УБАВА ЦРКВА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:228:"СитениееденмесецсерасправамебожемзаГоспод.Авомеѓувременемакојдаимотворинаинвеститоритештотропаатнаврата

    1 Вчера МПЦ ги биеше камбаните “за да се разбуди свеста на оние што се обидуваат да го оттргнат Бога од децата”. Во има на Бога вчера и ИВЗ делеше баклави на плоштадот Македонија спроти плацот каде што треба да се гради црква, за да го одбележи местото каде што треба да се гради џамија.
    Зошто не биеја камбаните и не пееја оџите кога во име на Бога беа тепани луѓе на плоштадот со клетви: “Марш, некрстени низаедни, пизда ли ви материна”. Или, кога вероучителите од обете вери протестираа пред Уставниот суд колнејќи: “Уаа судии, црна земја да ве изеде”.
    До сега никој не спореше барем за квалитетот на вероучителите. Ама кога ги слушнав како колнат се прашав на каква вера ги учеле децата со клетви.
    Се виде дека не е прашањето ни за вера, ни за веронаука. Туку станува збор за лицемери кои ја киднапирале религијата за да можат зад неа да ја скријат својата нетолеранција, ксенофобија, хомофобија, расизам… Тие со крстот на чело ќе пцујат, ќе колнат и ќе викаат: “Шиптари, педери, наркоманчиња, блудници…”. Па после атеистите им биле антихристи и им го одзеле Бога на децата.

    2 Студентот по право Влатко \орчев, со свои 31 година размислувајќи за правната држава и верата заклучил дека поради тоа што нема веронаука во училиштата “мажите одат во јавни куќи, а жените бркаат швалери”. И поентира со главниот аргумент дека во 40 земји во Европа имало веронаука во школите.
    Барем во 30 од тие земји проституцијата и јавните куќи се легални. Во Германија, на чијшто модел на конзерватизам се пали ВМРО-ДПМНЕ, соочени со кризата проститутките дури даваат и попуст на тие што останале без работа.
    Излегува дека во ова време на тешка светска економска криза, јавните куќи во Германија се помилосрдни и посочувствителни од нашите верски институции. Оти, тие не само што не прават ништо за помош на сиромашните, туку гледаат што повеќе да земат од народот.
    На крајот на денот излегува дека сето ова пизмење се сведува на – пари. Црквите и џамиите не сакаат од своите џебови да платат за вероучителите, па треба сите од нашите џебови да платиме за нив.
    Така поповите и оџите ја злоупотребуваат државата. Исто како што државата ги злоупотребува нив за власт.
    И сите ние еден месец се расправаме божем за Господ. А во меѓувреме нема кој да им отвори на инвеститорите што тропаат на врата.

    3 За да н убедат дека баш државата, а не верниците треба да гради црква на плоштадот, ВМРО-ДПМНЕ ни пушта разгледници на европски градови на чиишто плоштади има цркви.
    Наместо да работат на укинување на визите и подигнување на стандардот за да можеме да отпатуваме во тие градови и самите да процениме дали ни треба баш црква за наши пари, тие ни викаат: “Ние сме биле, ќе ви кажеме, а вие треба да ни верувате”.
    И ни кажуваат дека меѓу другото “се работи за објект кој ќе го разубави централниот плоштад во државата”.
    Колку ќе биде убав. Како куќата на Мајка Тереза?
    Ни велат и дека “секој турист кој ќе го посети Скопје нема да пропушти можност за фотографирање пред оваа црква”.
    А ако случајно пропушти и не се фотографира? Господ ќе го казни.

    4 ВМРО-ДПМНЕ конечно, после речиси три години на власт почна да звучи како победник. За разлика од досега кога Бранко го користеа како оправдание да не прават ништо, сега Бранко им е оправдание да прават што сакаат.
    И дури во тој контекст јасно се гледа колку на Бранко и на левите не им се слуша зборот. А не им се слуша не дека некој им го зел, туку затоа што самите ептен си го потрошија.

    5 Судиите, меѓу кои и сопругата на министерот за правда, не сакаат да одат во пензија. Се закануваат дека ќе тужат за заштита на приватност оти сме им ги објавувале годините.
    Не им ги објавуваме ние годините оти не интересира нивната возраст. Туку, затоа што сакаме да кажеме дека не може законот да важи за сите, а за судиите – не. И затоа што наместо да го штитат, се осмелуваат свесно да го скршат законот. И конечно, затоа што примаат плата од буџетски средства и сакаме да знаеме каде одат нашите пари.
    Затоа, наместо да се закануваат со тужби за нарушување на приватност, нека одат во пензија. Ако веќе не можат да се подмладат.

    6 МВР не поднесува кривични пријави за оние што сите сообраќајни знаци во Кичевско ги налепиле со изборни плакати. Велат дека можат да поднесат пријави, но “нема да има ефект оти ќе паднат на суд”. Се жалат дека “обвинетата страна ќе обвинува дека нивните политички ривали ги фалсификувале нивните плакати и ги ставиле на места кои не се за таа намена “.
    Со ваква полиција, судиите не треба да се плашат за својата иднина.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира