ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:166:"Непринципиелнаопозицијаплуснепринципиелнакоалицијаправикоалицијанаконтинуитетот

    1. Штом и лидерот на Лигата за демократија Горѓи Марјановиќ, реши да му се смири на Бранко, значи дека ептен му пукнал филмот. Навистина, не се исцеливаа така срдечно како една недела пред тоа Бранко и Ристо Пенов, ама ако победат на локалките избори, ќе биде интересно да се види како угледниот професор го качуваат на камионче на плоштадот Македонија.
    Малку повеќе е чуден овој спој на досегашните лути непријатели, социјалдемократи, либерали и елитисти. Ама зар не беше чуден и спојот на револуционерни македонисти, запалени борци за албанската кауза и остатоци од поранешните комунистички номенклатури што успешно се снашле во транзициониот бизнис? Така си е. На непринципиелна владина коалиција најмногу ѝ прилега непринципиелна опозициона коалиција.
    Одлично функционираат и едните и другите. Проблем е само како да се вика новата здружена опозиција. Сојузот за Македонија одамна е мртов, а Коалицијата за промени само покажа дека погрешно го избрала името. Затоа, најдобро е новата опозициона коалиција да се вика коалиција за континуитет. Верувам дека овој пат нема да го изневерат името. Зашто, уште недојдени на власт, веќе почнаа да си делат места. Кому му е гајле дали им се блиски политичките платформи, ако и тие, исто како и овие сега, не се договорат убаво кој ќе го земе Скопје, дали ќе се преговара за Кисела Вода, зошто Охрид не смее да се даде, се знае чие е Кратово… Тоа да го решат и после веќе можеме да бидеме мирни. Тој филм сме го гледале. Прво градовите, па богатите јавни претпријатија, па државните медиуми.
    И после се чудиме што државата ни личи на карикатура. А како и би личела кога за првиот се чевлите, за вториот палтото, а за третиот – панталоните… Тесно ни го скрои, ама убаво ни стои. Нека се носат.

    2. “Мало стрпљења другови!”, им велеше Фадил Сулејмани на новинарите кога си заминаа, зашто прес-конференцијата се одвиваше на албански јазик, без обезбеден превод. На тој начин, медиумската ѕвезда уште еднаш ни докажа дека добро ја познава суштината на македонскиот дух. Човекот, едноставно, нè замоли за уште малку трпение. А нам не ни е тешко да трпиме. Не уште малку. И малку повеќе ако сака.
    Ректорот на универзитетот во Тетово бара неговата институција да биде државна. Тоа е добро за Македонија, зашто ако универзитетот стане државен, можеби, конечно, државата ќе почне да ги собира даноците и од западна Македонија. Стрпете се другари.
    Во меѓувреме, министерот за образование Галев ќе отвора гимназиска паралелка на албански јазик во Битола. Таму тоа не е проблем. Во Битола државата редовно си ги собира даноците па може да си го дозволи и тој трошок. Сега се бараат доволно Албанци за да учат во паралелката. Ако ги нема во Битола, ќе ги бараат во Прилеп, Демир Хисар, Ресен или во Крушево. Ако ги нема сега, ќе ги има во иднина. Стрпете се другари. Не за паралелка, туку за цела гимназија ќе има доволно ученици.
    И Насер Зибери не треба да се коси што има проблеми при изговарањето на името на главниот град на државата, па наместо Скопје, полесно му е да изговори Шкуп. Стрпете се другари. Ќе дојде време кога Скопје ќе стане Шкуп.
    Или, пак, му се лутат на “професорот” Руфи Османи што на новинарите им препорачал идниот пат кога ќе доаѓаат на прес-конференција во Тетово, да си носат преведувачи. А зошто преведувачи? Стрпете се другари. Ќе дојде време кога новинарите ќе зборуваат албански.

    3. И после му се налутиле на Владимир Глигоров синот на поранешниот претседател, што изразил загриженост за Македонија и ја нарекол “модус вивенди”. Што, едноставно сфатено, би било “начин на живеење”. Поточно, начин на опстојување на населението на овие простори. И – како да се опстане? Одговорот со векови е идентичен. “Мало стрпљења другови”, без разлика што пораката на српски ја испраќа Албанец или некој друг. Трпение – спасение.

    4. Опозицијата ќе направи катастрофална грешка ако инсистира на смена на потпретседателот на Собранието Томислав Стојановски. Со кого после ќе си играат мајтап? И како ќе се вратат славните денови на забавната програма во Собранието? Ако барем малку сакаат да бидат конструктивна опозиција, за доброто на овој народ, а не за инает на власта, треба да го остават Стојановски и натаму да се прашува дали личи на магаре и да буричка по туѓи гаќи.
    Освен тоа, тој ден во галеријата на Собранието имаше студенти од Правниот факултет. Од кого тие ќе ги добијат знаењата, ако не од еден таков угледен адвокат каков што е Томислав Стојановски,
    Само коалиционите партнери од ДА го поддржаа Стојановски. За чудо, овој пат ја кажаа вистината. Пратеникот Карангелески рече дека Стојановски има проблеми со здравјето. Не знаеше да каже дали се работи за шеќер, ама дека е нездрав, не мора да се бара рендгенска снимка. Погледајте ја снимката од седницата.

    5. Потпретседателот на Владата Васил Тупурковски се сретна, на разминување, со девојките што ќе нè претставуваат на Евровизија. На Скопскиот аеродром Циле допатува во земјата, а убавите девојки отпатуваа со истиот авион.
    Е, што баксуз држава сме. Поубаво ќе беше девојките да ни останеа, а Циле да отпатуваше.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира