ТРИ МИНУТИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:166:"ЕвроинтеграцијатанаМакедонијазависиодсексуалниотживотнапостдипломцитенаВладата

    1. Сите 15 земји членки на ЕУ, 10-те земји што ќе станат членки идната година и Бугарија и Романија на кои им е ветено членство во 2007, како и Турција која божем сакаат да ја примат, ама некако не им се прави ќеф, беа учесници на Самитот на ЕУ. Сите тие 28 лидери на европски држави во монденското летувалиште во Порто Карас, на Хакидики се сликаа. Беа дел од европската претстава со многу авиони, хеликоптери, илјадници полицајци, илјадници демонстранти, илјадници новинари… Тие за нивниот самит велат дека бил историски.
    Македонската делегација во Порто Карас, пристигна дури вчера доцна попладне. Заедно со другите од Западниот Балкан. Кога лидерите на петте земји од лепрозниот Балкан пристигнаа на Халкидики, новинарите веќе беа на забава на плажа. За нив работата беше веќе завршена. Затоа што нашето сфаќање за историската димензија не се поклопува со нивното.
    Историскиот самит за кој медиумите цела недела не убедуваа дека ќе бил историски за Македонија за мене изгледаше вака: Борис беше на свечена вечера со грчкиот претседател Стефанопулос. Но, тоа не е се. Денеска ќе му дадат и да зборува. Има време. Во строгиот протокол е запишано – цели три минути. После ќе го возат со брод околу Света Гора. Таму ќе му дадат и ручек. После се враќа во Скопје.
    Значи, сепак не ни е лош третманот. Малку храна, малку туризам, малку сликање за спомен и оп – еве не уште еден чекор до Европската унија. И за говорот не треба да имаме предрасуди. Европејците знаат подобро од нас колку имаме да кажеме. Три минути говор се доволни за нашите 12 години независност. Дури и многу, ако треба да се фалиме што сме направиле.
    Дали денеска, откако Борис, Илинка и рамковната Теута вечераа во европска средина и вие дома се чувствувате малку поевропски од вчера? Мислам, онака, евроинтегрирано, со свест за почитување на човековите права, демократски настроени и комплетно пазарно ориентирани, барем колку Бугарите на пример. Или Романците.

    2. Грците пак сакаат да не зафркнат. Зошто го избраа токму Порто Карас за нашиот историски самит? Затоа што таму во 1998 година, Циле и Љубчо ја договараа коалицијата за промени. И од тогаш до сега ептен сме променети.

    3. За прием во Европската унија ќе се погрижат и кадрите што Владата допрва ќе ги школува. Потпретседателката Радмила Шеќеринска неодамна објави дека постдипломците, кога ќе ги завршат европските студии ќе ги водат преговорите со Брисел.
    Треба да се види кој ќе добие стипендиите. Не ме интересира дали се по рамковен договор, туку дали се машки или женски. Замислете некоја амбициозна европски ориентирана студентка, среде студии да забремени. Пропаднаа преговорите, најмалку за едно девет месеци. И бидејќи нема да има кој да преговара и Македонија ќе задоцни со членството во ЕУ.
    Значи евроинтеграцијата на Македонија зависи од сексуалниот живот на постдипломците на Владата.

    4. Кога ќе влеземе во ЕУ и македонските криминалци ќе станат европски терористи. Портпаролот на ОБСЕ Волфганг Гревен, по загинувањето на еден војник на АРМ од подметната мина на патот кон караулата Стража рече дека “поставувањето мини претставува најсериозен криминал”. Ако некој постави мина на пат во неговата Германија на пример и убие војник на германската армија, тоа по европска дефиниција е – тероризам. Мина поставена на пат во Македонија, по западнобалканска дефиниција е – криминал.
    Дури и Али Ахмети се одважи па кажа некој збор за инцидентот кај Ваксинце. За него мини поставуваат “криминални банди со недолично однесување”. Срам да им е. Неранимајковци копаат дупки по патиштата и поставуваат мини да направат беља.
    Не се тие како Али Ахмети, кој како добро воспитано момче уште не почувствува потреба да осуди некое вакво убиство. Тој и стана фактор во државата со ептен долично однесување. Неговите не беа криминалци, туку борци за човекови права. И тие не поставуваа мини. Убиваа војници и полицајци во заседи.
    Среќа што ние си го имаме министерот за одбрана Владо Бучковски што и кога е најцрно зрачи со оптимизам. Тој во секоја несреќа знае да најде и среќа. По мината кај Ваксинце тој изјави: “Среќа што трагедијата не е поголема, бидејќи не било погодено третото возило во кое имало двајца Албанци”.
    Така е тоа, според Рамковниот договор. Кога ќе погине војник Македонец, на Владата и олеснува оти не погинал Албанец. А кога полицијата ќе уапси криминалец – Албанец, Владата веднаш добива закани за нова војна.
    Дали во Рамковниот договор е запишано и колку Албанци и колку Македонци треба да загинат, за и трагедијата да ни биде пропорционална?

    5. Пред војната во Ирак Илија Филиповски си направи договор за купување нафта по скапа цена и ние моравме и по завршувањето на војната да плаќаме скапи бензини.
    Кога конечно бензините поевтинија, за три недели повторно поскапеа, оти рипнала цената на светскиот пазар.
    Поскапувањето е според методологијата на Владата која ги утврдува цените според движењето на цената на нафтата на светските берзи. За последното поскапување Владата беше агилна. Не почека ни три недели.
    Кога три месеци чекавме поевтинување, оти според светските цени ние плаќавме скапа нафта не важеше методологијата на Владата. Тогаш важеше методологијата на Илија Филиповски.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира