ЦРНА ЛИСТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:68:"Груевскисесетиколкуесаатво10до7

    1. Три пати избираме претседател на држава и три пати не можеме да направиме нормални избори. Зошто? Затоа што мора да излезат 50 отсто плус 1 од избирачите, затоа што имаме над 330 илјади Албанци и 200 илјади иселеници. Тоа значи дека 75-те отсто Македонци треба да излезат масовно за да го надминат прагот. Е, па дозволете и Македонците некогаш да изберат да не гласаат, без да им е страв дека некој во име на Албанците ќе ги полни кутиите.
    Една недела пред нас претседателски избори имаше Словачка, ама тие си добија претседател со излезени 42 отсто од избирачите.
    Кој сака да гласа, нека гласа, кој не сака, негов проблем. Тој што не гласал свесно им го дал своето право да му изберат претседател тие што гласале. Нема лутиш. Ниту некој некого ќе силува да излезе да гласа, ниту некој некого ќе става на црна листа затоа што избрал да не гласа.

    2. Во Македонија половина држава веќе е на црна листа. Во занесот како што повеќе да му се потпикаат на Бранко либералдемократите на Пенов не само што победата му ја прогласија за историска, туку почнаа да прават и црни листи. Портпаролот Жерновски откри дека една од пораките што ги испратил народот до старите излитени политички фигури била со тоа што ги ставил на црната листа. Кој народ, која листа? Колку ли луѓе Жерновски би ги ставил на црн список оти не го сакале ни државникот, ни новото лице? Точно 47,61 отсто од избирачите. Што е ова? Погром!?

    3. Леле, какво силување беше тоа. Владините неорганизации не само што навредија половина народ дека и вртел грб на државата, туку и не будеа уште рано наутро со пораки на мобилните телефони. Министрите на Европската унија резолуција донесоа да ни кажат да гласаме. Дури и Тоше го ставија во машина, прво на митинг на СДСМ, а после и на гласачко место во Крушево. Тоа е истиот Тоше што пред две години за колегите што пееја на политички митинзи велеше дека ќе земеле проколнати пари.
    Посебно место во силувањето имаше и драмската секција на Македонската телевизија. Водителите на отворената програма меѓусебно си се прашуваа дали гласале и си одговараа потврдно со поучна збаелешка дека си го оствриле своето гласачко право. За разлика од тие што не излегле и си го оствариле своето гласачко криво. Потоа, на терен настапуваа новинарите кои како герилци ги напаѓаа луѓето по улиците. За малку ќе настрадаа врз невините рибари фатени во центарот на Скопје. Што барале по риба, кога се знае дека на рибарење се оди од од утро до мрак и немало да имаат време кога да си го остварат гласачкото право. Потоа интервенираа кај продавачките на сендвичи кои се дрзнале да работат баш таа неработна среда. Им наредија веднаш по затворањето на дуќанот да одат на избирачкото место зошто така ќе си го оствареле правото.

    4. И што добивме? 548 илјади го избраа Бранко за претседател. 326 илјади што гласале за Кедев не го признаваат Бранко за претседател, а останатата ситна боранија од скоро пола држава е на црна листа.
    Ние навистина одиме по курсот на Борис. Прво Бранко, како него ги шеташе пазарите. Потоа албанските коалициони партнери ги полнеа кутиите. И на крај опозицијата го прогласи Бранко за таканаречен и самонаречен претседател. Граѓанинот Борис од 1999 година, во 2004 година стана граѓанинот Бранко. А и двајцата Запад ги сака оти ги прогласи за прозападни.

    5. Бранко кога стана претседател ни рече: “Ајде сега да работиме!”. Трет пат за овие 13 години тој не убедува дека се поправил и трет пат не вика да работиме. Трета среќа.
    Пред седиштето на партијата тој им се заблагодари на членовите и симпатизерите и тоа особено на оние што до сега не биле на функции и немале ќар.
    Љупчо Поповски беше на функција. Затоа имал ќар. Бранко му даде последна шанса. Го остави да гласа и да се радува на неговата победа. После го уапси.

    6. Никола Груевски се сети колку е саатот во 10 до 7. Малку пред затворањето на избирачките места излезе и рече дека “ова до сега било невидена кражба”. Мене ми беше срам што го слушав. Туку, си велам, ај можеби тие мислат дека од нив почнува ВМРО-ДПМНЕ. Нив не ги интересира како 1999 година Борис го тепаше Тито. Први избори им се.
    Додека незадоволните членови пред Собрание викаа “Љубчо војвода!”, новото раководство реши да ги збуни со нова тактика. Им го пушти Оровчанец. Зарем толку не можеа да пуштат некој што е од пред три дена во партијата? Овој е од пред два дена.

    7. Пратеникот Ружди Матоши, поранешниот заменик министер за внатрешни работи Рефет Елмази и Рауф Рамадани од ДПА со пиштоли и ножеви кршеа кутии во Тетовско. Образложението за оружјето им било дека биле “членови на супервизорската верификациона комисија на ДПА за спречување на крадачите на гласови”.
    Како што би рекол Кедев – имаме активна и реактивна политика. Во 1999 година ДПА полнеше кутии, сега мораше да ги празни.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира