ТРИ “Р”

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:90:"Децатасезасликање,министеркитесезадарување

    1 Убаво што ВМРО-ДПМНЕ откри дека министерот за здравство Владо Димов со државни пари им купувал накит на министерките. Ама ќе им верував дека навистина се сериозни ако не направеа карневал од тоа. Наместо да ги мрзнат децата пред аптеките каде што собираа потписи и наместо министерот да им нуди боза, требаше да му поднесат интерпелација во Собранието. Па да видевме како премиерот ќе си го одбранеше министерот. И да чуевме како СДСМ ќе го правдаше трошењето пари за ѓерданите на своите министерки, наместо за лечење на луѓето.
    Баш ме интересира како на пример Кондарко би го одбранил Димов? Оти тој е задолжен за бранење. Ќе кажеше дека тоа е гнасна инсинуација на опозицијата насочена против европската интеграција и против рефомите во здравството!?

    2 Зошто во ВМРО-ДПМНЕ не се сериозни кога наместо оставка од министерот, бараат дамите од СДСМ да го вратат накитот? Во нивно време беше лесно. Наместо 3 ѓердани за 55.000 денари, Војо Михајловски ќе набавеше “глувчиња” за компјутери за 60.000 денари парче и ѓердани ќе имаше за сите. Како вика Љубчо: “ВМРО крадеше, ама имаше и за народот”.

    3 Затоа и министерот Димов мисли дека другиве се навредиле оти ним не им испратил накит. Па вели: “Ќе ги вратам парите, за да задоволам нечии суети и да ги одбранам оние на кои им ги дадов подароците оти ги заслужија зошто ме поддржуваа преку целата година”. Башка, вели дека не сме занимавале со реформите, туку со ѓерданите.
    Што ли го поддржаа министерот Рада, Илинка и Мери? Да не го поддржаа да не купува на време лекови за децата болни од рак? Или, поддршката била скромна, соодветна на цената на накитот. Фала му на Господа, не побарале сериозна лекарска помош по болниците. А сигурен сум дека и не отишле во државна аптека меѓу 5-ти и 10-ти во месецот да побараат некој лек на рецепт. Со самото тоа на колегата му дале голема поддршка. Не виделе и не почувствувале колку боли.
    Нели има некаков правилник да се евидентира секој подарок што го добиваат политичарите. Министерките го пријавија ли накитот, или само на мажите им кажале. Да не им се лутат, оти сомнителна е работата. Кој подарува скап накит на колешки? Така се почнува.
    Министерките не го пријавиле подарокот оти подароци купени со народни пари не се пријавуваат.
    Димов рече дека тоа биле наменски средства. Имал пари во буџетот за подароци. Како не најде пари на време да го поправи таванот на центарот за дијализа. во Чаир. Ама таван не е репрезентација.

    4 Пред Нова Година имаше масовна појава на злоупотреба на деца. Сите министри се растрчаа и се сликаа со децата на загинати бранители, децата без родители и децата со посебни потреби.
    Само дај да не го одвлекуваме вниманието од реформите. Децата се за сликање, а министерките се за дарување.

    5 Министерката Илинка Митрева на Бадник рече дека оваа година ќе биде во знакот на “Три Р”. Работа, работа и само работа.
    85 години пред историската изјава на Илинка и другарот Владимир Илич рече: “Електрификација, електрификација и само електрификација”.
    Од таа изјава излегол и вицот за Ленин. Жена му мислела дека е со љубовницата. Љубовницата мислела дека е со жена му. А Ленин бил скриен на таванот. Учел, учел и само учел.
    Така е и со Илинка. Бранко мисли дека е во Брисел, Бучко мисли дека е во Вашингтон, а Илинка се скрила во авион. Работи, работи и само работи.

    6 На Попова Шапка, Илинка му го предаде кумството на министерот за одбрана Јован Манасијевски.
    До сега ги имавме кумот Бучко, кумата Рада и кумата Илинка. Како во класикот на Копола од три дела: Кум 1, Кум 2 и Кум 3.
    На Попова Шапка се снимаше ново продолжение. Кум 4. Го примија и Јово во Фамилијата.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира