ЦРНА ЛИСТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:125:"Наместодасеотвара,воовааземјасесезатвора,падуриикафеаните

    1. Европската унија ќе објавела црна листа на граѓани на Македонија кои не ќе можеле да патуваат во ЕУ. Што значи тоа? Дека останатите два милиона граѓани се на бела листа? И дека можат да патуваат во ЕУ? Многу се израдував кога слушнав дека и ЕУ, по примерот на САД ќе направела листа на непожелни граѓани. Тоа ми влеа трошка надеж. Не сме сите непожелни за Европа. И од нас непожелните има уште понепожелни.
    Видовте што се случи со листата на непожелни што ја имаше составено Буш. Луѓето беа непожелни во САД, ама пожелни за остварување на рамковниот договор во државните институции на Македонија. Да не се повтори истата приказна и со црната листа на ЕУ. Тие непожелните утре ќе им шетаат низ Европа по официјални посети со дипломатски пасоши, а ние пожелните ќе висиме пред оградите на амбасадите.

    2. Министерот за социјала Јован Манасиевски изјави дека платите на просветарите ќе се покачат, кога ќе се подобри наплатата на ДДВ.
    Градоначалникот на Скопје Ристо Пенов рече дека ќе најде пари за салата што ја гради кога ќе се донесе новиот закон за локална самоуправа.
    Премиерот Бранко Црвенковски рече дека хидроцентралата на Треска ќе се изгради кога ќе се покачи цената на струјата.
    Во годината на економски развој, власта почнува инвестиции за кои ние ќе треба да им обезбедиме пари. Добро е. Првиот месец од економскиот бум го преживеавме.
    Не знам само зошто воопшто се мачат. Што не ја поедностават процедурата за собирање пари. Ај сите што работиме, кога ќе ја земеме платата, ич да не ја трошиме, туку целата да и ја оставаме на владата. Ако може и по кило крв нека ни земат и по еден бубрег нека го продадат во странство. Со толку пари, не економски бум – ќе бидеме чудо на Балканот.

    3. Каква е иднината на еден просечен млад човек во Македонија, на почетокот на економскиот бум и пред поднесувањето на апликацијата за ЕУ?
    Професорите им штрајкуваат. Театрите не им работат. Спортските сали им се затворени. Базени – нема. За патување во странство не се на црната листа, ама се непожелни. Родителите им се или стечајци, или работат, ама не примаат плата. На бабите и дедовците пензијата не им стига ни за лекови. Кога и пиратските филмови им ги запленија, единствениот контакт со животот им е шлаењето по улици.
    Наместо да се отвара, во оваа земја се се затвора. Кога не им остана веќе ништо, ги затворија и кафеаните.
    Ако веќе парите ни ги земате, оставете ни ја барем душата.

    4. Американците пресметале дека во Ирак стапката на невработеност е 28 осто. Во Македонија стапката на невработеност е 36 отсто. Дури и во Ирак, стапката на невработеност е помала од Македонија.
    Ама таму мораа да бомбардираат за да ја симнат власта.

    5. Фадил Сулејмани побара на професорите од тетовскиот универзитет да им се исплатат платите и придонесите за претходните 10 години додека беа во илегала.
    Штом Фадил кажува, така и ќе биде. Него го пуштаат да каже, за да бидеме подготвени кога владата тоа ќе го усвои. Кога ќе излезе Сашо Чолаковски да соопшти што одлучила Владата, тоа веќе нема да биде вест.

    6. А за да се симне Доста, Никола Груевски мораше да свика дисциплинска комисија на партијата. Недисциплинираната активистка беше избркана од ВМРО-ДПМНЕ со демократски методи кои таа ги има изградено. На ист начин како што Доста ги бркаше Владо Голубвски, Борис Змејовски, Борис Стојменов, Михаил Пановски, Томе Стевковски. Демократски, како што и прилега на една осведочена демократка амнестирана за прислушување.
    Доста се пожали дека ова го примила како кога децата ќе си ја избркаат мајка си која ги воспитувала. Големата Мама ја нема. Никола и Ганка останаа сирачиња.
    Само Борис не се откажува од Мама. Него Доста добро го воспитала. Тој има примерно поведение. Додека експертите му размислуваат колку да го оддолжува потпишувањето на тетовскиот универзитет, Мама веќе беше кај Џафери.

    7. Спикерот Љупчо Јордановски рече: “една минута пауза зошто ќе пијам вода”.
    Кога спикерот дава пауза во Собранието за да се напие вода, колкава пауза ќе даде кога водата ќе му слезе во бешика.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира