ЦРНА ОВЦА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:52:"ШтоакојапобедимеАмерика?

    1 Додека странските амбасадорите го молат Бранко Црвенковски да ги врати пратениците на СДСМ во Собранието, а го убедуваат Никола Груевски да почне политички дијалог, еве како се живее во Македонија надвор од политиката.
    Една мала вест од комуналната рубрика на весникот гласеше дека во Скопје е формирана асоцијација на легални таксисти. Може да изгледа смешно, но така е. Неколку таксикомпании му дале име на Здружението “легално”, затоа што се малцинство и зашто сакаат да се одвојат од другите кои се мнозинство. А малцинство се затоа што имаат фискални каси, коли според стандардите за таксипревоз, ги пријавуваат возачите како вработени и им плаќаат плати на трансакциски сметки.
    По истиот урнек во Македонија може да се формираат и други здруженија. На пример, “Здружение на легални пиљарници”, Здружение на легални печатени медиуми”, “Здружение на легални телевизии”,”Здружение на легални салони за масажа”, “Здружение на легални кафеанџии”, “Здружение на легални фабрики за смоки и други грицки”, “Здружение на легални фабрики за сокови”, “Здружение на легални конфекционери”, “Здружение на легални обложувалници”…
    Зошто? Затоа што легалното работење во Македонија е исклучок. Затоа што си црна овца во систем во кој с е сиво. И затоа што кога бараш некој да работи легално, треба да се чувствуваш виновен. Оти му го загрозуваш бизнисот.
    Законот во Македонија важи само за црните овци. Оти тие имаат жиро сметка, имаат некаков имот на фирмата и сметководство… Па дури имаат и седиште на фирмата каде што можеш да ги најдеш за да им пуштиш контрола.
    Се сеќавате како рече министерот за економија Фатмир Бесими летоска кога загинаа тројца стружани на нелегален шанк? Шанкот немал врата, па не можеле да му стават пломба.

    2 Е така живееме ние цели дваесет години. Во сива дупка и во чекање да се симнат вашите за да се качат нашите. А со секое нивно симнување и качување, тонеме с подлабоко во дупката.
    Знаете ли што се 20 години? Некој што се родил во 1991 година сега е пред крај со факултетот, и размислува каде ќе се вработи.
    Ај да направиме споредба каде била Македонија во 1945 година и што направила до 1965 година. И каде била Македонија во 1991 година и што направила до 2011 година.
    Што значело дигање на од војна разурната земја, електрификација, градење хидроцентрали, кредити за станови и куќи, К15 и одмор на море, купување на првите коли, и сето тоа со неписмено население. Што значеле нивните 20 години, со нашиве транзициски 20 години? Не знам. Тогаш не сум бил ни роден, ама ми се чини како интересна тема за размислување.
    Оти во овие дваесет години додека јас се занимавам со новинарство, најмалку десет пати сме ја имале истата ситуација. Некоја партија од опозицијата го напушта Собранието, па странските амбасади ги молат да се вратат, па ги седнуваат лидерите на власта и опозицијата на иста маса и ги тераат да разговараат за иднината на земјата. На нашата земја. Не на нивните.
    Цели две децении ние се занимаваме дали Бранко ќе си замине од власт и како ќе се врати. Оти ако не се врати, ќе пропаднеме. За разлика од тоа дека кога ќе се врати, пак ќе пропаднеме.
    Цели две децении и власта и опозицијата за секој проблем кој го имаат, одат да плачат кај странските амбасадори. И очекуваат амбасадорите да им ја владеат државата.
    А Македонија, демек, е земја кандидат за членство во ЕУ. А да не ни ставеше Грција вето, веќе и во НАТО ќе бевме влезени оти, нели, ги исполнивме сите критериуми.

    3 Кога ги гледам сега странските амбасадори како загрижено шетаат од кај Бранко, кај Никола, и од кај Никола до Бранко, па од кај Али Ахмети, кај Мендух Тачи и Имер Селмани, и обратно, се сетив на еден стар виц кој во Македонија е актуелен во кое било време.
    Ги собрал претседателот Ѓорге Иванов на лидерска средба претседателите на релевантните партии, помалку релевантните партии и на партиите кои имаат концесија за национални телевизии. Расправале како да ја извлечат Македонија од транзицијата. Еден од лидерите предложил: “Да ја нападнеме Америка”. Зошто? “Па затоа што кога ќе ја нападнеме, тие ќе одговорат со пропорционална сила и ќе н окупираат. Па кога ќе н окупираат, ќе мора да ни направат ред”.
    Арно ама, некој од другите лидери кој размислува како типичен Македонец го поставува логичното прашање за да можеме и следните 20 години да се самосожалуваме: “А што ако ги победиме Американците?”

    4 И судиите, наводно, оделе по странските амбасади и се жалеле дека министерот за правда Михајло Маневски им врши притисок како да судат, а неговата жена Филимена, иако е во пензија, им давала насоки по телефон. Ама ниеден судија досега не излезе јавно да се огради ни од послушниците ни од своите корумпирани колеги за да ја одбрани честа на професијата.
    На претседателот на Судскиот совет Васил Грчев, по четири години на функција, дури на заминување му текна да забележи дека некои судии не биле ни за метла да им дадеш.
    И сега таа изјава треба да н утеши? Да имаме разбирање кога одиме на суд да бараме правда дека ќе наидеме на неправда?
    Па после се чудиме како недоветното судство го искомпромитира случајот “Пајажина”. Судот ја измешал процедурата!?
    Е па кога судот ќе ја измеша процедурата, резултатот е спонтан абортус.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира