ТИТО И БОРИС

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:54:"Којгорас­и­паав­то­бу­сот?

    1. На чле­но­ви­те на Вла­да­та тре­ба да им се приз­нае бе­не­фи­ци­ран стаж. Ме­се­цот да им се прес­ме­ту­ва ка­ко го­ди­на. Мно­гу бр­зо им лет­на вре­ме­то. Ми­на­та­та го­ди­на, Љуб­чо и Ци­ле  ве­леа де­ка пра­ват ко­а­ли­ци­ја ко­ја ќе трае по­ве­ќе од осум го­ди­ни. Из­др­жаа осум ме­се­ци и, еве, СДСМ пак се под­гот­ву­ва да им дој­де на власт.
    Неш­то не е во ред со ав­то­бу­сот “За про­ме­ни”. Се рас­и­па. Не бил по тај­ван­ски стан­дар­ди. Та­ка би­ду­ва ко­га се скло­пу­ва ав­то­бус од ре­зер­вни де­ло­ви, со­би­ра­ни од ва­му, од та­му. Уш­те и скло­пу­ван во па­у­зи­те ме­ѓу не­кол­ку штрај­ко­ви на ФАС “11 Ок­том­ври”, ете ти про­из­вод со га­ран­ци­ја од ду­ри осум ме­се­ци.
    Кој ли го рас­и­па ав­то­бу­сот? Љуб­чо или Ци­ле? Кој­знае? Мо­же­би Дос­та са­ма бу­рич­ка­ла во мо­то­рот, или пос­та­ви­ла мај­сто­ри што не си ја зна­ат ра­бо­та­та. Или, пак, Рад­ми­ла на­мер­но ја бло­ки­ра­ла вен­ти­ла­ци­ја­та за да не ѝ ја рас­ту­ри фри­зу­ра­та. Ако не е тоа, то­гаш Са­во ги из­ме­шал коп­чи­ња­та и ко­ман­ди­те. Љу­бен и она­ка не го ин­те­ре­си­ра­ат мо­то­ри. Не е мож­но тие да би­дат тол­ку не­со­вес­ни и да заг­ла­ват насред пат со де­фект. Зна­чи, Ес­ма е ви­нов­на за сé.
    Се­пак, рас­и­па­ни­от ав­то­бус не зна­чи де­ка ко­а­ли­ци­ја­та ќе се рас­пад­не. Се­кој ќе си про­дол­жи по па­тот со сво­ја ко­ла. А на Ес­ма и она­ка жи­во­тот ѝ е пес­на.
    Пре­ми­е­рот сме­та де­ка прет­се­да­тел­ски­те из­бо­ри не­ма да ги на­ру­шат од­но­си­те ме­ѓу пар­ти­и­те во влас­та. Во Ма­ке­до­ни­ја ќе се во­ве­де нов ек­спе­ри­мент. Спро­тив­ста­ве­ни­те кан­ди­да­ти за прет­се­да­тел на­мес­то да се на­па­ѓа­ат, ме­ѓу­себ­но ќе се фа­лат. Се­кој кан­ди­дат од ре­до­ви­те на вла­ди­на­та ко­а­ли­ци­ја, на­мес­то да нас­та­пу­ва со сво­ја­та прог­ра­ма, ќе ја про­мо­ви­ра прог­ра­ма­та на про­тив­кан­ди­да­тот. Та­ка не са­мо што ќе оп­ста­не ко­а­ли­ци­ја­та ту­ку ќе по­бе­ди и кан­ди­да­тот на опо­зи­ци­ја­та.

    2. Не­ма да би­де не­кое го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње и ако дој­де до рас­пад на ко­а­ли­ци­ја­та. Во блис­ка­та ис­то­ри­ја имав­ме та­ков слу­чај. Ко­а­ли­ци­ја­та, “За про­ме­ни” мо­же да се рас­пад­не ис­то ка­ко “Со­ју­зот за Ма­ке­до­ни­ја”. И то­гаш, и се­га  Сто­јан Ан­дов е во цен­та­рот на вни­ма­ни­е­то.

    3. Во Аме­ри­ка се­кој мо­же да би­де прет­се­да­тел. Кај нас се­кој се за­не­су­ва де­ка мо­же да би­де прет­се­да­тел.
    Ама, се­пак, не ми е јас­но, как­ва шан­са на овие из­бо­ри гле­да­ат Ва­сил Ту­пур­ков­ски, Сто­јан Ан­дов, Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски, Аб­ду­ра­уф Пру­си, Јаг­ну­ла Ку­нов­ска, Бра­нис­лав Си­на­ди­нов­ски…
    Кај нас се знае. Ма­ке­до­не­цот има ис­то­ри­ска оп­ре­дел­ба: или Ти­то или Бо­рис.

    4. Ев­ро­пар­ла­мен­тар­ка­та До­рис Пак ни ре­че де­ка Ма­ке­до­ни­ја е по­ор­га­ни­зи­ра­на др­жа­ва од Бос­на, Ал­ба­ни­ја и од Ко­со­во. Таа мис­ли де­ка ни да­ла ком­пли­мент.
    Бос­на уш­те ја сре­ду­ва­ат, Ал­ба­ни­ја уш­те не ни про­фун­кци­о­ни­ра­ла ка­ко др­жа­ва, а Ко­со­во не е ни др­жа­ва.
    А ние, среќ­ни и ра­дос­ни, мис­ли­ме де­ка гос­по­ѓа­та нé по­фа­ли­ла.

    5. Ду­ри се­га ми ста­на јас­но зош­то во пос­лед­но вре­ме не­ма­ше прс­ка­ње про­тив ко­мар­ци. Во­е­но­то воз­ду­хоп­лов­ство ги свет­ну­ва­ло две­те ави­он­чи­ња за нас­тап на па­ра­да­та по по­вод Де­нот на АРМ.  Мо­же­те ли да за­мис­ли­те как­во во­о­ду­ше­ву­ва­ње пре­диз­ви­каа две­те ави­он­чи­ња што го па­раа сло­бод­но­то ма­ке­дон­ско не­бо над ка­сар­на­та “Илин­ден”.
    Удар­на­та си­ла на на­ше­то воз­ду­хоп­лов­ство е не­у­ниш­тли­ва. Пр­во, ави­он­чи­ња­та се тол­ку ма­ли, што ни ­е­ден ра­дар не ги фа­ќа. Вто­ро, кој би бил бу­да­ла да пот­ро­ши це­ла ра­ке­та за да ур­не не­кое так­во ави­он­че. И тре­то, за нив не се ва­дат ре­зер­вни де­ло­ви од ос­та­на­та­та фло­та за да се ос­по­со­бат, ка­ко што се пра­ви со хе­ли­коп­те­ри­те. Се­пак, за­бе­леш­ки­те за ста­рос­та на на­ше­то оруж­је се зло­на­мер­ни и неп­ри­ја­тел­ски. Как­во оруж­је са­ка­те ко­га го има­ме Ни­ко­ла Кљу­сев за ми­нис­тер. Чо­ве­кот из­би­ра оруж­је што му од­го­ва­ра на го­ди­ни­те. Ова оруж­је што го има­ме се­га е од вре­ме­то ко­га тој слу­жел вој­ска. Ка­ков ми­нис­тер за од­бра­на би бил Кљу­сев, ко­га не би зна­ел да ра­ку­ва со оруж­је­то што го на­ба­ву­ва.

    6. Со го­ди­ни се збо­ру­ва де­ка вид­ни­те лу­ѓе по­вр­за­ни со гра­деж­ниш­тво­то, од “ви­шо­кот” ма­те­ри­јал што ќе им ос­та­не од гра­де­ње­то но­ви згра­ди, си гра­дат џа­бе ви­кен­ди­ци, или си фр­ла­ат ка­то­ви над сво­и­те ку­ќи.
    Но­ви­на­ри­те во Тур­ци­ја ве­ќе ги об­ви­ни­ја нив­ни­от бе­тон­ски ок­то­под, со нас­лов “Убиј­ци” на нас­лов­ни­те стра­ни­ци.
    Не де­ка во  Ма­ке­до­ни­ја не­ма бе­тон­ски ок­то­под. Ту­ку, ни­кој не се за­ни­ма­ва со ди­вог­рад­би­те и дог­рад­би­те кои си­те ги гле­да­ат, а ни­кој не ги ури­ва. Са­мо што, за раз­ли­ка од Тур­ци­ја, нас сé уш­те Гос­под нé чу­ва.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира