ЦРНА ДУПКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:332:"ГрцијаиБугаријаздруженопромовираатевропскивредностинегирањенамакедонскатанацијаијазик,аМакедонијазабрзанопромовирапроектзасоздавањенепријателиодпријателите

    1 Не се плашам од свински грип. Гледав вести на “Сител” и не дозволив да ме фати светската паника. Новинарката се сликаше на аеродромот “Александар Велики” и ни ја откри тајната зошто Македонија е безбедно место за живеење: “Среќна околност е што нема директни летови од Америка до Македонија, па така опасноста од пренесување на заразата е помала”.
    Така е. Да живее Македонија! Изолирана и обезбедена. За поголема безбедност најдобро е Скопскиот аеродром да биде ист како Охридскиот. Да нема воопшто летови. И онака немаме ни компанија. Башка, во средниот век, кога било модерно да се градат цркви по плоштадите, немало ни авиони.
    Какви се тие глупости да се шета со авиони низ светот и да се трошат пари. Не патувајте, побезбедни сте. Седете си дома и раѓајте си деца. Молете се во црква и клањајте се во џамија. И гледајте ги вестите на “Сител” и пресконференциите на Владата. Така ќе се убедите дека е предност да се живее во толку ретардирана држава, во која не само на светската криза туку и на светски грип му е тешко да пристигне.
    Многу е тешко да заскиташ во слепо црево.

    2 Премиерот Груевски и вицепремиерот Боцевски беа во Женева и го посетија големиот хидронски акцелератор на Европската агенција за нуклеарни истражувања ЦЕРН.
    Минатиот септември во оваа најголема лабораторија на светот требаше да се симулира како со судир на честичките настанал светот. Тогаш дури се појавија и стравувања дека при експериментот може да се случи светот да пропадне во црна дупка.
    Бидејќи акцелераторот се расипа, новиот експеримент со судир на честичките ќе се прави дури наесен. Но сега, откако во ЦЕРН беа Груевски и Боцевски, ризикот да се пропадне во црна дупка е драстично поголем.

    3 Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани во Воениот музеј во Атина промовираше книга за македонското прашање со документи од Бугарскиот државен архив од 1950 до 1967 година. Претставувајќи ја книгата, таа рекла дека “македонското прашање е во голема мера идеолошка конструкција на Студената војна”.
    Ало, Брисел! Бугарија и Грција се занимаваат со македонското прашање!!! Две европски земји кои го оставиле минатото зад себе и тргнале напред. И тоа не е кој било, туку шефот на дипломатијата на едната европска земја немал попаметна работа и претставувал документи од другата земја. Грција и Бугарија здружено промовирале европски вредности. Негирање на постоење на македонски народ и на македонска нација.
    Има нешто Брисел да изјави околу ова? Или тие само коментираат судски одлуки кои засегаат нивни компании.
    Ова не е провокација? Не е иредентизам? Не е непотребна пречка на патот на Македонија кон ЕУ? Викате не е, а? Извинете, не сме знаеле. Не е запишано како бенчмарк, па да прашаме.
    Затоа гледам и нашиве нешто не се потресоа да реагираат. Нема нота, нема демарш, нема дипломатски скандал. Даде некоја изјава Милошоски и толку.
    Реакција на такви глупости, и тоа остра, е многу поголем патриотизам од стократно именување на с и сешто со Филип и Александар. Ама кога нема кој да реагира, ни останува да си се тешиме дека и за Први мај, како и за Велигден во Грција отишле помалку туристи од лани.

    4 Во меѓувреме, Македонија продолжува да работи на проектот како од пријателите да направи непријатели. Ми здосади фразата “заедничко прифатливо решение”. Мислев дека таа важи само за односите со Грција. Арно ама, сега и од австриската Влада добиваме писма за ЕВН дека и тие бараат “заедничко прифатливо решение”.
    Вицепремиерот Ставрески се бркал по ходници низ Вашингтон со министерот за финансии на Австрија, ама не успеале да се видат. Па сега австрискиот министер пушта писма дека “последните случувања даваат уште една причина за загриженост за македонскиот однос кон странските инвеститори”.
    Има ли уште некој пријател во ЕУ кому можеме да му објавиме војна? После Австрија, нека се тресе и Германија. Таа е на ред. А за оние источноевропските нови земји на ЕУ ич муабет не правиме. Ќе ги изедеме за појадок како лисја. И ќе носиме маички “Многу сме јаки”.
    Александар не се исплашил кога стасал до страшната Персија, а не, пак, да потклекне пред една бедна АвстроУнгарија.
    .
    5 Се сеќавам дека пред две години, кога имаше паника од птичјиот грип, најдовме една мртва кокошка од Могила и ја носевме по лаборатории низ Европа. Тогаш главна ѕвезда беше директорот на ветеринарната управа Слободен Чокревски. Тој ја шеташе кокошката Могилка со авиони низ светот, а ние ревносно ги следевме нивните патувања.
    Сега главна фаца е министерот за здравство Бујар Османи. Што ли ќе шета сега министерот по авиони? Прасе?
    Тогаш Чокре, за да н убеди дека нема птичји грип, јавно јадеше пилешки копани. Нема белки сега Османи да мора да го сликаме со свински кременадли.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира