ЦРТАН ФИЛМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:99:"Непропуштајтејаследнатаепизодаод"ЖолткоиЛутко"

    1. Ги паметите ли оние убави денови, од времето на стариот парламентарен состав, кога најубава забава беше гледањето директен ТВ пренос од собраниските седници? Се сеќавате ли кога последен пат сте се затрчале дома и уште нераско­мо­тени сте го вклучиле телевизорот за да видите што ќе кажат омилените парла­ментарни јунаци?
    Среќа што Сојузот за Македонија се распадна и што премиерот Бранко Црвенковски реши да ја смени владата. На големо задоволство на редовните и нередовните претплатници на МРТВ, Парламентот повторно ни влезе дома. Во средата сите, без разлика каде се наоѓаа, побрзаа да ги вклучат телевизорите, како во старите добри времиња кога ги знаевме имињата на сите пратеници, кога можев­ме дури и да се обложиме кој за што ќе зборува, кога знаевме од кого може да се очекува инцидент и се соживувавме со улогите на позитивните и негативните јунаци од собраниската говорница. Овој пат сме хендикепирани. Овој состав на Собранието беше премногу здодевен, така што освен две-три сјајни ѕвезди други личности не ги познаваме. Има време, ќе ги научиме.
    Стојан Андов го бива за продуцент на некоја сапунска ТВ серија. Знае да одржува тензија, за да не опадне вниманието кај гледачите. Не треба многу и да се претерува. Човекот знае кога треба да прекине. Токму во моментот кога ќе те заинтригира што ќе се случи понатаму. А понатаму – утре!
    На времето имаше еден цртан филм што одеше во серија. Се викаше “Жолтко и Лутко”. Децата ги лажеа да одат в кревет веднаш по цртаниот, со образложение дека кога ќе се разбудат повторно ќе ги гледаат омилените јунаци. Така и Андов ни ги прекинува епизодите, оставајќи нé нестрпливи да видиме што ќе се случи утре. Недостига само спикерскиот глас што одеше на крајот од секој цртан филм, да ни порача: Не пропуштајте ја следната епизода од “Жолтко и Лутко”.

    2. Сигурно и претседателот Киро Глигоров со внимание ги следи доживу­вањата и ѓаволштините на Жолтко и Лутко. Тоа му е паметна работа. Гледајќи телевизија, ќе му стане јасно зошто во последно време страда од икавица. Толку многу му го споменуваат името, сигурно се отепа од икање.
    Има два начина да се стопира икањето. Човекот треба или да го преплашат или да му дадат да се напие вода. Првиот начин кај Глигоров е неприменлив. По она што му се случи минатиот октомври, тешко дека нешто би можело да го преплаши. Значи, им останува единствено да му “пуштат вода”.
    Три дена сите нé убедуваа колку се тие за Киро. И едните и другите. Ако веќе си признаваат дека, ако не им беше тој, тие тешко ќе се добереа до прате­ничките клупи, останува човек да помисли: “добро, што бараат тогаш тие луѓе таму”. Прво ни велеа дека Глигоров им е најголемата инвестиција. Сега видовме дека им бил и најпрофитабилна.

    3. Сите се за Киро. А Киро им го нема. Кога се појавува, се придржува на принципот на еквидистанца. Малку со Жолтко, малку со Лутко. Минатиот петок, на свечената академија на новинарите, Глигоров се појави во друштво со Бранко Црвенковски. Арно ама, другиот ден побрза на Маврово да се слика со Стојан Андов.
    Денес претседателот ќе оди на Шарпланинскиот куп на Попова Шапка. Таму сигурно ќе биде Васил Тупурковски. Од каде пак сега тој во целава приказна? Башка, летоска го критикуваше Глигоров токму за принципот на еквидистанца.

    4. На таа тема најдобро објаснување можат да дадат социјалистите. Тие знаат што е еквидистанца. Постојано на исто растојание. До Белград.
    Благоја Филиповски и Ѕинго се претставници на една многу влијателна и сериозна партија. Затоа и се претставија во државничко светло во Белград. Затоа и ги прими Милошевиќ. Овие од светот се луди кога вршат притисок врз Милоше­виќ да ја признае Македонија. Таа работа ќе ја завршат Благоја Филиповски и Ѕинго.
    Освен тоа, што ќе ни е признавање. Фино рекле во српската стопанска комора, седумдесет години сме биле ист пазар. Додуша, од тие 70, барем двае­сетина години сме имале колонијален статус, ама не е важно – пазарот е ист. И што ќе ни се сега нови пазари? Ќе се секира Ѕинго каде да ја пласира рудата!? Србија е доволно голема за “Силекс” добро да живее. Па ние дури и за време на санкциите сме функционирале како еден пазар. А ваму ги лажевме луѓето, праќаа некакви посматрачи на границата, броеја камиони и магариња. Кога луѓе од власта тоа го велеа, значи така е – на власта треба да ѝ се верува.
    Само што се вратија социјалистите од Белград, мораа да земат учество во седницата на Собранието. Остана нејасно со кого се консултирале пред нивниот настап. Со некого од СДСМ, или со Милошевиќ. Благоја Филиповски доби сила и како претставник на “второто око во главата на Сојузот за Македонија” доби аплауз од пратениците на СДСМ. Печен е да биде функционер. Аплаузи добиваат само функционери.
    Еве, сега Андов ќе си даде оставка. Можеби токму Благоја Филиповски ќе биде идниот претседател на Собранието. Ќе им даде СДСМ да се порадуваат и да се сметаат важни во државата, барем толку колку што заслужува некој што е при­мен од Милошевиќ.
    Противкандидат му е Тито Петковски. Ама на Тито не му аплаудираа. Освен тоа, СДСМ може да го смета неговото име како хендикеп. Ќе речат, овие избраа пак Тито да биде претседател. И таа асоцијација нé враќа во минатото.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира