ТРЕТА МАЈКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:117:"ДасепрашувааГрците,АмериканцитеникогашнебивлеглевоНАТО

    1 Министерката за економија Вера Рафајловска секој четврток ќе ги обиколува градовите низ државата. Од нејзиниот кабинет дојде соопштение во кои стои дека таа “од прва рака ќе се запознае со проблемите на локалните стопанственици и ќе им ги презентира ставовите на Владата”.
    Од кога е вест дека министерката почнала да оди на работа? Што треба да прави министерката за економија освен да се запознава со економските проблеми на компаниите? Што правела до сега? Одела наутро во канцеларија и чекала да дојде време да си оди дома!?
    Отсега министерката Рафајловска ќе работи “од прва рака”. До сега се занимавала со “втората рака”.
    По урнекот на Рафајловска ќе тргнат и другите министри.
    Ете, министерот за правда Михајло Маневски во понеделник ќе оди на суд. Министерот за земјоделие Ацо Спасеновски во вторник ќе оди на нива. Во среда министерот за култура Илирјан Беќири ќе оди на театар. Четврток е зафатен. Па затоа министерот за образование Суејман Рушити во петок ќе оди на школо.
    Така Владата ќе има активности од “прва рака” секој ден.

    2 Професорот \орѓи Марјановиќ убаво забележа. Бугарите кои ги тепаа Македонците на гробот на Јане Сандански влегоа во Европската унија. Комитите што ги тепаа приврзаниците на Мара Бунева во Скопје само виделе дека така побрзо се влегува во ЕУ.
    Бугарската полиција ги тепа Македонците на гробот на Сандански, па потоа уште и го викаат нашиот амбасадор да му протестираат дека ние им се мешаме во внатрешните работи. Кај нас не тепаше полицијата, ама ни министерот Антонио Милошоски не го викна амбасадорот да му протестира. Напротив. Бугарите протестираа и бараат да им се извиниме. Има резон да им се извиниме ако ги тепала македонската полиција. Иако, кај нив баш полицијата тепа, па до сега не се извиниле.
    При се уште живи сведоци од 1941 година и нивни жртви на насилството бараат во учебниците за историја во Македонија да не стои дека биле окупатори. А што биле? Ослободители. Со фашистичка чизма.
    Ќе им се извиниме. Кога тие ќе се извинат за депортацијата на Евреите од Македонија и за тоа дека беа на страната на Хитлер во Втората светска војна.

    3 Ни ЕУ не е веќе тоа што некогаш била. Поздрав од Банско, Бугарија.

    4 Пробиен е кодот на бриселската бирократија. Македонија ќе влезе во Европската унија од трета мајка. Прво Егејска, потоа Пиринска и на крај Вардарска Македонија.

    5 Зошто полицијата се уште не го апси Агим Красниќи? Затоа што сака да го уапси по европски стандарди. Како поранешниот заменик министер Саша Андоновски.
    Красниќи ќе биде уапсен кога ќе се создадат услови за тоа. Треба да се појави на аеродром. Специјалците на МВР не вежбаат во Кондово. Тие вежбаат на аеродром. И претресуваат патници што веќе долетале од некаде. Оти на другите аеродоми ги пуштаат во авион да влезат со оружје.
    Среќа што полицијата во Македонија веќе делува по ЕУ стандарди. Замислете при влегувањето во дискотеката “Просец” специјалците да тепале и кршеле по домашни стандарди.

    6 Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Владо Бучковски сака да прави фракција. Јани Макрадули од актуелното раководство го обвини Бучко дека сака да направи СДСМ-Народна. Наспроти регуларната СДСМ – Забавна.
    На Василица раководството на СДСМ се веселело во еден скопски ресторан. Бранко и Бучко се гушнале и заедно пееле. А Рада играла.
    Тоа значи дека само кога ќе им се појави Бранко, во СДСМ го хармонизираат репертоарот. Пеат и забавно и народно.

    7 Амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ беше прашана дали името “Александар Велики” на Скопскиот аеродром може да го спречи приемот на Македонија во НАТО. Таа одговори дека за тоа треба да се прашаат Грците.
    Во САД има неколку градови што се викаат Александрија и неколку што се викаат Македонија. Да се прашуваа Грците, Американците никогаш не би влегле во НАТО.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира