Титаник преродба

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:43:" Космодискмуемајката

    1 Штом дојдат избори во Македонија се отвораат истраги за одамна случени несреќи. А фала богу, кај нас истраги за отворање колку што сакаш. Така што сега, пред избори пак ќе се истражува сообраќајката на првиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков. Хеликоптерската несреќа кај скопско Блаце уште чека нови докази. И досието за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски со соработниците пак ќе се отвора. А истрагата за атентатот врз претседателот Киро Глигоров не е ни запрена.
    Истрагата е во тек, ама се одвива циклично. Пред избори се отвора, по избори се затвора, па пред следните избори пак се отвора.
    Па после се чудиме што уште нема резултати од истрагата кој го предаде Гоце Делчев и кој го уби Ченто. И дали Александар навистина умрел од сифилис.

    2 Откако претседателските кандидати се изредија кај амбасадорите, сега им дојде ред и на градоначалниците. Тито беше кај Фуере. Со себап, кај и да е, и Коце ќе помине.
    Дали амбасадорите што служат во Македонија имаат бенефициран работен стаж? Имаат преголема одговорност. Кај мора да се грижат за својата држава, уште и нашите гајлиња треба да ги берат.
    Кај и да е и ние како гласачи ќе одиме “да остваруваме средби” со амбасадорите. Оти ништо попаметно не ни останува да остваруваме.
    Дури размислувам кога ќе примаме нови вработени во “Вест”, едниот од критериумите да биде кандидатите да имаат “остварено средба” со најмалку пет амбасадори пред воопшто да конкурираат за работа. И со свои зборови да раскажат за што разговарале. Тоа се вика давање изјава.

    3 Кандидатот на СДСМ за претседател Фрчкоски упорно инсистира да има ТВ дуел со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Иванов. И тоа стана главна тема за дилема. Дебати, анализи по весници, експертски мислења, па чуда, па фрази…
    Дуел ќе имаше да имаше само двајца кандидати. Кај нас има седум кандидати. Од каде знае Фрчко дека баш тој и Иванов ќе влезат во втор круг, па баш меѓу нив двајца да има дуел.

    4 Иванов не прифаќа дуел додека Фрчкоски не му се извини за јавно изречените навреди.
    А Фрчко одговара дека нема да се мажи, или жени за него па да му се извинува.
    Фрчко не се извинува за вербален деликт. А не знаеме ни дали би се извинил и кога “на волот ќе му удри два шамара” на некој паркинг.

    5 Ме преплавува ентузијазмот на Ѓоле Иванов. Завчера изјави: “Нашава демократија е како космодискдемократија. Некому му изгледа шашаво, но Македонија одлично функционира”.
    Космодиск е медицинско помагало за ‘рбет. Да може Македонија да функционира. Полесно да ѝ се витка ‘рбетот. А да не боли.
    Изгледа будалесто, ама македонскава демократија навистина како да функционира со медицински помагала. За политичко лидерство треба вијагра. За економијата требаат патерици. За Собранието апаратчиња за слушање. За судството медицински лубриканти и чепчиња. А за граѓаните по 5 милиграми дијазепам дневно.
    Слоганот на Ѓоле е: “Еден за сите”. На тоа Фрчко додаде: “Еден за сите, сите за Фрчко”. Иако, на Македонија најмногу ѝ одговара слоганот на поранешниот сатиричен неделник “Остен” “Еден за сите сите за никаде”.
    Така би звучело кога би ја избрале оптимистичката варијанта. Во црна варијанта, пак, слоганот “Еден за сите” би можел да стане “Беден за сите”.
    Звучи будалесто, ама дејствува. Како космодиск.

    6 Сега станаа празниците поважни од делниците. Спомениците им се поважни од живите луѓе. Историјата им е поважна од иднината.
    Кој го кажа тоа?
    Човекот кој е поважен од државата. Човекот кој е поважен од партијата. Човекот кој е поважен од иднината.
    Бранко Црвенковски. Пред три дена во Гевгелија.

    7 Сега и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за да докажат дека нема едноумие во партијата бараат промена на Законот што сами го донесоа пред неколку месеци. Сакаат со Законот за продажба на алкохол наместо до 7 навечер да се дозволи продажба до 9 навечер.
    А зошто не и до 10 часот? И зошто воопшто да престане да се продава алкохол?
    Тамам барем тој закон почна солидно да се применува. Граѓаните се навикнаа и не се жалат.
    Што им е на ВМРОвциве? Ако случајно некој закон не им падне на Уставен суд, тогаш тие самите ќе си го променат!?
    Во право бил Ѓоле. Стварно сме космодискдемократија. Иако во случајов повеќе звучи будалесто отколку што делува.

    8 Слушнавме дека Владата одлучила да прави трговска поморска флота. Ќе добиеме бродови со македонско знаме.
    Титаник веќе го имаме. Само уште знаме да му ставиме, па да го пуштиме пак да заплови.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира