве веќе 12 години.
    Нека си седи со пријатното друштво во Кабинетот. Имаат тие многу важни државнички работи за решавање. Се секираат што рекла Рада, со кого се видел Бучко и каде се фризира Илинка. Тоа е многу посуштествено отколку нешто што се случило пред 60 години, како ослободувањето на Аушвиц. Бранко гледа во иднината, не во минатото.
    Ќути, трај, до 9 мај.

    2 Што научил заменикот на Илинка Фуад Хасановиќ по враќањето од Аушвиц? Кога веќе испраќале некого од владата, подобро ќе беше да ги испратат министрите за финансии и за труд и социјална политика Никола Поповски и Стевче Јакимовски.
    Никола рече дека во преговорите со Светската банка најтешкиот дел ќе биде кратењето на работничките права.
    Стевче веќе имаше шанса да се истакне по тоа прашање.
    Да отидеа Никола и Стевче во Аушвиц можеби ќе добиеа некоја свежа идеја за ефективно кратење на работничките права.

    3 Бранко не отиде ни на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
    Таму не бил оти очигледно не му било местото. Годинашната тема на Форумот е: “Преземање одговорност за тешки одлуки”.
    Кога Бранко донел тешка одлука, па уште и одговорност да преземе?

    4 Никола Груевски уште не знае дали ќе му даде поддршка на Трифун Костовски во битката со Пенов за градоначалник на Скопје. Се плашел Трифун да не го изневери.
    Сиромашкиот Никола. Не се плаши дека неговите кандидати за градоначалници ако победат ќе се свртат кон Љубчо, туку нема доверба во Трифун. Па уште го пуштил и Влатко \орчев да зборува за некои пет принципи кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги барала од независниот кандидат. И ќе барале експертиза!?
    Дај нека каже Никола колку треба да се платат петте принципи и без експертиза да ја завршат работата. Како што му тргнало со партијата, Груевски не ќе има членови ни за граѓанско движење.

    5 Во четвртокот во Собранието имаше седница на која требаше да се поставуваат пратенички прашања. Пратениците не беа на работа. Имаше министри, ама немаше кој да ги праша.
    Знаете ли за кого сте гласале на минатите избори? Гласајте ги пак.

    6 Се ближат локални избори, а снегот безмилосно паѓа.
    Ми е жал за Пенов. Ај можеби со Бучко некако ќе го убедат Али Ахмети да ги натера кондовчани масовно да ги полнат кутиите за повторно да го избереме за градоначалник на Скопје, ама како да го убедат снегот да престане да врне. Оти, не е едно гајле. Ај што врне, туку после ќе дувне јужен ветер па нагло ќе се стопи. И тука не е крајот на проблемите на градоначалникот на метрополата, сосе рамковните предградија. Што ако застуди, па улиците да замрзнат?
    Да има време барем директорот на Хидрометеролошкиот завод да се смени.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира